HTC One mini - Мало чудо

Објавено на 05.08.2013 во Рецензија



HTC One mini - Мало чудо

Веќе стана вообичаена пракса големите компании да прават мини верзии на својот најдобар смартфон во годината кој ќе има ист изглед и исто име, но со нешто послаби компоненти и секако помали димензии. На овој начин на пазарот се отвори еден сосема нов фронт на кој се натпреваруваат повеќе смартфони на Samsung, HTC, Sony, LG и останатите. HTC One mini е скратената верзија на поголемиот и многу поквалитетен смартфон кој годинава го освои второто место, а според одредени анализи е за нијанса и подобар од шампионот Samsung Galaxy S4 кој исто така има мини верзија. Во продолжение ќе направиме анализа на HTC One mini и ќе откриеме дали овој смартфон го заслужува истото внимание како и неговиот поголем брат.
 


Прекрасен изглед и цврста градба

HTC One mini има идентичен изглед како и целосната верзија на HTC One што најмногу се должи на инжинерскиот потфат на HTC наречен Unibody изработен од квалитетен алуминиум. Добро е што кориснците ќе го добијат истото ниво на квалитет и со ваков смартфон не треба да се грижите за гребаници или оштетувања. Втората предност на HTC One mini е компактноста на дизајнот и секако помалите димензии што навистина ќе им се допадне на љубителите на помали смартфони кои лесно се држат во рака и удобно се сместуваат во џебот.


 
HTC One mini се оценува и како многу попрактичен смартфон дури и од целосната верзија, а за тоа допринесуваат димензиите кои изнесуваат 9.25 милиметри во дебелина, 132 во висина и 63 во должина, додека смартфонот тежи само 122 грама. На предната горна страна се наоѓа SteroBoom звучникот кој е еден од најквалитетните и затоа се добива впечаток дека смартфонот е многу долг. Мал недостаток е тоа што копчето за вклучување/заклучување се наоѓа на врвот и е потешко за притискање. Од страните пак се наоѓаат стандардните копчиња и портови за microSIM картичката и полначот/USB кабелот.

The brushed metal back of the HTC One Mini is tapered and fits well in the hand, albeit a bit slippery to hold - HTC One mini Review The brushed metal back of the HTC One Mini is tapered and fits well in the hand, albeit a bit slippery to hold - HTC One mini Review

Високо квалитетен екран
 
HTC One mini има Super-LCD3 екран со големина од 4.3 инчи и најнова технологија која произведува многу квалитетна слика. Неговата HD резолуција изнесува 720x1280 пиксели со густина на сликата од 341ppi со што се поставува нов рекорд кај смартфоните од средната класа. Во споредба со неговиот поголем брат екранот не заостанува премногу и обезбедува одличен приказ на боите, контрастот и силно изразена светлина со која нема да имате проблеми на отворено, бидејќи рефлекцијата е сведена на минимум.


Функционален хардвер
 
Голема реткост е да најдете смартфон од средната класа со најновите хардверски компоненти, а HTC One mini е опремен со доволна компјутерска моќ за солидно извршување на сите операции. Употребен е дво-јадрен процесор со брзина од 1.4 GHZ, но неговата предност е што е од сосема новата серија на Qualcomm Snapdragonn 400, надополнет со 1 GB RAM и 16 GB вградена меморија. За конекција се овозможени LTE и 42.2 Mbits HSPA+ мобилни мрежи, како и стандардните поврзувања со Wi-Fi, GPS, Bluetooth DLNA и FM Radio. HTC повторно го има употребено сопствениот интернет прелистувач кој има подршка за Flash содржини за разлика од Google Chrome и е многу брз, па така нема да имате проблеми со отворање на страни, нивно зумирање, читање на текстови или гледање на видеа.


Најнов софтвер
 
Голема предност на овој смартфон е што доаѓа заедно со најновиот кориснички интерфејс Sense 5.0 кој беше промовиран заедно со HTC One. Во него се вклучени повеќе промени и во делот на изгледот и во делот на функционалноста. Најмногу се истакнува новиот центар за известувања BlinkFeed во кој се вклучени сите информации од социјалните мрежи кои ги користиме, е-меил сервисите и стандардните нотификации за пропуштени позиви и примени пораки. Втората софтверска алатка е Zoe која се користи за камерата и со неа може да правите колаж од слики, како и кратки видеа со спој на повеќе слики. HTC One mini работи на оперативниот систем Android 4.2.2 Jelly Bean, што значи пристап до апликациите во Play Store, како и користење на многу сервиси и алатки од Google.
 

Ултрапикселна камера

Камерата ја истата ултрапиксел технологија како и кај HTC One со што се добиваат слика од 4 мегапиксели, но всушност квалитетот е многу поизразен благодарение на големото количество на апсорбција на светлина каде е и клучот за испешни слики. Единствена разлика е што HTC One mini нема оптичка стабилизација на сликата што доведува до заматување и дефокусирање по одредено време. На камерата се овозможени повеќе начини на сликање со HDR, Panorama, Night и уште многу други. Снимањето на видеа е одлично и произведува квалитет од 1080 пиксели со 30 фрејма во секунда, а секвенцата може да се зголеми и на 60 фрејма или пак намалување на брзината со добивање на т.н ефект на забавено движење.


Заклучок
 
HTC One mini сосема заслужено го добива епитетот најквалитетниот смартфон во средната класа кој во многу категории се истакнува за сметка на своите најблиски конкуренти од Samsung, LG, Sony и Nokia. Овој смартфон е навистина мини верзија на одличниот HTC One, а не само уред кој го носи истото име и го има истиот изглед во смалени димензии. Како најголеми предности се издвојуваат одличниот екран кој иако нема Full HD резолуција е еден од најдобрите на пазарот, па дури и подобар од далеку поскапиот iPhone 5. Понатаму квалитетот на градбата е воошто неоспорен поради употребата на алуминиум, но и целосната форма која е уникатно инжинерско решение. Третата предност е новиот начин на регистрирање на камерата кој воошто не заостанува зад врните смартфони, иако дел од критичарите негодуваат за терминот „Ultrapixel“, кој не значи и поголем квалитет. 


Автор
 
Христијан Станоевиќ




Прочитајте повеќе: