Asus PadFone Infinity – телефон кој лесно се претвора во таблет

Објавено на 29.09.2013 во Рецензија



Asus PadFone Infinity – телефон кој лесно се претвора во таблет

Кога Asus PadFone се појави прв пат на пазарот, претставуваше едно големо изненадување од страна на производителот. Тоа беше уред кој лесно можеше да се трансформира од телефон во таблет, со што го привлече вниманието на обожавателите на технологијата. Но сепак беше критикуван дека не направи некое големо влијание во мобилната технологија. На сето тоа Asus возврати со многу помоќниот уред PadFone 2. Сега овој модел, можеби изненадувачки, но сепак си дови трето продолжение наречено PadFone Infinity.

 

Дизајн

Asus одлучи да направи PadFone Infinity да биде двојно елоксиран со легура од алуминиум, откажувајќи се од кружните детали на PadFone 2, кои му даваат понежен изглед. PadFone Infinity исто така е малку подолг модел за разлика од неговите претходници, што значи дека корисниците кои не сакаат поголеми телефони можеби на прв поглед ќе бидат скептични.

Од десната страна му се наоѓа копчето за вклучување/исклучување на уредот, компчето за звук како и звучникот, што значи дека имате помалку шанси да го пригушите звукот кога го држите во рака или кога стои на маса. На долната страна се наоѓа micro-USB приклучок, додека од левата страна се наоѓа слотот за сим картичка, кој користи nano-SIM технологија за прв пат во некој Android уред.

Придружната PadFone станица, на која се приклучува телефонот нема направено некои големи промени, туку само има додадено full HD екран наоколу. Со големина од околу 10.1 инчи и тежина од 670 грама заедно со држачот за телефон, иако е голем, сепак тоа се должи на поголемата батерија, која е потребна за подобрениот екран.

 

Спецификации и перформанси

 

Предводен од четири јадрениот Qualcomm Snapdragon 600 процесор со брзина на работење од 1,7 гига херци, заедно со Adreno 320 графичка процесорска единица, можете многу лесно да го искористите за играње на било која игра од Play Store-от без било какви пропусти. Додека 4G LTE ви обезбедува брзо пребарување и видео стриминг, големиот 5-инчен Full HD екран, за кој ќе стане збор во следниот параграф, ќе ви даде чиста слика.

 

Екран

Екранот на PadFone Infinity е видливо подобре за разлика од претходниот PadFone 2, постигнувајќи поостри бои и кристално чисти слики. Тој е 5-инчен Full HD екран, кој што ја користи технологијата Super IPS и поседува резолуција од 1920 х 1080 пиксели. Постои еден Outdoor мод, кој ја зголемува светлината до максимум на сметка на батеријата. Како и да е, HD содржините изгледаат совршено на новиот модел на Asus, PadFone Infinity без разлика дали е спуштен или не.

 

Камера

Камерата на PadFone Infinity исто како и на претходните модели е со резолуција од 13 мегапиксели. Како и досега, постои пристоен број на опции и измени достапни за време на сликањето, додека квалитетот на сликите не разочарува. Вреди да се напомене дека PadFone Infinity има опција во која треба ад изберете дали сакате да слика со дифолтна резолуција од 5 мегапиксели, со која сликата го зафаќа целиот екран или сакате да сликате со 13 мегапиксели каде подоцна ќе треба да биде исечена за да се гледа на целиот екран.

Моќната 13 мегапикселна камера со f/2.0 фокусен сооднос и леќа составена од 5 елементи ви овозможува да сликате слики со висок квалитет и слабо светло во затворен простор. Брзината на блендата е доста голема со 8 фрејмови во секунда, што е споредливо дури и со дигитални апарати. Исто така имате можност да снимате високо квалитетно видео со MPEG4 формат.

 

Батерија

Телефонот користи Li-Polymer батерија од 2400 мега ампер часови. Може да издржи подолго време користејќи го телефонот и тоа до 19 часови разговор, додека во мирување може да издржи и до 410 часови, односно околу 17 дена.

 

Заклучок

Сеуште не се знае зошто Asus ќе го издеде новиот модел PadFone Infinity толку рано, но сепак тој е едно огромно подобрување од неговиот претходник PadFone 2. Во однос на перформансите на телефонот, PadFone Infinity може да се пери со останатите конкуренти, но тој има многу подобар дизајн. Перформансите на камерата се одлични и секако заедно со станицата го прават телефонот уникатен од другите на пазарот. Можете да уживате во видеата прикажани на него, сликите и одредени артикли за читање прикажани на големиот екран на станицата. Предноста е тоа што не мора да работите на два посебни уреди како што се телефон и таблет, туку едноставно можете пристапите до податоците на телефонот и да ги прикажете на големиот екран на станицата.

 

 

Ѓорѓи Грговски