Samsung Galaxy Tab 3 – џиновски паметен телефон, маскиран во таблет

Објавено на 28.09.2013 во Рецензија



Samsung Galaxy Tab 3 – џиновски паметен телефон, маскиран во таблет

Galaxy серијата на Samsung се повеќе и повеќе го проширува својот асортиман и сеуште не покажува никакви знаци на запирање. Се чини дека секој следен месец излегува нов Galaxy брендиран уред за кој треба да се зборува, па така и овој месец не е нешто поразличен. Во оваа рецензија ќе стане збор за 8-инчниот модел на Samsung Galaxy Tab 3, Android таблет за кој Samsung смета дека ќе биде одличен избор за оние кои се мислат помеѓу 7-инчен и 10-инчен таблет.

 

Дизајн

На прв поглед, Galaxy Tab 3 навистина изгледа како претенциозен модел на Galaxy S4. Оваа издание на Samsung ги има истите карактеристики како и претходните, конкретно се мисли на надворешноста направена од пластика, и изгледа како веќе видено во Samsung. За разлика од претходните генерации Galaxy Tab 3 е полесен и прилично понежен модел, со кој ќе бидете доста претпазливи да не ви падне од вашите раце.

Околу рабовите ви се наоѓаат приклучокот за слушалки, копчето за вклучување/исклучување, копчето за звук, инфра-црвен емулатор, microUSB порта и слотови за microSIM и microSD мемориска картичка. На долниот дел од уредот се наоѓа единственото Home копче, на кое од двете страни се наоѓаат копчето за назад и копчето за мени. Има уште многу малку работи на кои можеме да му се восхитуваме на Galaxy Tab 3 гледано од дизајнерска гледна точка, меѓутоа да видиме што се наоѓа во неговата внатрешност.

 

Спецификации и перформанси

 

Samsung Galaxy Tab 3 е напојуван од двојадрен процесор кој работи со фрекфенција од 1.5 гигахерци и графички процесор Mali-400MP. Поседува Exynos 4212 чипсет од производството на Samsung, како и рам меморија од 1 гигабајт, заедно со 8 гигабајти внатрешна меморија, од кои 5.5 гигабајти се достапни за корисникот и може да поддржи microSD картичка до 64 гигабајти.

Со оглед на тоа дека Samsung има многу повеќе од доволен број на таблети и фаблети под својот бренд, сепак е зачудувачки тоа што го изнесоа новиот модел Galaxy Tab 3, кога веќе го имаат на пазарот импресивниот Galaxy Note 8.0. Galaxy Tab 3 не е ниту приближно брз како Note 8.0, што е лесно да се примети со работење на едноставни задачи на уредот.

 

Екран

Екранот на Samsung Galaxy Tab 3 поседува TFT LCD панел со резолуција од 1280 х 800 пиксели. Прилично е многу добар и осветлен екран, со прикажување на остри бои и удобен агол на гледање. Тој е сепак високо рефлективен екран, така да бидете подготвени да го заштитите вашиот екран доколку сакате да го користите Galaxy Tab 3 надвор.

 

Камера

Камерата на Galaxy Tab 3 што се наоѓа на задната страна од уредот е со резолуција од 5 мегапиксели, кое што има дифолтна резолуција од 3.6 мегапиксели. Но доколку сте вие тие што сакаат да се сликаат со своите таблети, тогаш Galaxy Tab 3 е одличен избор за вас. Но сепак ќе мора да обезбедите доволно светлина околу вас ако сакате да добиете убави слики. Видео снимањето е пристојно, иако не е толко бистро како што повеќето очекуваа.

 

Заклучок

Samsung Galaxy Tab 3 е необичен уред едноставно затоа што постојат многу подобри 8-инчни таблети на пазарот, кои не се произведени само од страна на гигантот Samsung. Како на пример новите модели на Nexus 7 и iPad Mini се два големи ривали, заедно со Note 8.0 моделот на Samsung. Додека Galaxy Tab 3 е прилично пристоен Android таблет, на кој слабите перформанси и фрустрирачките сензитивни копчиња можат да ги прекријат останатите подобри опции.

 

 

Ѓорѓи Грговски