Најдобрите мини смартфони - Седумте џуџиња

Објавено на 06.07.2014 во Рецензија



Најдобрите мини смартфони - Седумте џуџиња

Пред повеќе од две години Samsung Mobile смисли генијален начин како да продаде повеќе смартфони во ниската и средната класа маскирајќи ги во истиот дизајн како и премиум моделот, секако со многу послаби компоненти, но со соленка цена. Прв беше Samsung Galaxy S III mini по чиј успех следеа и негови конкуренти од останатите брендови, па редно е да видиме кои мини телефони нудат најмногу.
 
 
1. Sony Xperia Z1 Compact можеби не е првиот мини смартфон, но досега е убедливо најдобриот бидејќи ја има истата моќ како и премиум моделот Sony Xperia Z1 во помало пакување. Sony Xperia Z1 Compact има 4.3 инчен 720p HD дисплеј со резoлуција од 1280 х 720 пиксели, работи на одличниот четири-јадрен Qualcomm Snapdgragon 800 процесор од 2.1 GHz, со 2 GB RAM, 16 GB вградена меморија, слот за microSD картичка, користи 4G LTE мобилна мрежа, потоа има неверојатна 20.7 мегапикселна Sony Exmor RS камера, како и супер издржлива батерија од 2300 mAh. Sony Xperia Z1 Compact исто така може да се пофали со водоотпорен дизајн кој овозможува потопување под вода од 3 метри во рок од 1 час.
 
 
2. ZTE Nubia Z5s mini е супер мини смартфон кој и не е така мал со екран од 4.7 инчи, но го заслужи мини епитетот поради тоа што е помала верзија на бест селерот ZTE Nubia Z5s. Овие два смартфони направија сензација во Кина и за само неколку дена достигнаа бројка од неверојатни 2.5 милиони нарачки. Причината за тоа лежи во екстремно ниската цена од само 250 долари, а за тие пари ZTE Nubia Z5s mini нуди одличен 4.7 инчен IGZO  HD дисплеј од 720 x 1280 со највисока густина на сликата во оваа класа од 312 пиксели на еден инч. Исто така има солиден хардвер составен од четири-јадрен Qualcomm APQ8064 Snapdragon 600 процесор од 1.7 GHz, 2 GB RAM, 16 GB вградена меморија и батерија со капацитет од 2000 mAh. Мини смартфонот може да се пофали и со фантастична 13 мегапикселна камера, минимални димензии кои изнесуваат 134.8 x 65.8 x 7.6 mm и секако употреба на 4G LTE мобилна мрежа.
 
 
3. Samsung Galaxy S5 mini ќе ја има најголемата подршка од својот поголем брат Samsung Galaxy S5 оваа сезона кој се очекува да постигне највисоки бројки на продашка и таа популарност би требало да го привлече вниманието и кон мини верзијата. Samsung Galaxy S5 може да се пофали со истите атрибути како што е примената на сертфикатот IP67 за отпорност на вода и прашина, доаѓа со вградени сензори за отпечатоци на прсти и следење на работата на срцето, а исто така ги има и главните промени во TouchWiz интерфејсот како што е Ultra Power Saving Mode за заштеда на батеријата и работа со основните апликации повеќе часа без престан. Samsung Galaxy S5 mini има фантастичен Super AMOLED дисплеј со HD резолуција од 720 x 1280 пиксели кој е заштитен со Corning Gorilla Glass 3. Galaxy S5 mini како и останатите смартфони од оваа категорија работи на четири-јадрениот Snapdgragon 400 процесор од 1.4 GHz, со 1.5 GB RAM, 16 GB меморија со можност за зголемување до 64 GB преку microSD картичка, 8 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 2100 mAh и секако 4G LTE конекција.
 
 
4. HTC One mini 2 доаѓа со една голема предност, а тоа е примената на идентичниот супер алуминиумски unibody дизајн кој го краси и поголемиот смартфон. HTC One mini 2 нуди добри перформанси со Qualcomm Snapdragon 400 процесорот, Adreno 305 GPU, 1 GB RAM, 16 GB меморија која со microSD мемориска картичка може да се надополни до неверојатни 128 GB, како и 13 мегапикселна главна камера, 5 мегапикселна предна камера и батерија со капацитет од 2110 mAh. Смартфонот користи и 4G LTE конекција, додека пак за оперативниот систем е употребена најновата Android 4.4 KitKat верзија, надополнета со HTC Sense 6.0 интерфејсот.
 
 
5. Huawei Ascend P7 mini е првиот мини смартфон на кинескиот бренд со големи амбиции и исто како и премиум моделот може да се пофали со многу тенко тело со само 7.5 милиметри и тежи само 115 грама. Huawei Ascend P7 mini користи 4G LTE конекција, има 4.5 инчен qHD дисплеј со резолуција од 540 x 960 пиксели, работи на четири-јадрениот Snapdragon 400 процесор од 1.2 GHz, со Adreno 305 GPU, 1 GB RAM, 8 GB меморија која може да се надополни со microSD картичка до 64 GB, како и батерија од нешто поскромни 2000 mAh.  Huawei Ascend P7 mini има основна камера од само 5 мегапиксели и се уште чека надградба до Android 4.4 KitKat.
 
 
6. Alcatel Idol 2 Mini S е вистинско изненадување оваа сезона бидејќи за многу пониска цена од конкурентите нуди речиси идентичен хардвер и солидни перформанси. Alcatel Idol 2 Mini S има 4.5 инчен IPS LCD дисплеј со резолуција од 540 x 960 пиксели, потоа работи на четири-јадрен процесор од 1.2 GHz, 1 GB RAM и 4 GB меморија која ќе мора да ја надополните преку microSD картичка. Смартфонот има одлично скроени димензии кои изнесуваат 129.5 x 63.5 x 8.5 mm со тежина од минимални 116 грама. Една од предностите на Alcatel Idol 2 Mini S е што може да се поврзе и на најбрзата 4G мобилна мрежа, а исто така има и 8 мегапикселна главна камера. Цената на Alcatel Idol 2 Mini S изнесува околу 250 долари и е еден од најевтините на оваа листа.
 
 
7. LG G2 mini и покрај тоа што го има истиот дизајн од моќниот LG G2 не го оправдува во целост мини епитетот и еден од најслабите смартфони на оваа листа. LG G2 mini има 4.5 инчен qHD дисплеј, четири-јадрен Snapdgragon 400 процесор, 1 GB RAM, 8 GB вградена меморија со слот за microSD картичка, што и не е така лошо, но нема 4G мобилна антена. LG G2 mini има 8 мегапикселна камера, батерија со капацитет од 2440 mAh и неговите димензии изнесуваат 129.6 x 66 x 9.8 mm што не го прави еден од најпрактичните смартфони во оваа класа.




Прочитајте повеќе: