HTC Butterfly

Објавено на 10.03.2013 во Рецензија



HTC Butterfly


Предности
+Прекрасен Full HD дисплеј
+Одличен перформанс
+1.5GHz quad-core процесор
 
Негативности
-Висока цена
-Време-траење на батеријата

 
Вовед
HTC Butterfly е првиот 5-инчен уред на тајванската компанија, како и првиот телефон со екран од 1080р. Овој врвен смартфон заедно со Oppo Find 5 и Sony Xperia Z се првите уреди во светот со Full HD дисплеј.
За прв пат телефонот се појави како J Butterfly во Јапонија, a подоцна и во САД како Droid DNA при крајот на 2012 година. Значи, HTC Butterfly е меѓународната верзија на овие модели на смартфони. Покрај различните имиња, кај овие уреди има некои разлики во хардверот, но основниот дизајн не се променил многу.
Butterfly има одлични перформанси, импресивен дисплеј, прекрасен дизајн, 4-јадрен процесор како и главна камера од 8 МР.
 
Дизајн
HTC Butterfly доаѓа со елегантен и софистициран изглед со прекрасен дисплеј од 1080р. Смартфонот има неверојатна густина на пиксел од 440 пиксели на инч, што значи дека е далеку подобра од онаа на iPhone 5 (326 пиксели) и Galaxy S III (306 пиксели).
Иако Butterfly не е со истиот дизајн како своите претходници, сепак производителот успеал да направи одличен дизајн со пластична покривка. На предната страна се наоѓа Gorilla Glass 2 како заштита на екранот од гребнатини и удари. И покрај фактот што телефонот има 5-инчен екран, тој воопшто не е тежок и не изгледа толку голем. HTC Butterfly е доста тенок уред од само 9mm со тежина од 140g, што го прави телефонот лесен за држење во рака.    

На долната страна на екранот се наоѓаат три копчиња и тоа: дома, назад и мени; додека на горната страна се сензорите и предната камера од 2.1 МР.
Butterfly има IPX-5 сертификат што значи дека телефонот е отпорен на вода но само на мал притисок.

 
Дисплеј
Како што спомнавме, екранот од 1080р е една од најимпресивните карактеристики на телефонот. Butterfly има Super LCD 3 дисплеј од 5 инчи во дијагонала со Corning Gorilla Glass 2 како заштитен слој и резолуција од 1920 х 1080 пиксели.

Одличната густина на пиксел од 441 значи дека екранот има високо-квалитетна слика за читање текстови и пребарување на интернет. Сепак, не само добрата боја која ја дава екранот, но и гледањето под агол и осветленоста се далеку подобри од телефоните на пазарот.
 

Софтвер и интерфејс
Butterfly има Android 4.1 Jelly Bean оперативен систем и HTC Sense 4+ интерфејс за користење.
Интерфејсот Sense од секогаш бил визуелно прекрасен. Верзијата 4+ дава прекрасно искуство при работата на телефонот која е потпомогната од Jelly Bean. Sense 4+ изгледа многу слична на својата претходна верзија Sense 4, но сепак дава подобри опции како и бројни подобрувања во камерата. Единствено, најновиот претставник на HTC – One, има подобар интерфејс од овој телефон.

Графичката контрола ‘Аpp & Shortcut’ поддржува 10 различни апликации на екранот, како оние за временската состојба, часовник, музика, фото албум, луѓе, а корисникот може да избере 4 од нив кои ќе ги користи како апликации.
 
Исто така, може да се симнат дополнителни апликации од интернет продавницата Google Play бидејќи телефонот ги поддржува сите најнови апликации.
 
Хардвер
Butterfly има процесор од 1.5 GHz Qualcomm Snapdragon S4 со 4 јадра и 2GB RAM меморија. Како графики, телефонот ги користи Adreno 320 кои што му даваат дополнителна вредност на целиот перформанс на уредот. Поради својата моќност, телефонот истовремено може да работи на повеќе апликации. Исто така, HTC Butterfly е добар и способен за сите видови игри.

Butterfly има 16 GB внатрешна меморија која може да се прошири со microSD картичка до 32 GB. Во однос пак на аудио спецификациите, тие се просечни со добар и квалитетен звук.
 
Камера
Главната камера на HTC Butterfly има 8 МР, додека секундарната има 2.1 МР која е една од подобрите предни камери што овозможува пристојни видео повици и само-фотографирање. Сликите од задната камера се доста квалитетни кои може да достигнат резолуција и до 3264 х 2448 пиксели. Во зависност од временските услови камерата има и блиц. За разлика од претходникот HTC One X+, овој уред има подобрени карактеристики со добар сет на оптики: zero shutter lag, 4fps burst mode, 1080p видео, итн.

Камерата нуди многу различни и импресивни способности за слика. Иако не е како DSLR, сепак нема ни да ве разочара со квалитетот на сликата кој го дава.
 
Батерија
HTC Butterfly има моќна батерија од 2020mAh која може да држи батерија до 15 часа при нормално користење, додека при долго слушање музика до 10 часа. Батеријата на Butterfly не може да се смени.
 
 
Заклучок
HTC Butterfly е еден од врвните телефони со најмодерна технологија за мобилни телефони на пазарот. Уредот е брилијантен микс на хардвер и софтвер заедно со добриот изглед на екран и градба.

Дисплејот е еден од најдобрите кај Android уредите на пазарот со 1080р, како и одличната густина на пиксел. Она што е слаба страна на овој смартфон е неговата цена која се движи околу 850 долари, како и време-траењето на батеријата од еден до два дена.
 




Прочитајте повеќе: