ZTE Grand X IN

Објавено на 17.03.2013 во Рецензија



ZTE Grand X IN

Предности
+Добар екран
+Моќен Intel процесор
 
Негативности
-Скромен дизајн
-Не е најнова Android верзија
 
Вовед
Кинеската компанија ZTE одлично се пробива на пазарот со своите модерни смартфони, а кај пред сѐ е позната по телефоните од средната класа.
ZTE Grand X IN е уред во кој е вграден Intel Atom процесор со брзина од 1.6 GHz. Овие SoC чипови вообичаено се користат кај компјутерите, така што можете да бидете сигурни дека ова е доста моќен телефон.
Дел од другите спецификации се: 1GB RAM меморија, 16 GB внатрешна меморија, главна камера од 8 МР, оперативен систем Android 4.0 со дисплеј од 4.3 инчи.

 
Дизајн
На прв поглед, ZTE Grand X IN е истиот телефон како стандардниот Grand X, бидејќи тие имаат скоро идентични дизајни. На предната страна на Grand X IN доминира QHD екранот на допир кој има 4.3 инчи во дијагонала, како и копчиња сензитивни на допир. Покривката на телефонот на задната страна е гумена.
Физичките димензии на смартфонот се 127mm должина, 65mm ширина, а тенок е 9.9mm. Сепак, во однос на тежината има дури 141g. Ова не е најтенкиот ниту пак најтешкиот телефон, но лесно ќе се вклопи во вашиот џеб.

 
Дисплеј
Екранот од 4.3 инчи нуди резолуција од 540х960 пиксели со густина на пиксел од 256 ppi, што е добро за ваков телефон од средната класа. Дисплејот има TFT технологија, со добри бои и екран кој дава еднаква прегледност под било кој агол.

 
Софтвер
Grand X IN работи на оперативниот систем Android 4.0 Ice Cream Sandwich. Интерфејсот дава добро искуство за работа со Android, со целосен пристап до Google Play store за симнување на било која апликација која се нуди.

 
Хардвер
ZTE Grand X IN е првиот уред во кој е вградено Intel со Atom процесор. Процесорот е со едно јадро со Intel Atom Z2460 чип со брзина од 1.6 GHz и PowerVR SCX540. Grand X IN има 1 GB RAM меморија и 4 GB внатрешна меморија која може да се прошири со microSD картичка до 32 GB.
Овој смартфон е добар како за послаби така и за моќни игри.
 
Камера
Главната камера на Grand X IN е 8 МР со блиц, додека секундарната е само 0.3 МР која овозможува видео повици и само-фотографирање. Видеото има резолуција од 1080р.
Задната камера дава квалитетни слики на дневна светлина, а со послаб квалитет при неосветлени услови.
 
Батерија
Grand X IN има добра батерија од 1650mAh која може да држи околу два дена при нормално користење, додека при долго слушање музика и пребарување до еден ден.
 
Заклучок
ZTE Grand X IN не се разликува многу од Grand X по надворешноста, но главната предност на X IN е чипот Intel Atom кој му дава брз перформанс на телефонот. Ова е доста добар и евтин телефон за она што го нуди.
Grand X IN можете да го најдете и на македонскиот пазар. 




Прочитајте повеќе: