Sony Xperia Z3+ ви се топи во рака

Објавено на 06.07.2015 во Рецензија



Sony Xperia Z3+ ви се топи во рака

Sony Xperia Z3+ е еден од Z-сериите на Sony, кој сите наредни модели ги изработува со одредени подобрувања, но некои од нив сепак не успеваат да ги импресионираат корисниците. Sony не не изненадува со новиот хардвер, со оглед на тоа што пред само неколку месеци беа претставени неговите главните ривали. Главната промена е процесорот Snapdragon 810 - кој овозможува зголемување на брзината, исто како и побрзиот Cat.6 LTE. Меморијата и камерата се подобрени, но не можат да се натрепваруваат со големците. Најлош потег е намалувањето на капацитетот на батеријата од 3,100mAh на 2,930mAh - со цел да се овозможи во дизајнот на телефонот да биде тенок 6.9мм и тежината да биде намалена. Перформансите генерално се импресивни.



Дизајн

Ако сте имале смартфон Sony во изминатите две и пол години, тогаш знаете дека заштитниот знак на компанијата и дизајнот на нивните телефони се нарекува „Omnibalance“. Тоа значи правоаголни двострани стаклени плочи, прицврстени со метална рамка, што значи врвен стил со прекрасен изглед, за да му се восхитувате и практичен за управување со раката, или како што се вели на англиски - „handy“.



Sony овој пат ја изработил маската со малку поинаков материјал - сепак е мат боја, но сега има додадено малку повеќе сјај. Овој модел поседува IP68 сертификат за заштита од прашина и влегување на вода. За жал, кога слушате музика, звукот не е толку јасен и квалитетен како што би сакале да биде. Замислете, кога слушате музика со глас до даска, цел телефон вибрира поради лошиот звук, но сепак ова е поодобрено во споредба со претходните модели.



Леќите на камерата Sony не ги направил да бидат испакнати, туку рамни со задниот дел на маската на телефонот, и покрај тоа што овој модел е потенок. Само во случај ако детално ги познавате претходните модели на Sony, тогаш ќе го разликувате Xperia Z3+ од останатите, затоа што нема голема разлика.  Контролите на Xperia Z3+ се наоѓаат на десната страна од уредот. Копчето за вклучување е изработено од алуминиум, што е еден од автентичните белези на „OmniBalance“ естетиката. За ставање на nanoSIM и microSD картичка, Z3+ има специјална пластична рамка за вадење, што според искуството, навистина е тешко да се вади и не е изработено како што треба.



Дисплеј

Xperia Z3+ доаѓа со 5,2-инчен FullHD дисплеј, кој според бројките, се чини дека е ист како неговиот претходник. Sony сепак тврди дека новиот панел е посветол од претходниот на Z3. Дисплејот доаѓа со многу вообичаени карактеристики, вклучувајќи ја Triluminous технологијата за поширок опсег на боја и X-reality, за подобрување на сликите. Достапна ви е функцијата за да го разбудите дисплејот по краток пат - со допирање два пати на екранот, а за заклучување ќе треба да го притиснете копчето за заклучување. Xperia Z3+ има чувствителен дисплеј на допир, кој нема проблем и реагира дури и кога го допирате со влажни прсти.



Опцијата за „backlight control“ веднаш детектира дали го држите телефонот и според тоа делува на осветленоста. Оставете го на маса и веднаш по дефиниција превентивно се исклучува. Контрастот на Xperia Z3+ е многу висок, но не до тој степен како кај неговите претходници.



Софтвер и апликации

Sony Xperia Z3+ функционира со Android 5.0 Lollipop. При заклучувањето на екранот има часовник одозгора, со задебелени бројки за покажување колку е часот, и помалку впечатливи цифри за минутите. Имате повеќе опции да одберете стил на часовник - со дигитален или традиционален изглед. Отклучувањето може да го извршите и само со допирање на екранот и повлекување нагоре, што во други насоки нема да успее. Имате и кратенки за камерата и повикувањето исто така.

Имате широк опус на теми, кои се однапред инсталирани на уредот, во стилот на типичните бои што ги содржи Xperia, кои ако не ви се допаѓаат, имате да си одберете цел куп други теми на интернет. Иконките на апликациите можете да си ги зголемите или намалите, зависи дали сакате да ви се појавуваат повеќе одеднаш или не. Можете исто така да си ги подредите по азбучен ред, според најмногу користени или по сопствен избор. Како за почеток имате 10 апликации од телефонот: Active Clip, Chrome Bookmarks, Browser, Calculator, Calendar, Gmail, Google Keep, Music, Timer и Touch Block.



Камера

Sony Xperia Z3 + доаѓа со истата 20.7MP камера, која стана синоним за Z-серијата. Објективот има F2.0 решетка, со максимална резолуција од 5248 x 3936 пиксели во рачен режим, или 3264 x 2448 (8MP) во Superior Auto. LED блицот е тука за да ви помогне со сликите кога има недоволна осветленост. Имате мноштво начини за снимање, од кои покорисни се Sweep panorama и TimeShift video. Другите се претежно за забава и додавање на смешни предмети за смеење на оние што се сликаат.



Типично за смартфоните на Sony, Xperia Z3+ слика во Superior auto режим по автоматизам, што ја ограничува резолуцијата до 3264 x 2448 пиксели, или 8MP. Теоретски, Z3+ препозна 52 различни типови на сцени и соодветно ги прилагодува функциите - вклучувајќи го HDR ако е потребно. Предната 5MP камера продуцира слики со 2592 x 1944 пиксели. Sony Xperia Z3+ снима видеа со стандардна големина 1080p@30fps, и ако ја подесите - 1080p@60fps.

Процесор и меморија

Sony Xperia Z3+ се напојува од контроверзниот Qualcomm Snapdragon 810 процесор со 2 GHz quad-core Cortex-A57 плус 1.5 GHz quad-core Cortex-A53 процесор. Ова би можело да значи сопствен начин на Sony за справување со проблемот со греење. Во секој случај, процесорот има поддршка од Adreno 430 GPU и 3GB RAM меморија, што не е лошо.



Перформансите со прелистувачот е уште една област каде што Z3+ нема да ве разочара. Со тестирањето покажува значително добри резултати, кои се мерат на ниво на Galaxy S6, каде веднаш после него владее Xperia Z3+ со највисоки оценки за прелистување на интернет во Browsermark 2.1. Snapdragon S810 не може да се натпреварува со Exynos 7420, но тоа е најдоброто што Qualcomm може да го понуди. Се чини дека Sony успеа да постигне разумен компромис помеѓу топлината и перформансите, а според бројките одозгора, сепак смартфонот ви доставува прилично брза машина. Xperia Z3+ има вградено меморија од 32GB, со можност за проширување на просторот за податоци со microSD картичка.



Интернет и батерија

Sony Xperia Z3+ има две верзии: со една СИМ картичка и можност за две СИМ картички и 3G поддршка. Имате и верзија со LTE поддршка. Новостите тука се дека брзината постигнува максимум од 300Mbps. Остатанатите карактеристики се: Wi-Fi, Bluetooth v4.1 со A2DP и ​​apt-X, GPS и GLONASS, FM радио со RDS. Постои и NFC поврзување со поддршка за Android Beam, со цел да можете да испраќате датотеки на други Android уреди. Sony го опремил Xperia Z3+ со 2,930mAh батерија, со што компанијата пресметала дека телефонот ќе издржи два дена со овој капацитет.

Заклучок

Sony Xperia Z3+ има префинет OmniBalance дизајн доведен до совршенство. Со неговата елеганција во маската, заедно со новите материјали, зрачи со луксуз. Се надеваме дека ќе му се исплати што одредени перформанси се намалени поради потенката 6.9 милиметарска рамка. Предолго задржување на него со задавање на многу задачи би можело да го загрее процесорот. Има одличен дисплеј богат со бои. Обожавателите на селфи фотки ќе се израдуваат за предната камера од 5.1MP на Z3+. Во споредба со неговиот претходник, Sony Xperia Z3+ е само дотерување на одредени детали. Како и да е, моделот е навистина практичен за користење, со тоа што ви се топи во рака.





Прочитајте повеќе: