Пристигна Huawei Ascend P6 - Најтенкиот смартфон во Македонија

Објавено на 26.09.2013 во Рецензија



Пристигна Huawei Ascend P6 - Најтенкиот смартфон во Македонија

Huawei Ascend P6 новиот смартфон од кинескиот производител Huawei, по официјалното претставување во повеќе европски градови, за многу кратко време отсега е достапен и на македонскиот пазар, благодарение на Т-Мобиле. Huawei Ascend P6 има елегантен и модерен дизајн, а дебелината на телото од само 6.18 мм го еден од прави најтенкиот смартфон на светот.

Дизајн и екран

Новиот Ascend P6 е најимпресивниот телефон досега изработен од Huawei, во поглед на дизајнот, користените материјали и квалитетот. Huawei Ascend P6 е супер тенок со неверојатни 6.18 милиметри, а за неговата прецизна изработка се користени високо-квалитетни материјали стакло и метал со карактеристични остри рабови.

Предниот дел е речиси целиот од стакло, а екранот благодарение на "MagicTouch" опцијата е супер осетлив и може да го користите и со ракавици. Смартфонот тежи само 120 грама и удобно се сместува во џебот и лесно се управува со една рака. Неговиот IPS LCD екран е со големина од 4.7 инчи со HD резолуција од 1.280 х 720 пиксели. Технологијата in-cell touch овозможува поголем продор на светлина со што се истакнуваат боите и контрастот, а се добива остра и детална слика.

Софтвер и кориснички интерфејс

Ascend P6 работи на оперативниот систем Android 4.2.2 Jelly Bean, додека пак Huawei го има применeто својот најнов кориснички интерфејс Emotion UI. Инспириран од луѓето,  Huawei собра податоци од над 5 милиони корисници ширум светот кои помогнаа да се оптимизира последната верзија на Emotion UI. Тој вклучува низа подобрувања на Uni-Home, вклучувајќи зголемена безбедност, Huawei Me Widget, MagicTouch и SmartReading.

Новина во Huawei Emotion UI е тоа што сега нуди панорамско фотографирање и можност за препознавање лица на фотографиите.Со неговите мулти AirSharing можности, можете да се поврзете со голем број на уреди, и на тој начин да ја зголемите вашата продуктивност на работа, лесно да споделувате документи од уред на уред или да го подобрите гејмерско искуство со минимално задоцнување.

Хардвер

Huawei Ascend P6 има солиден хардвер, составен од сопствено развиениот Hi-Silicon K3V2E четири-јадрен процесор со брзина од 1.5 GHz, 2 GB RAM и 8 GB интерна меморија со можност за надополнување преку microSD мемориска картичка до 32 GB. Напредните опции Automated Discontinuous Reception (ADRX) и Quick Power Control (QPC) со батеријата од 2000 mAh овозможуваат оптимизација и зачувување на енергијата и ги подобруваат перформансите за повеќе од 30%, во споредба со батериите на паметните телефони со иста големина.

Смартфонот го користи сопствениот интернет прелистувач на Huawei кој подржува и Adobe Flash содржини за разлика од Google Chrome и може да се каже дека брзо ги отвара страниците и лесно се фокусира сликата при зумирање на текст. За конекција е достапна HSPA мобилната мрежа со брзина од 21.1 Mbits, како и стандардните поврзувања преку Wi-Fi, Bluetooth 3.0 и A-GPS.

Камера

Особено се истакнува предната камера од 5 мегапиксели што овозможува исклучително висок квалитет на авто портретите и видео повиците, што е голема реткост кај врвните смартфони кои обично не посветуваат големо внимание на предната камера. Главната камера пак, од 8 мегапиксели има автофокус и снима видеа во FULL HD резолуција, a нуди и можност за макро-фотографирање (фотографирање од блиску) што значи дека може да се овековечи секој предмет без разлика на неговата големина.

Новата IMAGESmart камера апликација има голем број на додатоци со кои лесно ќе може да ја прилагодувате сцената на фотографирање со помош на автоматските прилагодувања на контрастот и бојата, можноста за автоматска детекција на околните услови и фотографирање согласно окружувањето, можноста за авто-фокус на објекти (object tracing focus) и уште многу други опции.

Благодарение на новата генерација на фотографски софтвер со вградена “поддршка за моментална убавина на лицето”, oдносно можност за моментално пеглање на брчките и изедначување на нијансите на лицето, сега имате можност да направите совршени автопортрети со само едно кликање на копчето за сликање.

Добитник на престижни награди

Неодамна, Huawei Ascend P6 ја доби престижната награда - најдобар мобилен телефон во категоријата „паметен телефон за корисници“ од страна на Европската асоцијација за слика и звук. Според зборовите на EISA судиите, Huawei Ascend P6 е изненадувачки добро опремен паметен телефон, по многу атрактивна цена. Судиското жири за награди на асоцијацијата EISA го сочинуваат уредници на 50 магазини за електронски уреди од 19 европски земји.

Huawei Ascend P6 достапен во три бои: бела, црна и розева

Huawei Ascend P6 ќе биде достапен во Македонија исклучиво во продавниците на Т-Мобиле, на почетокот на месец октомври 2013 година во црна, бела и розева боја со футроли во соодветни бои. Сите заинтересирани корисници за овој телефон, ќе можат да ја искористат можноста да го купат истиот со попуст од 10 %, доколку се регистрираат на www.t-mobile.com.mk или пак да подигнат ваучер во некоја од најблиските Телеком продавници во периодот од 26.09.13 – 09.10.13. Искористувањето на попустот е во период од пристигнувањето 01.10.2013 до 31.10.2013.

Автор

Христијан Станоевиќ

Автор: Aleksandar Stankov