LG G4c - Бебенцето на LG G4

Објавено на 12.07.2015 во Рецензија



LG G4c - Бебенцето на LG G4

LG G4cе бебенцето на LG G4, но не е многу послаб од него. Моделот LG G4c има прилично голем екран како за својот ранг и ниската цена, премиум телефон со премиум цена, испорачува солидни перформанси и не ги разочарува корисниците. Дизајнот е малку занемарен, но поминува со зелено светло. Проверете дали е достоен и вреди да ги дадете вашите пари за него.


Дисплеј

LG G4c има 5-инчен IPS дисплеј со 720 x 1280 пиксели, со густина од 294 пиксели по инч, што значи дека има пониска резолуција од LG G4. Колку за споредба, голем е како HTC One M9 и за само 0,1 инчи помал од Samsung Galaxy S6, затоа не правете грешка и не го сметајте LG G4c за помал телефон, туку 5,5-инчниот LG G4 треба да се споредува на ниво на фаблет со оглед на големината. Резолуцијата од 720p на G4c не е многу импресивна за 5-инчен телефон, но сепак има добра густина на пиксели, давајќи остри и јасни слики. Дефинитивно нема да ја помешате средната класа на смартфонот според неговите карактеристики на дисплејот.



Дизајн

LG G4c има атрактивен дизајн, стилизиран со поевтина пластична маска како онаа на LG G4, но не и луксузна кожа како неговата. Иако е пластичен, сепак е посветено внимание на некои интересни детали од задниот дел и благо е заоблен како својот поголем брат, што го прави удобен и практичен за држење во рака. Моделов има задни копчиња за вклучување/исклучување на телефонот и копчињата за подесување на звук, со различен допир, карактеристичен дизајн само за LG телефоните. Податокот за неговата дебелина од 10.2мм кажува дека не е баш тенок. Рамките на екранот би можеле да бидат помали, но не е страшно, затоа што така дава впечаток на квалитетно изработен телефон. G4c доаѓа во металик сива боја, керамичко бела и блескаво златна боја.
 



Хардвер и софтвер

Помалиот наследник на LG G4 се одликува со 1.2GHz quad-core процесор и 1GB RAM меморија. Тоа не се многу импресивни одлики за телефон од средна класа, но би требало да биде доволно за да управувате непречено со повеќето апликации и игри. Функционира со Android 5.0, што значи дека е добро, бидејќи работи со најновата и многу практична верзија на Android. 

Интерфејсот LG UI 4 содржи Gesture Shot, Glance View и Knock Code, што го прави смартфонот безбеден и забавен за користење. Gesture Shot и овозможува на камерата да се вклучи и исклучи со една рака пред објективот да започне со три секунди одбројување за фотографирање. Knock Code прв пат беше претставен кај LG G2, кој им овозможува на корисниците да го отклучат телефонот со притискање на двоклик на дисплејот и Glance View ги прикажува клучните белешки на екранот кога е исклучен.

Камера

LG G4c има солидна LED 8 мегапикселна задна камера и 5 мегапиксели камера од предната страна за селфи фотографии, која се чини дека преминува во стандардна цифра за средната класа. Дефинитивно предните фотки ќе бидат добри. Задната камера од 8 мегапиксели е исто така стандард, задоволителна според ценовниот ранг на телефонот. G4c има високо квалитетни фотографии и портрети. 

G4c нема многу напредни алатки во камерата како неговиот татко G4. Gesture Shot е неговата главна предност, што ви овозможува да се фоткате селфи со гестови со рацете, без да се мачите да притискате на дисплејот. Од останатите опции во камерата има: Face detection, Autofocus, Touch to focus и Geo tagging. 

Батерија, меморија и интернет

Под хаубата LG G4c има батерија со капацитет од 2540 mAh, што не е потврда дека ќе трае доволно време и ќе ве боли глава од празнење. Но, со оглед на тоа што G4c поседува прилично ниска моќност, ниско ниво на резолуција и нема голем дисплеј, не би требало да биде голем проблем. Не очекувајте многу од батеријата, но како и да е, ќе ви трае барем еден ден.


 

G4c има меморија од само 8GB, но не се ограничува само на толкав простор, туку може да си овозможите дополнителен простор со microSD картичка. Пристапот кон интернет ви го овозможуваат опциите: Wi-Fi, 3G, 4G, а има и Bluetooth 4.1 и NFC.

Заклучок

LG G4c не е многу слична верзија на LG G4, најмногу поради перформансите и дисплејот. Како и да е, LG G4c е смартфон од средна класа, се одликува со убав дизајн, пристоен дисплеј од 720 пиксели и камера што може да ви излезе во пресрет. Како и секогаш, цената игра голема улога, што значи дека 279 евра не е неразумна цена за да се плати. Врз основа на првите впечатоци, LG G4c не е најдобар телефон во својата класа, но сепак е далеку од најлошите. Тој им овозможува на своите фанови само помала и поприфатлива алтернатива за големецот LG G4.

Автор: Александар Младеновски





Прочитајте повеќе: