Samsung Galaxy S6 - Убавина и моќ во едно тело (Прв дел)

Објавено на 09.04.2015 во Рецензија



Samsung Galaxy S6 - Убавина и моќ во едно тело (Прв дел)

По ланскиот неуспех Samsung Mobile мораше да го подигне нивото на квалитет и да понуди нешто спектакуларно со новите модели на Samsung Galaxy S6. Несомнено најголем дел од критиките доаѓаа на сметка на некреативниот дизајн и употребата на пластика, па затоа Samsung Galaxy S6 е сосема нова приказна и многумина веќе го нарекуваат најубавиот смартфон на Samsung досега. Тоа може да го потврдиме и ние уште при првото наше запознавање со Samsung Galaxy S6 каде веднаш се забележуваат новите линии на естетика, умешно скроеното тело со тенка метална рамка и примена на врвни материјали на градба.

Samsung Galaxy S6 овој пат не ги разочара фановите бидејќи донесе доволен степен на иновации во однос на претходниот модел, а притоа понуди и повисок степен на оптимизација со супер моќниот Exynos 7420 процесор кој доминира на сите тестови. Во продолжение ќе се запознаеме одблиску со Samsung Galaxy S6 со сите негови особености, атрибути и специфичности.

Cyanogen предвидува дека Samsung ќе исчезне

Дисплеј

Samsung Galaxy S6 се приближи на исто ниво како и голем број на конкуренти со Quad HD дисплеј со резолуција од 2560 х 1440 пиксели. Super AMOLED екранот има големина од 5.1 инч што резултира со импресивна густина на сликата од 577 ppi. Samsung има и неколку свои трикови во дисплеј технологијата која овозможјува многу попрецизна слика, како и израз на боите кои се природни и пријатни за гледање, додека пак контрастот е многу јасен и ја дава потребната динамина. Осветленоста е на највисоко ниво и нема никакви проблеми со рефлексијата на светлина на отворено.

Дизајн

Токму поради дизајнот Samsung Galaxy S6 ги добива сите овации и тоа најдобро покажува дека денес веќе компонентите и спецификациите не играат толку голема улога како во минатото. Samsung Galaxy S6 непогрешливо докажува дека корејците знаат како да произведат смартфон од премиум класата со примена на Cornig Gorilla Glass 4 кое се покажа како најиздржливо заштитно стакло и придонесува во севкупната цврстина на смартфонот.

Дополнителено се истакнува и металната рамка која цврсто го држи Samsung Galaxy S6 и му дава убава контура. Телото на Samsung Galaxy S6 е супер тенко со 6.8 милиметри што е сосема доволно за денешните стандарди и лесно ќе ракувате со смартфонот во било која ситуација. Samsung овој пат се реши за посуптилни бои кои не блескаат како во минатото и тоа отвара една сосема нова естетика на Samsung Galaxy S6 кој веднаш станува препознатлив.

Нов скенер за отпечатоци

Samsung Galaxy S6 изгледа како поправен тест, па затоа редно е да биде подобрена и функционалната на скенерот за отпечатоци кој во претходните модели чудно функционираше. Сега тоа е подобрено и вашиот отисок ќе биде отчитан само со поставување на прстот со скенерот, без потреба од лизгање кон екранот. Овој метод ќе ви заштеди време на отклучување на смартфонот, а исто така се отвораат и можности за одобрување на мобилни и електронски плаќања, а се шпекулира и за нов Samsung Pay систем за наплата и префрлање на пари.

Рецензијата за Samsung Galaxy S6 со секциите за перформанси, новиот софтвер и мултимедијата продолжува...

Автор

Христијан Станоевиќ





Прочитајте повеќе: