Huawei MediaPad X2 - телефон/таблет дизајн

Објавено на 26.08.2015 13:47 во Рецензија


Huawei MediaPad X2 - телефон/таблет дизајн

Оцени

usability
3.0


Перформанси
6.0


Цена
5.0


Камера
1.0


резултат
3.8


Наши забелешки

Positives:

Одлична батерија, фенси големина како за таблет, добри перформанси.

 

Negatives:

Некомпатибилен и застарен интерфејс, слаба камера.



Целата рецензија

Големите телефони се голема работа и фаблетите земаат се поголем замав во текот на последните неколку години. Трендовите покажуваат дека потрошувачите сакаат се поголеми телефони поради популарноста на фаблетите iPhone 6 Plus, Samsung Galaxy Note 4 и Google Nexus 6. Луѓето општо користат таблети секој ден, но проблемот е што овие уреди немаат функции како телефонот - јавување и интернет од иста претплата. Затоа Huawei MediaPad X2 е тука да не смири и да ни докаже дека има решение, кој ни овозможува целосно ново искуство со телефонот голем колку таблет. Фаблетите се оценети како премостувачки уреди, задоволувајќи ги двата сегмента како таблет и смартфон - два во едно. Ќе биде интересно да се анализира колку великанот MediaPad X2 ќе може да испорача ефикасност во секојдневното искуство на корисниците. Дефитивно го категоризираме како таблет со телефонска функционалност.

Дизајн

Официјално претставен на Mobile World Congress 2015, Huawei MediaPad X2 може се пофали со дизајн идентичен на својот претходник со одличен премиум дизајн, благодарение на елегантното метално куќиште. Мора да признаеме дека како 7-инчен уред лесно се ракува со двете раце и има многу функции. Се одликува со спортска рамномерна и рамна површина, но естетиката не е по врвен квалитет. Тежината и дизајнот овозможуваат целосно ново искуство со MediaPad X2.

Huawei MediaPad X2 има доволно добра големина, кој секогаш привлекува внимание кога разговарате со некој, секогаш го загледуваат случајните минувачи кога го користите за телефонски повици. Контролите/копчињата за звук се наоѓаат на десниот раб и тоа има смисла, а се лесно достапни поради рамниот и спортски дизајн на телефонот. Добро е да се знае дека Huawei овозможува проширување на меморијата за податоци со слот за microSD картичка. Се разбира, има и 3.5 милиметарски џек за слушалки, microUSB 2.0 порт, микрофон, дуал СИМ слотови и микрофон за поништување на шум. Звучникот над екранот остава впечаток дека станува збор за телефон, не за таблет.

Дисплеј

Huawei MediaPad X2 има 7-инчен 1920 x 1200 IPS LCD екран, со типична големина на таблет. Навредливо-гигантски изгледа како за смартфон, има 323 ppi густина на пиксели, што дозволува ситните детали да бидат запазени. Екранот има предности и недостатоци. Дисплејот има убав поглед на агол од 90 степени, но се забележува дисторзија кога е навален, предизвикувајќи бел изглед на екранот. Екранот има малку студена температура на бојата од 7277K. Светлоста од 524 нити е доволна за да биде се во ред и да биде видлива содржината кога телефонот е изложен на директна сончева светлина. Дисплејот од 7 инчи е навистина добар и дарежлив дел во понудата на моделот, но невозможно е да се ракува само со една рака, без разлика колку ви се долги прстите. Со протегањето на палецот, едвај се опфаќа половината од дисплејот.

Софтвер и апликации

Доброто искуство на телефонот Huawei го овозможува корисничкиот интерфејс Emotion UI, кој има вкус и се обидува да ја отелотвори едноставноста. Но, разочарани сме од MediaPad X2, затоа што се работи за стара софтверска градба - оперативниот систем Android 4.3 KitKat и корисничкиот интерфејс Emotion UI 2.0.  Во зависност од вашиот вкус, можеби ќе ви се допадне, а можеби и не, тоа што интерфејсот ги елиминира традиционалните апликации на панелот и ги става сите на „homescreen“. Ова е навистина причина за фрустрација поради неорганизираноста на апликациите и тоа што иконите не може да бидат подредени според азбучен ред. Јасно е, искуството е речиси исто како и кај другите смартфони на Huawei.

Моделов воопшто не личи на таблет, затоа што не ја поседува уникатноста на изгледот на мулти-таскинг опциите. Тој пропушта некои од корисните функции на Android 5.0 Lollipop, како што е на пример мулти корисничката поддршка за моделирање на неколку корисни таскови. Искуството со ракувањето е во очајна состојба и има неопходна потреба од неколку дополнителни карактеристики, кои ќе го надополнат големиот дисплеј со големина на таблет.

Процесор и меморија

Huawei MediaPad X2 дефинитивно ја зацврстува својата позиција кон врвот како една од најдобрите машини на компанијата - под хауба има octa-core Kirin 930 процесор со 64-битна архитектура, со 3GB RAM меморија и Mali-T628 GPU. MediaPad X2 може да се снаоѓа со вашите енергични барања и искрено ова би можеле да го најдеме и кај премиум телефоните. Бенчмарк тестовите покажуваат само дека моделов на Huawei е во добра позиција во однос на конкуренцијата, но сепак останува зад Huawei P8, кој има подобри резултати од него. Тоа може да и се припише на повисоката резолуција.

Сите основни задачи ги извршува брзо, но графичкиот процесор не дозволува да ги разгледувате сликите мазно и лесно. Добрата резолуција на дисплејот ви излегува овде во пресрет, но кога игрите ќе станат поинтензивни и бараат повеќе од телефонот, сигурни сме дека нема да може да издржи и јазикот ќе му падне до земја. Huawei MediaPad X2 доаѓа со дарежлива внатрешна меморија од 32GB, која може да се надополни благодарение на слотот за microSD картичка.

Камера

Импресионирани сме од камерата на X2 Huawei MediaPad, која е идентична како онаа на Huawei P8. MediaPad X2 има иста 13-мегапикселна камера како P8, но има само еден LED блиц. Неговата предна камера е 5-мегапиксели, а онаа на P8 има 8-мегапиксели. Huawei овозможува добро искуство со апликацијата за активирање на камерата, има добар баланс на контроли и режими за снимање: панорама, филтри и режими за разубавување. Исто како и P8, има добар фокус при слаба осветленост. Камерата не блокира при снимање на видеа и сликање на фотографии во светли услови, но постои извесно забавување кога правите фотографии при слаба осветленост.

Во најмала рака функционира како P8, фотографиите снимени на отворено небо во сончеви услови излегуваат со добри детали, а боите се живописни. HDR режимот добро се справува со деталите и доволно балансира - без премногу вештачко нафрлање на бои како другите телефони.

Интернет, конекција и батерија

Сурфањето на интернет ќе ви биде рај поради дарежливата големина на дисплејот. Нема да има потреба од зумирање, затоа што 7-инчениот екран има доволно простор за да ги собере сите детали и опции на веб-страниците. Неговата висока резолуција обезбедува острина и јасност на ситните менија. Разочарани сме бидејќи не постои начин да се замени прелистувачот на Huawei со Google Chrome кога има потреба за поврзување со надворешни линкови во апликациите, или при користење на Google пребарувачот. Пребарувачот на Huawei е одличен, но Chrome е подобар затоа што е интегриран со сите услуги на Google.

Авантуристите и оние што често патуваат имаат потреба од GSM врски и сигурно ќе уживаат во можноста за ставање на две СИМ картички на MediaPad X2. Има поддршка за LTE/4G интернет, GPS, Bluetooth 4.0 со EDR, dual-band 802.11 a/b/g/n Wi-Fi и нема NFC.

Huawei MediaPad X2 е одличен во одделот за батеријата, затоа што спакувал монструозна батерија со капацитет од 5000 mAh. Ова е речиси двојно повеќе од големините што ги доставуваат скапите смартфони, но сепак, добро е како за таблет. Батеријата не може да не шокира, затоа што трае 12 часа и 10 минути според бенчмарк тестот, а употребата во реалниот свет генерално овозможува два дена користење при нормална употреба. Батеријата е шампион во споредба со сите елементи на овој телефон.

Заклучок

Чудно е кога користите таблет со 7 инчи дисплеј во јавноста и кога разговарате со него. Сите ќе се согласат дека ова е таблет со телефонски функции, што претставува еден вид на двоен производ - смартфон и таблет. Дисплејот е корисен за многу намени, но MediaPad X2 би бил многу подобар ако оптимизира подобро искуство со интерфејсот, затоа што има многу празен простор, а сите сакаат да гледаат многу опции. Цената на MediaPad X2 не е баш ниска, на Amazon може да се најде за цена од 413 - 700 долари, но размислете убаво. Сепак, Huawei ви испорачува добри елементи под хауба и гигантска батерија, а камерата ви излегува во пресрет кога снимате денски на сонце. Можноста за две СИМ картички, опцијата за проширување на меморијата за податоци и премиум дизајнот се оние нешта што прават добра зделка од Huawei MediaPad X2. Нарачајте си го ако сакате да бидете новиот фраер во маало. 

Автор: Александар Младеновски

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Телефони.мк
Author Image
Телефони.мк е веб портал кој што постои од 2007.