Sony Xperia Z vs BlackBerry Z10

Објавено на 29.04.2013 во Рецензија



Sony Xperia Z vs BlackBerry Z10

Sony Xperia Z веќе добива доста позитивни критики како еден од најизвонредните Android телефони на пазарот денес, кој во оваа рецензија ќе го споредиме со најновиот и најдобар смартфон на BlackBerry - одличниот BlackBerry Z10.
Покрај уникатниот iPhone 5, моќниот Nexus 4 и модерниот Galaxy S III (a наскоро во Вип доаѓа и Galaxy S4), на македонскиот пазар кај нашите оператори можете да ги најдете и двата смартфони кои се најдобри во своите брендови, Xperia Z и BlackBerry Z10.
 


 
Дизајн и градба
Сите модерни смартфони изгледаат скоро исто, па и Z10 и Xperia Z не отскокнуваат од тој тренд. Споредени и двата уреди имаат стилска правоаголна форма кои доаѓаат во вообичаените црна и бела боја, а Xperia Z можете да го најдете и во виолетова боја. Екраните на допир заземаат најголем дел од предната страна на двата телефони. Но разликата е очигледна.
Предната страна на Xperia Z цела е покриена со стакло, а задната страна е како покривката на iPhone, што значи дека претставникот на Sony непрекинато е покриен со стакло и од двете страни. Z10 е првиот смартфон цел со екран на допир на BlackBerry, кој што нема физички копчиња или копчиња за навигација – но за разлика од стаклениот Xperia Z, предната страна на Z10 има метални панели на врвот и дното на својот дисплеј.

BlackBerry Z10 е едноставен и стилски, чии што прави рабови и заоблени агли наликуваат на iPhone 5. Всушност, предната страна изгледа скоро исто како задната страна на iPhone 5 (но сепак со екран наместо алуминиумски панел помеѓу двете тесни рамки), додека задната страна изгледа како пластична верзија на iPhone, каде што се наоѓа голем симбол на BlackBerry.  

Z10 и Xperia Z немаат физички ниту пак сензитивни копчиња, но затоа навигацијата се одвива преку движења по екранот на допир. Кај Z10 на врвот има копче за вклучување, а кај Xperia Z истото се наоѓа од страна. И кај двата телефони, копчињата за волумен и исклучување на звукот се од десната страна.


Z10 е со димензии 66х130mm и е доста тенок со 9.2mm. Доста добар и лесен од 135g и се вклопува во рака. Xperia Z е значително поголем, но и потенок.
И покрај фактот дека Xperia Z има поголем екран, сепак тоа не се чувствува многу. Телефонот е многу тенок и лесен во однос на големината и тоа само 7.9mm и 145g. Згора на тоа, Xperia Z е отпорен на вода и прашина, што е сепак голема предност во случај уредот да дојде во допир со вода.


Генерално, Xperia Z е телефон со премиум и посакувано чувство, додека пак Z10 е за нијанса ‘послаб’ поради пластичната задна покривка која се вади.
 
Дисплеј
Пет инчниот дисплеј на Xperia Z кој има Full HD резолуција од 1920х1080 пиксели едноставно се издвојува од останатите модерни телефони, и овде Z10 не може да му конкурира. Екранот на Xperia Z е еден од најдобрите дисплеи на смартфоните досега со TFT LCD, но тоа не значи дека Z10 има лош екран или слаб квалитет со својот LCD дисплеј.



Во споредба со Xperia Z, дисплејот на Z10 е помал со 4.2 инчи во дијагонала, но сепак големината на Z10 е доволно голема за пребарување, користење апликации и гледање видео. Екранот има резолуција од 768х1280 пиксели кои се највисоката дадена резолуција од телефоните на BlackBerry, и со густина на пиксел од 355ppi BlackBerry Z10 ги победува екраните на Nokia Lumia 920, iPhone 5, HTC Windows Phone 8X, Sony Xperia S, но не и Xperia Z. Рекордот со највисока резолуција поставена кај телефон го има најдобриот смартфон на Sony – Xperia Z со густина на пиксел од 441ppi. Телефонот има одлични бои на екранот и е всушност мал TV кој можете да го држите во рака и да уживате додека гледате филм.  


 
Хардвер и перформанс
Xperia Z има моќни спецификации во хардверот. Процесорот со брзина од 1.5GHz со 4 јадра на Qualcomm Snapdragon S4 Pro и RAM меморија од 2GB покажа одлични резултати во тестовите за репер. Исто така, Z има силни графики со импресивна брзина од 30fps со графички процесор на Adreno 320.
За разлика пак, Z10 има процесор со 2 јадра со брзина од 1.5GHz и RAM меморија од 2GB. Сепак, повеќе јадра во процесорот значи и подобар мултитаскинг и побрза реакција.

Софтвер
Двата врвни модели на Sony и BlackBerry работат на различни оперативни системи. Sony Xperia Z работи на оперативниот систем Android 4.1 кој може да се надгради на Jelly Bean 4.2. За разлика пак, смартфонот BlackBerry Z10 работи на сопствениот ОС BlackBerry 10, кој оваа година беше тотално сменет со многу иновации и нови апликации. Сепак, платформата на BlackBerry 10 сега за сега нуди 'само' 70.000 апликации, за разлика од онаа на Android од 850.000 достапни апликации за симнување.  



Камера
И двата смартфона имаат добри камери со најнова технологија на сензори и различни ефекти. Предните камери имаат 2МР, прават видео со иста резолуција од 1080р @ 30fps, но се разликуваат во главните камери. Задната камера на Z10 има 8MP, додека пак Xperia Z има една од најдобрите камери на телефоните со 13МР кои се во продажба во моментов. 



Сензорите на Sony се далеку попознати по својот квалитет и одлична слика, а во својот претставник го користат најновиот сензор Exmor RS, Исто така, вклучени се и панорамски сликање, детектирање на лице, LED блиц и светло за видео, како и дигитална стабилизација. 



Батерија
Моќноста на батеријата на претставникот на јапонскиот предводник Sony е поголема од онаа на канадскиот уред. Xpera Z има одлична батерија од 2330mAh за разлика од батеријата на BlackBerry Z10 од 1800mAh која воопшто не е слаба, но трае помалку при полнење на телефонот.


Заклучок
Двата смартфони кои ги споредивме се едни од најдобрите и доста барани на пазарот, но и продавани кај трите македонски оператори. Врвната технологија и брзиот перформанс ги издвојува од останатите уреди. Добриот екран со одлична резолуција и брзиот процесор денес се доста барани перформанси од страна на корисниците.
Sony Xperia Z има нешто подобри и побрзи перформанси благодарение на моќниот 4-јадрен процесор, голем и прегледен екран од 5 инчи, подобра камера од 13МР но и најдобра резолуција на екранот.
За фановите пак на BlackBerry, Z10 можеби е најдобриот избор со неверојатен софтвер и сепак доста брз процесор. 

Погледнете ги споредените перформанси на Sony Xperia Z и BlackBerry Z10 на страната на telefoni.com.mk овде. Кој е подобар според вас?




Прочитајте повеќе: