iPhone 5 против LG Optimus G

Објавено на 25.10.2012 во Рецензија



iPhone 5 против LG Optimus G

Очигледно станува веќе досадно iPhone да го споредувааме само со Samsung, Nokia или со HTC, но реално до сега и немаше смартфон од производителите кои се наоѓаат во средина на табелата. Затоа пак LG Otpimus G со цело право го заслужува вниманието како и можноста да се пресмета со можеби најнеприкосновениот смартфон во последните 5 години.



Генерални карактеристики

Педигрето на овие два уреда е сосема различно. iPhone доаѓа од веќе докажана и угледна фамилија, со неверојатни претходници зад себе. LG Optimus G пак не е првиот знаменосец на корејците, но гледано до повеќе аспекти токму овој уред може да биде предизвикувачот што ќе ги детронизира iPhone и Samsung Galaxy S III. Причината за ваквата лесна констатација се согледува од повеќе аспекти, LG конечно има уред кој хардверски е еден чекор пред останатите. iPhone пак е во мала предност кога е во прашање традицијата и очекувањата дека секогаш Apple што и да прави мора да биде најдобро. Па, да навлеземе длабоко во овој дуел, можеби на крајот и ќе го дознаеме победникот.



Дизајн         
   
Тешко е да се направи споредба меѓу iPhone 5 кој не отстапува од препознатливиот дизајн на Apple и Optimus G кој пак од друга страна носи нови ветрови во изгледот на новата генерација на смартфони на LG. Корејците кај Optimus Gтребаше да вложат голем напор за да креираат нешто забележително, додека пак Apple полека почнува да ги чуствува критиките врз своја кожа дека не применил ништо револуцинерно кај смартфонот од шестата генерација на iPhone.



Нема никакви сомнежи дека LG и Apple искористиле најквалитетни материјали за изградба на шасијата, но освен цврстината, многумина ќе се запрашаат како стојат на полето на функционалноста. Според димензиите покомпактибилен е iPhone 5, бидејќи има помал екран, но и воопшто е полесен и потенок. Исто така единственото физичко копче на iPhone 5 е многу пофункционално, отколку трите вградени Android копчиња кај LG Optimus G. Сепак во оваа категорија имате два одлични смартфони без ниту еден поголем недостаток во поглед на функциналноста, затоа предноста за едниот или другиот ќе се решава врз база на личниот вкус на купувачот.

 

Екран

Ова е една од најинтересните пресметки со оглед на тоа што и двете компании тврдат дека ги поседуваат најдобрите екрани во однос на останатите конкуренти. Пред да ги споредиме технолгогиите и пикселите да се осврнеме на големината, за некои таа нема значење, за други пак што поголем екран тоа подобро.  Apple направи вистински исчекор со примената на досега најголемиот екран за нив, односно iPhone со 4 инчен екран, додека пак LG нуди огромна површина од 4.7 инчи.

Viewing angles - The LG Optimus G (left) and the Apple iPhone 5 (right) - LG Optimus G vs Apple iPhone 5 Viewing angles - The LG Optimus G (left) and the Apple iPhone 5 (right) - LG Optimus G vs Apple iPhone 5 

Apple секогаш предничел кога е во прашање високата резолуција и квалитетот на сликата, од тоа не отстапува ниту iPhone 5 кој може да се пофали со Retina дисплејот и високата резолуција од 640 х 1136 пиксели, но поважно од тоа е густина на сликата која е можеби највисока во однос на конкуренцијата и изнесува 326 пиксели на еден инч. Кај Optimus G благодарение на поголемиот екран забележана е повисока резолуција на екранот од 768 х 1280 пиксели, со HD IPS Plus технологијата, но и пониска густина на сликата од 320 пиксели на еден инч.

The LG Optimus G (left) and the Apple iPhone 5 (right) - LG Optimus G vs Apple iPhone 5 The LG Optimus G (left) and the Apple iPhone 5 (right) - LG Optimus G vs Apple iPhone 5

Вака соочени тешко е да се издвои јасен победник бидејќи и двата смартфони прикажуваат одлични бои, јасна слика и одлична видливост при секакви услови, но мора да се признае дека iPhone 5 за нијанса е во предност.

iOS против Android

Кога се прави споредба меѓу овие два оперативни системи секогаш почнете со изборот меѓу брзина и функционалност или пак со прилагодување на софтверот според личниот вкус. Повеќе информации за оперативниот систем на iPhone 5 може да добиете од рецензијата за iOS 6. Тогаш заклучивме дека Apple не донесе ниту една револуционерна промена во iOS6, како што беше случај со претходните верзии, а да не се потсетуваме и на фијаското со мапите. Меѓутоа и со сите проблеми и веќе здосадениот и монотонен изглед на корисничкиот интерфејс на iOS6 нема никакви дилемо дека ова е еден од најдобрите софтвери кога е во прашање на брзината, функционалноста и обемноста на корисничките апликации.

