Windows 10 е победник - ретро-модерен стил

Објавено на 05.08.2015 во Рецензија



Windows 10 е победник - ретро-модерен стил

Новиот Windows 10 е достапен како бесплатна надградба за постоечките Windows 7 и Windows 8 оперативни системи. Изграден е на начин што ги спојува претходните две платформи во една единствена и подобрена верзија. Тоа е обид за заштита на софтверската хегемонија на Microsoft, која е постојано мета на напади од гигантите Google и Apple. Новиот ОS има многу нови функции: брз Internet Explorer, заменет од Edge; Cortana - гласовната виртуелна асистентка на Microsoft; моност за играње на игри во реално време на вашиот десктоп од Xbox One во друга просторија. Сигурно се прашувате зошто не постои Windows 9 - не знаеме зошто, но Microsoft ја прескокна оваа цифра и премина директно од 8 на 10.

Сите оние што се уште преферираат старомодна тастатура и глувче, Windows 10 е дефинитивно за нив. Start менито е повторно вратено назад и функционира токму онака како што се очекуваше. Плочките од Windows 8 на почетниот екран се уште се тука, но се вметнати во Start менито. Како и секаде, така и овде може да се детектираат одредени недостатоци кај производот, но може да се каже генерално дека Windows 10 е победник. Тој е флексибилен, прилагодлив и индивидуализиран оперативен систем, тестиран е од цела армија бета тестери во рок од една година, што значи дека е прилично стабилен робустен оперативен систем во поновата историја.

Свеж Start

Start менито е вратено назад и тоа е она што го прави новиот Windows 10 модерен во ретро стил. Фамозното Start копче се наоѓа во левиот долен агол на десктопот традиционално уште кога постои Windows 95, а така е и сега. Менито нуди брз пристап до апликации и сетинзи. Претходно менито се вклучуваше на левата страна со уредна колона на кратенки за вашите најчесто користени апликации. Ако притиснете на копчето „All Apps“ ќе добиете листа на сите апликации инсталирани на вашиот компјутер по азбучен ред. Microsoft сепак во иднина направил одредени промени и опциите се наоѓаат на десната страна од Start менито. Тие се шарени и анимирани „Live Tiles“ кои дебитираа во Windows 8, како кратенки и графички контроли. Можете да ја промените големината на овие анимирани плочки, да ги влечете и да ги организирате во групи како што сакате - целото Start мени може да се намали или да се прошири за да си го модифицирате точно според вашите потреби и како ви е повеќе практично. Всушност, Start менито сега е минимизирано од Windows 8. Мразите ли анимирани плочки? Тогаш слободно тргнете ги од вашиот компјутер и креирајте си тесна колона на најчесто користени програми.

1 чекор назад, 2 чекори напред

Start менито во Windows 10 е признание дека новородениот е многу понапредно смислен систем од Windows 8. Microsoft сепак не ја напуштил визијата за обединување на сите уреди во еден оперативен систем: Continuum во Windows 10 е најновиот обид за премостување на јазот меѓу уредите чувствителни на допир и оние што немаат touch технологија, при што овој пат не нè присилува да научиме како да работиме со нашите компјутери. Инаку, не постои разлика помеѓу новите и старите апликации од App Store на Windows. Сите програми се складираат на едно место - заедничкиот простор на работната површина. Ако имате 2 во 1 уред, како што е на пример Microsoft Surface Pro 3, исклучете ја тастатурата и Windows 10 ќе се префрли во режим на таблет. Start менито и вашите апликации ќе го заземат просторот на целиот екран, и сите апликации и кратенки на вашиот таскбар ќе исчезнат, со цел да ви се овозможи полесно користење на екранот со допирањето со прстот. Кога ќе ја прикачите тастатурата, повторно се враќа сè на своето место назад, што значи дека процесот е многу едноставен. Одлично е тоа што знаеме дека можеме во кој момент сакаме да ги менуваме режимите за десктоп и таблет.

Ова е тоа што Windows 8 отсекогаш требаше да биде - оперативен систем што го премостува јазот помеѓу технологијата на допир и обичната, преку екрани што не се чувствителни на допир. Ни се допаѓало тоа или не, сепак иднината им припаѓа на уредите со екрани на допир. Microsoft конечно сфаќа дека сите континуумот во изгледот на интерфејсот и се друго ја прави трансформацијата на оперативните системи повеќе безболна.

Учење на нови трикчиња

Microsoft продолжува со својот автентичен изглед на Windows, секој аспект на оперативниот систем е подобрен и ажуриран, и неколку нови опции се додадени. Во својот типичен стил, Microsoft има низа кратенки на тастатурата и гестови со допир за секоја од овие карактеристики, овозможувајќи ви на минимум три начини да пристапите до местото што се обидувате да стигнете. Нема потреба да запаметите се и користете го она што најмногу ви одговара.

Виртуелни десктопи

Ако кликнете на копчето New Task на таскбарот, ќе добиете убав преглед од птичја перспектива на сите апликации што сте ги отвориле. Ако повлечете една апликација преку копчето „new desktop“, таа ќе се премести во сопствен независен простор за работа. Може да задржите еден простор фокусиран за работа, посебна работна површина за форум на игри и уште еден простор за камерата во одјавувањето - немате ограничувања за количината при создавање на виртуелни десктопи и секој од нив се третира како свој сопствен приватен остров. Сепак практично е да се направат до три десктопи најмногу, бидејќи со многу нема да знаете кое каде ви е оставено. За секој десктоп посебно може да си ставите различна позадина, што е многу практично за полесно препознавање на работните површини.

Action Center

Новиот Action Center прв пат беше воведен во Windows 8, а сега е уште еден нов знак на мобилните оперативни системи. Кликнете на иконата Action Center на таскбаротза да ги пренесете сите ваши апликации на еден панел и така ќе си овозможите брз пристап до неколку важни системски поставки, како што е вклучувањето на Wi-Fi мрежата или вклучување на tablet mode. Ако претходно имавте Windows 7 и имате проблеми со наоѓање на сетинзите, ова е местото каде ќе можете да ги најдете.

Wi-Fi

Накратко да ги спомнеме и придобивките од Wi-Fi Sense, иако технички не е нова функција кај Windows 10. Wi-Fi Sense ги поврзува вашите уреди само со доверливи Wi-Fi hotspot мрежи на интернет. Во овој дел Wi-Fi Sense не ја споделува вашата вистинска лозинка, што значи дека теоретски ви ја олеснува социјалната размена на Wi-Fi конекција, без да мора да ја загрозите својата безбедност.

Windows Hello и Windows Passport

Microsoft ја зајакнува безбедноста со Windows Hello. Функцијата ќе се користи со камерата на вашиот Windows 10, со скенер за отисоци на прсти и го претвара вашето тело во лозинка. Кога ќе се логирате еднаш со Windows Hello и Windows Passport, тогаш ќе ви биде даден пристап до голем број на сајтови и производи, без да ве форсира да се логирате одново. Така логирањето на вашите уреди би требало да биде малку полесно, така што нема да се измачувате со поранешните мерки - да мора да памтите комплицирана лозинка за да бидете побезбедни. За да може да го користите Windows Hello ќе мора да имате RealSense камера од Intel, или скенер за отпечатоци, затоа што не е многу поддржан од постојните хардвери.

Разговор со Cortana

Виртуелната асистентка на Microsoft - Cortana, не е всушност нова функција, бидејќи веќе беше присутна кај Windows Phone во рок од една година. Ова беше ударот против Siri на Apple, Alexa на Amazon и Google Now, при што Microsoft изврши транзиција кон десктопот на Windows 10, задржувајќи ја високата функционалност на оперативниот систем. Cortana можете да ја користите за вашиот e-mail и календарот, и да бидете известени за сите летови или пакети што ги очекувате. Таа може да ве потсетува за се и сешто - да ги следи акции на берзата и да испраќа e-mail пораки до вашите контакти кога и диктирате. Cortana може да ве слуша и да ја обучите да препознава неколку различни гласови.

Cortana сепак се покажува како не толку практична алатка - препознавањето на гласот на Windows 10 е прилично точно, но при тестирањето за испраќање на е-mail порака, таа понудила препораки за места за јадење или места за разгледување. Се разбира, тоа ќе е многу повеќе корисно кога сме излезени надвор, а не кога седиме на нашето биро и работиме. Истото важи и за потсетниците, кои се апсолутно бескорисни ако немате пристап кон интернет од секаде. Cortana ќе го трасира својот пат кон Android и iOS уредите кон крајот на оваа година, што значи дека треба да расчисти со повеќето од овие проблеми. Доколку Cortana не излезе на другите платформи, никогаш нема да биде сериозен играч во својата област.

Microsoft Edge

Microsoft додаде сосема нов интернет пребарувач во Windows 10 - Microsoft Edge. Воведувањето на новиот прелистувач во светот каде што веќе постојат Google Chrome, Mozilla Firefox и Safari на Apple, е прилично храбар потег. Очигледно, залудни се сите напори за форсирање на Internet Explorer. Edge е брз и модерен интернет пребарувач, кој нуди добри карактеристики. Cortana е интегрирана директно во прелистувачот, каде нуди детални информации за времето или летовите. Ако посетите страница на некој бар или ресторан, Cortana може многу лесно да ви даде корисни информации за тоа место - критика или препорака. Функцијата webnote ви овозможува да да ги споделувате вашите прибелешки на OneNote за веб страниците или преку е-mail. Најважно од сите функции е што Edge е изграден со силна безбедност од самиот почеток, со надеж дека нема да му се повторат грешките на Internet Explorer. Овде нема екстензии со големи реклами, што е одлична вест. 

Windows 10 додава и изменува неколку работи во одделот за забава. Апликациите Xbox Video и Xbox Music се преименувани во Movies & TV и Groove Music. Нивната функција е идентична: сите песни и видеа можете да ги најдете таму, но тоа најмногу служи како средство за да ве убеди да купите содржини од продавниците на Microsoft. Имате голем избор за стриминг услуги - за музика и видеа. Ако сте гејмери, апликацијата Xbox ќе ви биде интересна. Тоа е прозорец во вашиот Xbox Live Feed за да ги следите интеракцијата на вашите пријатели. Ако имате Xbox One, можете преку интернет стриминг да ја вклучите вашата конзола на било кој уред со Windows 10.

Практични алатки за љубители на фотографија

Новата програма за фотографии нема да го замени Adobe Lightroom, но ако сликате многу и сакате едноставна алатка за да си ја организирате вашата галерија, ова е многу практично решение за вас. Photos App ги скенира вашите уреди и OneDrive профилот со сликите и автоматски ги организира во албуми. Ако преферирате сами да си ги уредувате фотографиите, многу лесно се прави и тоа. 

Windows 10 Mobile

Windows 10 ќе ја форсира и ќе биде интегриран со Mobile верзијата, а апликациите ќе бидат универзални и исти. Апликациите имаат идентични кодови на пример Excel на вашиот десктоп, ќе ист како и оној на вашиот смартфон, со прилагодливи елементи поради различните екрани и недостатокот на тастатура и глувче. Универзалните робустни апликации ќе бидат голем предизвик за програмерите да ги уредат идентично за десктопи и мобилни верзии. Мора да создадат богат опус на стабилни апликации, кои ќе бидат лесно применливи на мобилен уред. Microsoft за таа намена го има решението - Continuum за мобилни телефони - ќе можете да го приклучите Windows Phone на дисплејот и интерфејсот, кој ќе го отслика истото што се емитува и на десктоп верзијата на Windows. Се уште не се знае кога ќе биде достапен Continuum за мобилните телефони.

Подготвен за следен чекор

Процесот за ажурирање на Windows е клучен за конзистентноста - одржливоста на системот и задржување на клиентите. Ако ја имате стандардната Home верзија на Windows 10, надградбите се извршуваат автоматски и не можете ова да го одбиете или прекинете. Бидете среќни со постојано надградување на системот, така нема да бидете мета на злонамерни софтвери и други дигитални напади. Но, ова може да биде и лоша работа. Многумина од нас се соочуваат со софтверски ажурирања што не функционираат и повеќе растураат, одошто поправуваат. Со последните ажурирања на Windows 10 Preview корисниците се жалеа од урнат софтвер, што значи дека работите не одат како што треба. Microsoft има планови за да ги ублажи овие проблеми - оние што се регистрирале за програмата на Windows Insider, може да продолжат како пробни бета тестери засекогаш.

Заклучок

Windows 10 ги означува големите промени во своите оперативни системи, а со својата тенденција за обединување со Mobile 10 верзијата значи дека сфатил дека начинот на живот е многу изменет - сега веќе сме навикнати и зависни од нашите смартфони и таблети. Cortana ќе научи нови трикови, а корисничкиот интерфејс ќе стане доволно флексибилен за да ги поддржи новите видови на уреди, како што се HoloLens на Microsoft, при што допрва треба да видиме дали Windows Phone ќе преживее.

За мобилната верзија ќе расправаме подоцна, а она што сега го имаме е брз и функционален оперативен систем, кој е подеднакво добар за игри и со таблетот Surface. Тој прави сè што е во негова моќ за да биде достоен со сите подобрувања после Windows 8. Cortana и Edge имаат долг пат пред себе во совладувањето на големците Chrome и Google Now во својата дигитална егзистенција. Најубавата вест за крај е цената - Windows 10 е бесплатен за оние што ќе извршат надградба од Windows 7 или Windows 8. Ако поседувате Windows 7 или Windows 8, ќе изгубите малку, а ќе добиете многу со надградбата на Windows 10. Десетката дефинитивно ги одбележува првите чекори во преминот од оперативен систем кон екосистем, луд сон кој постојано се збогатува и станува се позабавен и попродуктивен. Секој пат кога ќе го прашате нешто вашиот компјутер во иднина, тој ќе ви одговара и значително ќе ви го олесни извршувањето на задачите, без разлика дали сте професионално активен или за забава. Ова е втор обид на Microsoft да не воведе во нов период и нова иднина, но овој пат дефинитивно е на правиот пат.

Автор: Александар Младеновски