Lenovo P780 – телефон со моќна 4000 mAh батерија која може да полни и други телефони

Објавено на 30.09.2013 во Рецензија



Lenovo P780 – телефон со моќна 4000 mAh батерија која може да полни и други телефони

Компанијата Lenovo иако не многу гласно, сепак успеа цврсто да ја пробие својата линија на Android паметни телефони. Во оваа рецензија ќе стане збор за моделот P780 на Lenovo, телефон за кој се вели дека покрај неговиот обичен изглед, сепак има одреден број на трикови кои ќе ви бидат потребни при стартувањето на уредот.

 

Дизајн

Р серијата на Lenovo се смета за професионална серија, затоа што сите модели имаат одлични и долготрајни батерии. На прв поглед, P780 изгледа сосема обичени според големината е за малку поголем од HTC One. Телефонот доаѓа во црна нијанса и поседува ист заден дел како и неговиот претходник K900. На горниот дел од телефонот е лоциран приклучокот за слушалки и копчето за вклучување/исклучување на уредот, како и microUSB порта за полнење, која е прекриена со мало пластично капаче.

Една мала негативна работа која што е коментирана од страна на стручната јавност е тоа што приклучокот за полнач се наоѓа на горниот дел од телефонот, па така додека се полни истиот малку е потешко негово користење. Друга многу чудна работа е тоа што копчето за вклучување/исклучување понекогаш знае и да испушта разни звуци при негово притискање. На задниот дел од уредот се наоѓа 8 мегапикселната камера заедно со блицот, како и звучникот кој се наоѓа на долниот дел од телефонот.

Како што можете да приметите горната слика, веднаш под маската на задниот дел на телефонот се наоѓаат два слота за SIM картички, како и слот за дополнителна надворешна меморија за microSD картичка. Исто така се гледа гигантската батерија од 4000 мега ампер часови, која што иако ви изгледа дека лесно може да биде извадена, сепак се работи за батерија која не се вади.

 

Спецификации и перформанси

Lenovo P780 е напојуван од страна на четири јадрениот процесор кој работи на фрекфенција од 1,2 гигахерци и го поседува чипсетот MediaTek MT6589. Ова беше првиот светски комерцијализиран четиријадрен чипсет, достапен на пазарот за посовремените паметни телефони и таблети, во кој е интегрирана моќната Cortex-A7 архитектура со подсистем од ARM. Овој процесор доаѓа во пакет со PowerVR графичкиот процесор од серијата 5ХТ.

Телефонот содржи 1 гигабајт рам меморија и 4 гигабајти внатрешна меморија, од кои кориснички достапни се само 2.7 гигабајти, кои се сосема доволни за еден корисник, меѓутоа истите можат да се зголемат со помош на надворешна меморија од страна на microSD картичка, која може да биде со максимална големина од 32 гигабајти.

 

Екран

Р780 има 5 инчен капацитевен екран од технологијата на IPS, кој има 178 степени агол на гледање, за кое се смета како едно од поинтересните работи на овој модел. Уредот исто така поседува многу добра резолуција на екранот од 1280 х 720 пиксели. Екранот на P780 е доста осветлен и има доста голем агол на гледање. Она што може да се вметне во недостатоците на овој телефон, е тоа што не постои заштита од гребење на екранот, што би било потребно.

 

Батерија

Батеријата е навистина уникатна и вреди да се потрошат повеќе зборови во овој дел. Со капацитет од 4000 mAh, оваа батерија сигурно е со најголем капацитет во споредба со другите паметни телефони, без разлика дали тоа станува збор за Android уреди или iPhone уреди. Таа не може да биде извадена, но вистинската нејзина моќност е тоа што оваа голема батираја може да послужи и како полнач за други телефони.

Оваа интересна можност која што ја има Lenovo P780 сега за сега може да биде користена само на Android уреди и од вас бара само да го приклучите USB On-The-Go кабелот, кој може да се најде во кутијата, и едноставно треба да го поврзиот телефонот кој сакате да го наполните.

Како за пример, може да кажеме дека на 85% од батеријата на P780 кога бил приклучен HTC One, со 80% полна батерија била наполнета целата.Било потребно само 63 минути за да се наполни целосно батеријата на HTC One, по што останале уште 72% од батеријата на Lenovo P780

 

Заклучок

Според зборовите на повеќе списанија наменети за технологијата, Р780 е само копија на Ѕ920 во различна боја и повеќетрајна батерија. Но и покрај тоа што ги имаат истите спецификации, сепак Lenovo P780на одредени моменти се почувствува послаб, што значи дека нема да бидете во можност да покренети некои 3D апликации со поголеми побарувања.

Меѓутоа со неговата огромна батерија е нешто на кое треба да се обрне повеќе внимание, па доколку сте вие тие што почесто знаете да ја потрошите вашата батерија, а да не сте во можност да ја наполните во моментот, тогаш Lenovo P780 сигурно ќе одличен избот за вас.

 

 

Ѓорѓи Грговски

Автор: Aleksandar Stankov