Homescreens - LG Optimus G (AT&T & Sprint) Review Homescreens - LG Optimus G (AT&T & Sprint) Review

Од друга страна пак го имаме шарениот и разигран свет на Android. Google се труди подолго време да обезбеди софтвер кој ќе биде целосно функционален за да може да одговори на забелешките на најголемите ситничари, а со новиот Project Butterкој е дел од верзијата 4.1 Jelly Bean конечно може да се потврди дека задачата е успешно завршена. Одличната ефикасност на Jelly Bean заедно со бескрајните можности за персонализација на корисничкиот интерфејс одлично ќе се вклопат во моќна машина како што е LG Optimus G, но за тоа ќе почекаме за кратко , бидејќи моментално смартфонот работи на Android 4.0.4 Ice Cream Sandwich, заедно со најновата верзија на Optimus UI.

When compared to its rivals, iOS 6 is visually boring looking - Apple iPhone 5 Review When compared to its rivals, iOS 6 is visually boring looking - Apple iPhone 5 Review

И двата оперативни системи имаат свои предности и слабости и во голема мера конелната пресуда ќе зависи од субјективниот суд, но мора да обрнеме внимание на следните факти. Без оглед на одличната функционалност на iOS, мора да се признае дека се потребни нови елементи во софтверот и зголемување на можностите за персонализација. Androidпак напредува со огромни чекори и се повеќе се карактеризира со стабилност и одлични перформанси, затоа мојот заклучок е дека моментално двата уреда во овој сегмент се изедначени, но LG Optimus Gсо OS Android 4.1 Jelly Bean ќе биде полн погодок.
 
The notification panel - When compared to its rivals, iOS 6 is visually boring looking - Apple iPhone 5 Review Homescreens - LG Optimus G (AT&T & Sprint) Review

Хардвер

Конечно доаѓаме во категорија каде може да се направи споредба базирана само врз понудените бројки, но не секогаш мегахерците и гигабајтите реално ја прикажуваат моќта на смартфонот. LG Optimus G има четиријадрен Qualcomm Snapdragon процесор со брзина од 1.5 GHz и 2GB RAM. Вака гледано тоа е речиси двојно повеќе од двојадрениот А6 процесор на iPhone 5 со брзина од 1.3 GHz и само 1 GB RAM. По таа логика LG Optimus Gби требало да биде двојно побрз од iPhone 5, но тестовите за брзина и мултитаскинг баш и не велат така.Речиси на сите тестови за брзината на обработување на различни задачи резултатите се многу изедначени, без видлива предност за било кој смартфон. Причина за ваквиоот сооднос е поголемиот квалитет на хардверските компоненти на Apple, но и поголемиот графички капацитет кој го зафаќа работењето на Android Ice Cream Sandwich, за разлика од поедноставниот iOS 6.




Камера

Последната пресметка се води во делот на камерата каде перформансите се јасно видливи. За почеток и двата смартфони поседуваат високо квалитетни камери. LG Optimus G има камера со сензор од 13 мегапиксели, аутофокус, препознавање на лица и LED блиц. Камерата на iPhone 5ги има истите функции, со таа разлика што нејзината ознака е само 8 мегапикели. Повторно, како и во делот на споредбата на хардверот, iPhone 5 и покрај помалите бројки прикажува поголем квалитет на сликите, а тоа е најзабележливо при сликање на слаба светлина и други ситуациии. Сепак, кога ќе се споредат и двата смартфони во правењето на слики на отворено при дневна светлина резултатите се фантастични со висок степен на детали, репродукција на бои и острина.

The clean looking camera interface - Apple iPhone 5 Review The clean looking camera interface - Apple iPhone 5 Review

Интефејсот на камерата на iPhone 5

The camera interface - LG Optimus G (AT&T & Sprint) Review The camera interface - LG Optimus G (AT&T & Sprint) Review

Интерфејсот на камерата на LG Optimus G
 
Заклучок

Во одредени сегменти iPhone 5 има мала предност во перформансите во однос на LG Optimus G, но тоа може да го забележат само најголемите ситничари на светот. iPhone 5 е одличен смартфон и благодарение на Apple сеуште е неприкосновен кога се во прашање перформансите. Но, ако не сакаме да бидеме слепи и фанатични во одбраната на најголемиот технолошки бренд на светот Apple, мора реално да заклучиме дека iPhone 5 повеќе не е најмоќниот смартфон. LG Optimus G е еден од тие смартфони на кои треба да им се обрне големо внимание, бидејќи како никогаш досега имаме уред кој поседува врвни карактеристики и може да се спротистави на сите конкуренти. 

Автор

Христијан Станоевиќ




Прочитајте повеќе: