Oppo R7 - Опседнатост со совршенство на детали

Објавено на 19.07.2015 во Рецензија



Oppo R7 - Опседнатост со совршенство на детали

Кинескиот производител на смартфони креираше нова верзија во средната класа на R-серијата - Oppo R7. Овој модел излезе на свет само 7 месеци по Oppo R5, кој го паметиме најмногу по својата исклучително тенка рамка од 4,85мм. Oppo R7 е роден со друга мисија - произведен е повеќе за нашето секојдневие и со помалку амбиции. R7 сака да биде глобален играч што ќе ги задоволи потребите на корисниците со конкурентна цена. За да го постигне ова, Oppo е изработен со атрактивен дизајн, добра технологија и карактеристики како за смартфон од 400 долари. Oppo без сомнение цели да ја издигне својата позиција високо на небото, но колку најблизу би можел да ја погоди својата цел?



Дизајн

Моделот од средна класа на Oppo се продава во златна и сребрена боја и чудно е што нема црн модел. Од аспект на изгледот, Oppo R7 не е помалку атрактивен од iPhone 6 и HTC One M9, што значи дека се многу слични. Пред се, правоаголниот R7 има 2.5D „Arc Edge“ повеќеслоен екран, кој изгледа како да е насликан на предниот пластичен панел. Панелот е украсен со предната камера, влез за слушалки и сензор за близина одозгора, а од долната страна на куќиштето се копчињата за навигација.



Странично и од задната страна R7 се одликува со алуминиумска обвивка, која наводно е полирана 48 пати. Моделов се одликува со унифициран дизајн, на кој страните не му се чисти како оние на HTC, или премногу заоблени како на Apple, туку украсен е со две полирани прави мат ленти и со заоблени агли за да не добиете чувство дека буквално држите правоаголник во рака. Задниот панел е целосно рамен и дефинитивно е удобен.



Се е во ред и добро досега, но старата поговорка вели дека ѓаволот е во деталите. Копчето за вклучување/исклучување и копчињата за глас се поставени соодветно на левата и десната страна - малку потенки се одошто би било практично. Сепак, овие недостатоци не го загрозуваат искуството и копчињата функционираат добро. Големината на Oppo R7 е 143 x 71 x 6,3 мм, со тежина од 147 гр., што значи дека е прилично висок, доволно широк и доволно мал. Има добра тежина и не отскокнува од просекот на добро изработени телефони со убава големина на екран.



Oppo R7 има можност за ставање на две СИМ картички, од кои едната е голема, а другата мала (1 x microSIM, 1 x nanoSIM), позиционирани на десната страна од телефонот. Тие се вадат со метална игличка, а може ако сакате и истовремено да си ставите една microSIM и една microSD картичка. Така ќе треба да изберете меѓу двојно СИМ поврзување и можност за проширување на своите податоци, но нема да можете да ги имате и двете истовремено. R7 има и 3.5 милиметарски џек за слушалки на врвот и microUSB порт одоздола. Звучникот е монтиран на задниот панел. Со Oppo R7 љубителите на премиум дизајн нема да се разочараат од изгледот и ќе ги забележат предностите што ги поседуваат ексклузивните смартфони од 600 долари. Високата конкуренција на пазарот се повеќе врши притисок врз производителите за да го усовршуваат дизајнот на средната класа на смартфони, со цел да бидат многу послични до flagship моделите. Така, Oppo R7 е блескав пример за овој нагорен тренд, кој е симплифициран со примерот од A-серијата на Samsung мобилни телефони и Honor линијата на Huawei.



Дисплеј

Oppo R7 е опремен со 5-инчен AMOLED 1080x1920 дисплеј со густина на пиксели од 441ppi. На прв поглед дисплејот има остри визуелни и остри бои, но тестирањето докажува дека не е се така беспрекорно. Супер е што нема да мора да внимавате толку за гребењето, бидејќи има многу квалитетен заштитник за дисплеј. Екранот постигнува ниско ниво на осветленост со 3 нити, што го прави одличен за гледање додека се одморате ноќе во темна просторија, но максималната осветленост е премногу ниска - има само 292 нити. Според ова екранот на Oppo R7 е тежок за гледање на силна сончева светлина. Температурата на бојата изнесува 8162 келвини, што ја прави прилично студена. Со сините и црвените нијанси, ќе сфатите дека дисплејот на R7 е убав најмногу поради „слатките лаги“, отколку суровата реалност.

Со неговиот AMOLED екран, Oppo R7 нема добро осветлување и боите се лоши кога гледате под агол од 45 степени. Но, панелот сепак се држи добро во споредба со просечните IPS LCD екрани. Неговата максимална осветленост е дефинитивно нешто што треба сериозно да го земете во предвид пред да го купите, но може да се заокружи дека дисплејот не е за оние што сакаат блескави дисплеи, туку за љубителите на живописни нијанси.



Софтвер и апликации

Oppo R7 функционира со Android 4.4.4 KitKat, што се смета за дефинитивно стар софтвер, особено сега кога е нјавен Андроид M. Да не ве разочараме премногу, интерфејсот ColorOS на Oppo е одличен најмногу за забава. Ист е како другите кинески клонирани кориснички интерфејси - на пример MiUI Xiaomi го клонира својот интерфејс од iOS дизајнот на Apple. Сличностите се лесно воочливи и тоа е неприродно за Android, како што се местата за апликации, менито со вертикално распоредени апликации и живите анимации.

Oppo очигледно ги копира мајсторите од Купертин. Темите се одбираат на централното копче за home screen, каде имате претходно направени теми и може да си купите. Lockscreen и homescreen имаат иконки и позадини со свој стил. Со притискање на копчето за мултитаскинг, ви излегува мени што се лизга нагоре и ви овозможува сами да си ги организирате контролите и позадините за Home, при што може да изберете различни homescreen анимации, или брзо да ги ставите темите што ги користевте претходно.



Апликациите и менијата на Oppo се црни и се прилично стилизирани, но не се функционални. Повеќето апликации имаат мени со проширена функционалност која не е толку практична. Апликацијата за фотографии е богата со филтри и рамки, со кои може да направите прилично смешни фотки и добри колажи. Files app имаат алатка за безбедност со цел да ги заклучите датотеките и папките со лозинка. Постои и специјална апликација за оптимизација на апликациите, наречена Security Center. Благодарение на таа апликација Oppo ја прочистува меморијата, врши системска дозвола за следење, заштеда на енергија и Guest mode - за заштита на лични податоци.

Системот за гестови и движење е исто така високо фунционален - додека дисплејот е исклучен, можете да го разбудите со брзо двојно допирање, да ја напишете буквата „О“ за да ја активирате камерата, итн. Скриншот функционира со допирање на екранот со три прсти, со два прста ја прилагодувате јачината на звукот, со двојно допирање на Home копчето го заклучувате екранот, може да ја активирате камерата со гест со прстот и друго. Интересно е тоа што може да ги менувате гестовите за да го исклучите дисплејот, така што, чувствувајте се слободни за да ги креирате кратенките на свој начин.

Генерално сме задоволни со софтверот ColorOS на Oppo. Очигледно тој е замисла на инженери-ентузијасти, кои ги земаат во предвид повратните информации од корисниците. Единствено не е добра идејата на Oppo за софтверот Android 4.4.4 KitKat, но тоа не го менува фактот дека ColorOS е супер за ракување.



Процесор и меморија

Oppo R7 поседува Qualcomm Snapdragon 615 SoC octa-core 1.5GHz процесор, Adreno 405 графичка картичка, 3GB LPDDR3 RAM меморија, 16GB внатрешна меморија, со можност за проширување преку microSD картичка. R7 ги извршува своите функции доволно достојно, како што се очекува од смартфоните од средната класа. Со тестирањето е утврдено дека R7 не е добар за играње игри и тоа е главно поради лимитираниот капацитет на графичката картичка Adreno 405 GPU. За среќа Snapdragon 615 процесорот и добрата RAM меморија овозможуваат добро извршување на функциите и го олеснуваат искуството на корисниците. Иако ColorOS е богат со графика и анимации, вклучувањето на апликациите знае понекогаш да биде тешко и да се развлекува како трка на желки.



Интернет и батерија

Oppo R7 има 4G LTE интернет конекција, што значи дека ќе немате проблем со пристапот кон интернет. Со батеријата немате среќа. Qualcomm процесорите можеби се познати по својата ефикасност, но батеријата од 2320mAh е премногу мала. Со тестирањето е утврдено дека R7 издржува употреба од само 5 часа и 39 минути. Од друга страна, R7 има VOOC технологија за брзо полнење на смартфонот, што им овозможува на корисниците да го наполнат телефонот до 50% за само 30 минути, односно 100% за 80 минути. Ова е одлично. Кога е телефонот во мирување, батеријата може да трае 165 часа, околу 7 дена.



Камера

Oppo R7 е добар во делот за камерата и сигурно ќе им се допадне на корисниците што ја сакаат фотографијата. Задната ISOCELL Schneider-Kreuznach камера има 13MP и еден LED блиц. Камерата вади слики со резолуција од 4160 x 3120 (4: 3) и резолуција од 4160 x 2340 (16: 9). Oppo има софтверски трик, со кој може да се спојуваат сликите заедно во вкупна резолуција од 5824 x 4368 (25MP) Ultra-HD", овозможувајќи дополнителна длабочина за зумирање.



Готовите инсталирани апликации на камерата се: Colorful filters, aHDR, GIF, Slow Shutter, Audio photo, Double exposure и Super macro. Ако не ви се допаѓаат овие, можете слободно да си додадете и да си инсталирате нови. Во услови на недоволна осветленост сликите наидуваат на мал проблем, повеќе софтверски се обработуваат, но за среќа се сепак јасни и остри. Oppo R7 снима добри видеа со 1080 пиксели и импресионирани сме што може да поништува шум, а тоа значи дека може звукот од вашиот глас да се слуша речиси беспрекорно, во однос на бучавата во позадина.



Предната камера има 8MP, што е голема предност на Oppo, обидувајќи се да го подобри селфи искуството. ISOCELL сензорот на предната камера фаќа добри детали, додека функцијата за следење на лицето ви обезбедува добар фокус. Ако сумираме, не сме многу импресионирани од камерата од 13MP на Oppo R7, но мора да се признае дека има голем потенцијал и апликациите на фотоапаратот се одлични за забава. Предната камера од 8MP е добра за љубителите на селфи фотки, која се одликува со висока резолуција и живописни интегрирани филтри.



Заклучок

Oppo R7 е многу атрактивен смартфон, лесен за користење, што значи добро корисничко искуство и незначителни недостатоци. Неговата батерија е жртвувана со капацитетот, со цел да се овозможи тенок дизајн од 6.3мм и тоа резултира со краток животен век на батеријата. 5-инчениот дисплеј е мал и требало да се посвети повеќе внимание на него. Oppo R7 е прилично добар смартфон за цена од 400 долари и се одликува со премиум дизајн, а перформансите се генерално добри, освен ако играте 3D игри. Земајќи ја во предвид цената, би можеле да почнете да размислувате и за други мобилни телефони. Xiaomi Mi Note и Huawei Honor 6 Plus имаат поголеми екрани и поголем капацитет на батеријата, а стариот добар OnePlus One е се уште еден од најдобрите и најевтините. Генерално, моделот нема да ве разочара, но нема ниту да ви понуди ништо повеќе од очекувањата.

Автор: Александар Младеновски

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: