iOs 8 поголем од било кога - Сите новитети на едно место

Објавено на 18.09.2014 во Рецензија



iOs 8 поголем од било кога - Сите новитети на едно место

Apple успеа да привлече огромно медиумско внимание во изминатиот период полно со написи за новиот iPhone 6, фаблетот iPhone 6 Plus и смарт часовникот Apple Watch, како и новите апликации и опции во обновената верзија на iOs 8 која мора да се признае дека ги примени речиси сите функции на Android, но на многу генијален начин кој нема да предизвика реакции дека се работи за намерно копирање, туку дека е резултат на внимателно истражување и посветеност.

Apple ги ставa новитетите во софтверот секогаш во фиока се додека медиумите не збеснат со шпекулации за тоа што ќе понуди следно, конкрентно во изминатиот период за iOs 8 кој премногу се доближи и наликува на Android со огромни можности за корисникот да одбере што најмногу му треба од софтверските додатоци.

Пристигна iOs 8 - Совети за инсталирање и Backup

Во новиот iOs 8 ќе добиеме ценатар за известувања и активни нотификации кои од старт ќе може да ги користите, односно да вратите на порака, меил, позив или пак да се вклучите на некоја од социјалните мрежи. Промени има во отвoрeноста на платформата кон надворешни партнери кои ќе може да го синхронизираат своите апликации со iOs 8, како што се виртуелните тастатури SwiftKey кои веќе се достапни за инсталирање од App Store.

Тука би ја вброиле и новата опција Extensions која ќе ви прикажува корисни информации во самата апликација, на пример додека праќате порака ќе може да ја споделите вашата локација со Apple Maps доколку закажувате средба. Extensions се очекува да добие масовна подршка од програмерите на апликации кои треба да создадат поврзани сервисни информации за мапи, производи, извадоци од веб страни и многу други додатоци.

Меѓу најкорисните новитети е и опцијата Continuity со која може да ја синхронизирате работата на вашиот iPhone или iPad со десктоп уредите кои работат на системот OS X. Доколку Apple уредите ви се поврзани на иста Wi-Fi мрежа може телефонскиот повик од iPhone да го примите и на iPad или Mac, при што се прикажува контактот или неговиот телефонски број, а повикот може да го одбиете или пак да возвратите со кратка однапред подготвена порака.

Преку Handoff може да пишувате на смартфонот и текстот да продолжите да го пишувате на iMac или било кој друг уред со една корисничка сметка на Cloud сервисот iCloud. Handoff  е коматибилен со апликациите Mail, Safari, Pages, Numbers, Keynote, Maps, Messages, Reminders, Calendar, па дури и Contacts. 

Spotlight е сосема нов принцип на приказ на информациите во лентата за пребарување каде внесениот термин добива контекстуален метод со пронаоѓање на поврзана апликација, информација добиена од Wikipedia, контакт од вашата e-mail сметка или од контакт листата, поврзан податок од интернет преку Safari или пак поврзана локација на Apple Maps.

Една од најочекуваните апликации HealthApp ќе им донесе на iOs 8 корисниците еднаков третман како и Android фановите со следење на фитнес активностите, мониторинг на виталните функции и правење распоред на вежбање и следење на исхраната, што не е ништо ново. Активностите на HealthAppсе прикажани во дневна, неделна и месечна категорија, со детален приказ на потрошените калории од вашите вежби, информации за пулсот, работата на срцето, како и калкулации за внесот на нивото на шеќер, холестерол, а може да креирате и „итна“ картичка во случај на незгода каде ќе стојат податоци за вашата крвна група или видот на алергии доколку ги имате. Сите податоци се заштитени и приватни за ваша употреба.

Гласовниот асистент Siri ќе може да се активира само со гласовни комадни идентично како и Google Now со зборовите Hello, Siri, а ќе може да препознава и песни со позајмената функција од апликацијата Shazam. Скенерот за отпечатоци Touch ID исто така ќе работи со надворешни апликации, како што со Samsung Galaxy S5 може да одобрите трансакции со отпечатокот од прстот преку PayPal.

Голем напредок има и со користењето на NFC технологијата и новиот систем за електронска наплата Apple Pay кој ќе ги вклучи платежните картички на Visa, MasterCard, American Express и корисниците ќе може да плаќаат производи со едноставно поврзување во големите продажни синџири во САД, а услугата се уште чекаме да видиме како ќе се имплементира во Европа.

Како што напоменавме Apple одигра генијално и сите корисници на iPhone ќе добијат впечаток дека нивната платформа се развива со одлично темпо и дека компанијата пред секоја надградба ја усовршува секоја софтверска алатка за да се постигне врвна функционалност и не брза со натрупување на софтверот со се и сешто, како што е во случајот на Samsung. Конечната оценка за iOs 8 ќе ја дадеме наскоро се целосната рецензија за iPhone 6 и iPhone 6 Plus кога ќе може навистина да се увериме во новите можности на софтверот и дали сите новитети функционираат подобро од понудата на Android.

Автор

Христијан Станоевиќ

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: