Google Nexus 7 - Таблет на годината

Објавено на 11.08.2013 во Рецензија



Google Nexus 7 - Таблет на годината

Во 2012-та за прв пат имавме можност да користиме таблет направен од Google како дел од серијата Nexus и речиси сите беа воодушевени од неговиот квалитет, како и од многу ниската цена. До тогаш евтините Android таблети беа дело на многу непознати компании кои немаа голем успех на пазарот но, Nexus 7 целосно ја промени играта во корист на Google. Неговиот наследник беше промовиран неодамна заедно со новата верзија на Android 4.3 која традиционално доаѓа заедно со нов Nexus уред и првичните оценки се навистина високи. Затоа да направиме кратка анализа во која ќе согледаме дали ова е достоен наследник на Nexus 7 од 2012-та.


Дизајн
 
Како и за првиот таблет така и за овој Google соработува со компанијата Asus. Првичниот дизајн беше одличен, со минималистички концепт, оригинален изглед и минимални димензии. Истиот рецепт и применет и кај Nexus 7 II кој зачудувачки е многу потенок и полесен, што значи дека првата цел е постигната, па така овој таблет е уште поудобен за држење во рака и управување. Nexus 7 II има поостри агли и порамен изглед од неговиот претходник, но стилски речиси ништо не е променето.

The Google Nexus 7 has a minimalist design - Google Nexus 7 Review (2013) The sides of the Google Nexus 7 - Google Nexus 7 Review (2013)
 
Во однос на функционалноста на дизајнот треба да се истакне дека на предната страна нема никакви физички копчиња кои се интегрирани во системот, туку само LED сијаличка под екранот за приказ на известувањата, како и предна камера од 1.2 мегапиксела позиционирана во горниот десен агол. Од страните на таблетот се наоѓа главното копче за вклучување и регулаторот на звук, на дното е влезот за полначот и USB, додека на врвот е влезот за слушалките. Таблетот има и два звучника на врвот и на дното, како и главна камера на задната страна од 5 мегапиксели која нема да ја користите премногу често, но истата прави квалитетни слики на отворено. 

The Google Nexus 7 has a minimalist design - Google Nexus 7 Review (2013) Google Nexus 7 Review (2013)

Екран
 
Голем напредок има и во делот на екранот, па така ако Nexus 7 имаше минимална резолуција за HD стандардот, неговиот наследник оди неколку чекори нанапред со фантастичниот IPS LCD дисплеј со резолуција од 1920 x 1200 пиксели и високо ниво на густина на пикселација од 323 ppi. Вакавата графика ретко се гледа кај еден таблет кој има одлична слика со голем степен на деталност, квалитетни бои и контраст, а нема да имате никакви проблеми со видливоста под директна сончева светлина отворено, бидејќи рефлексијата на екранот е минимална.


Софтвер
 
Nexus 7 II е првиот уред воопшто кој работи на најновиот оперативен систем Android 4.3 Jelly Bean, каде за таблетот е искористен т.н „Ванила“ интерфејс. Треба да се напомене дека оваа верзија на Android е само мала надградба на претходната и нема поголеми промени во дизајнот и визуелните ефекти, како и поголеми промени во системот. Од тоа што се издвојува како ново е Restricted Profiles, опција со која може да го ограничите пристапот до одредени содржини за останатите корисници на таблетот. Следна е Bluetooth Smart Ready опцијата со која се подобрува искористеноста на батеријата на различни електронски додатоци кои се поврзуваат со таблетот. 

 
Wireless Display е одлична алатка за приказ на видеата од таблетот на голем екран, но ова функционира само со одреден вид на телевизори од поновата генерација. На тие што често играат игри на својот таблет најдобредојдена ќе им биде новата Accelerated 3D Graphics опција која со себе носи огромно подобрување на графиката бидејќи го подржува Open GL ES 3.0 драјверот. Virtual Surround Sound е уште една опција во делот на забавта бидејќи донесува многу поквалитетен звук иако таблетот е опремен со само два звучника со добивање на препознатлив 5.1 сараунд звук. 

The Google Nexus 7 is running a vanilla Android 4.3 Jelly Bean experience - Google Nexus 7 Review (2013) The Google Nexus 7 is running a vanilla Android 4.3 Jelly Bean experience - Google Nexus 7 Review (2013) 

The Google Nexus 7 is running a vanilla Android 4.3 Jelly Bean experience - Google Nexus 7 Review (2013) The Google Nexus 7 is running a vanilla Android 4.3 Jelly Bean experience - Google Nexus 7 Review (2013)

Хардвер
 
Nexus 7 II не го поседува најновиот хардвер, но никогаш Nexus серијата не била наменета за рушење на рекорди со компонентите. Сепак тоа не значи дека харверот на Nexus 7 II е неквалитетен, напротив тој е сочинет од четири-јадрениот процесор Qualcomm Snapdragon S4 Pro со брзина од 1.5GHz и истиот е напредна верзија со поефикасна технологија на јадрата и искоритеноста на моќта и штедењето на енергија. Таблетот има и 2GB RAM за непречен мултитаскинг и Adreno 320 GPU за врвна графика. 

The Google Nexus 7 is running a vanilla Android 4.3 Jelly Bean experience - Google Nexus 7 Review (2013) The Google Nexus 7 is running a vanilla Android 4.3 Jelly Bean experience - Google Nexus 7 Review (2013)
 
За разлика од минатата година Nexus 7 II има почетна верзија со 16GB и нешто поскапа од 32GB вградена меморија која не може да се надополни со мемориска картичка. Вториот мал недостаток е што всушност овој таблет има батерија со послаб капацитет од 3950 mAh за разлика од неговиот претходник кој имаше батерија од 4325 mAh, но тоа се оправдуа со подобрата оптимизација на хардверот и софтверот. За поврзување првата верзија има само Wi-Fi, додека во изработка е и верзија со 4G LTE мобилна мрежа која ќе биде и поскапа за 100 долари. Од останатите поврзувања стандардно се вклучени aGPs, Bluetooth 4.0 и NFC.

 
Заклучок
 
Nexus 7 II го заслужува епитетот најдобриот Android таблет за 2013-та година поради неколку клучни карактеристики. Како прво се работи за уред на Google кој прв ќе ги добива сите најнови верзии на Android и надградби, второ има високо квалитетен екран, одличен хардвер кој не заостанува во ниту еден сегмент, а најважно од се е неговата многу ниска цена. За тие пари може да купите само некој таблет од анонимен производител со послаб квалитет, додека пак таблетите од високата класа на останатите конкуренти како Samsung, Sony се многу поскапи и се над 350 долари. Nexus 7 II е еден од најпрактичните таблети, уред кој нема да ве изневери во ниту еден дел и неговата цена е само 220 долари за основната верзија.


 
Автор
 
Христијан Станоевиќ




Прочитајте повеќе: