Meizu m2 Note - победник со цената

Објавено на 04.09.2015 13:15 во Рецензија


Meizu m2 Note - победник со цената

Оцени

usability
2.0


Перформанси
2.0


Цена
4.5


Камера
1.5


резултат
2.5


Наши забелешки

Positives:

Ниска цена, добри перформанси, моќна батерија и голема меморија.

 

Negatives:

Слаба камера.



Целата рецензија

Кинескиот Meizu m2 Note полека и сигурно ја издигнува својата позиција и навлегува на западниот пазар. Брендот Meizu има прилично лојални клиенти во Кина, а последнава година го издигна своето име со flagship моделот Meizu MX4 на најголемите пазари во Европа. Meizu m2 е прифатлив фаблет со голем дисплеј од 5,5 инчи, 1080 x 1920 пиксели, octa-core MediaTek процесор, 2GB RAM меморија и најновиот Android 5.1 Lollipop. Перформансите не ја прикажуваат реалната слика секогаш, затоа да анализираме дали Meizu m2 Note е исто толку добар како што изгледа на хартија. 

Дизајн

Meizu м2 Note нема премиум материјали како што се стакло или метал, туку има пластично куќиште, но тоа е сосема нормално за телефон од ваков ценовен ранг. Сепак квалитетот на изработка е на високо ниво - сите делови се убаво прицврстени, нема ништо лабаво и сè е добро усогласено. Камерата е целосно рамна со задната страна на уредот, кој е достапен во четири бои: розова, сина и бела, и мат сива. Сивата мат боја е голем хит во Кина, бидејќи изгледа слично и сјајно како метал, па така го потиснува чувството дека држите пластичен фаблет во рацете. 

Мобилниот има рамки со големина од 5,5 инчи, тенок од страните како iPhone 6 Plus, а неговите точни димензии се: 150,9 x 75,2 x 8.7мм. М2 Note е изненадувачки лесен како за своите големи димензии - тежи 149 грами, тенок е 8.7 мм - предности со кои се издигнува кон врвот. M2 Note е навистина прилично удобен за да се држи. Телефонот нема скенер за отпечатоци, но копчето Home сепак не е обично - може физички да кликнете на него, може да го допрете за да се вратите еден чекор назад и долг-клик за да го заклучите телефонот. Копчето има добар квалитет, но не е толку брзо како она што е на iPhone, туку малку колебливо додека да одговори на задачата. Физичките копчиња на m2 Note за заклучување на екранот и оние за регулирање на висината на звук не се функционални за десничарите, бидејќи се поставени на левата страна, но лесно се кликаат. 

Дисплеј

Meizu m2 Note не е совршено калибриран телефон, но сепак изгледа подобро од своите врсници и неговиот дисплеј изгледа подобро од отколку на некои многу поскапи уреди. Има 5,5-инчен IPS LCD дисплеј со IGZO панел произведен од Sharp, 1080 x 1920 пиксели во Full HD резолуција и густина на пиксели од 400ppi. Сметаме ова е повеќе од доволно, a екранот изгледа остро. Важно е што телефонот има добра репродукција на бои: белата не е премногу топла или студена, со температура на боја од 6800K. Интересно е што можете рачно да ја промениte температурата на бојата во Settings -> Display -> Color Temperature. Основните бои се генерално добро избалансирани, но сликите се малку потемни и се фрла повеќе контраст. Дисплејот има светлост од 627 нити, што прави полесно да го користите телефонот на Meizu на отворен простор, дури и на светол сончев ден. Импресивно е тоа што може да ја намалите светлоста до 1 нит во текот на ноќта за да имате добро искуство со читањето, со што помалку ќе ги заморувате очите - одлична карактеристика за сите ноќни птици.

Сите агли за гледање се генерално добри речиси без нијансирање на бои. Сензорот за близина функционира добро како што секој би очекувал. Додека оригиналниот m1 Note има екран заштитен со Gorilla Glass, m2 Note има заштита на екранот со AGC Dragontrail/NEG T2X-1 калено стакло. 

Софтвер и апликации

Meizu m2 Note работи со најновиot Android 5.1 Lollipop и тоа е голема работа, но телефонот не го поседува класичниот Android стил. Интерфејсот Flyme 4,5 од којшто е креиран Meizu е еден од најдобрите што сме ги сретнале - брзо и непречено работење со движечки анимации, големи иконки, лесно за притискање и многу други корисни нешта. Целокупната функционалност и интерјфесот не импресионираат. Првото нешто што ќе го забележите кај Flyme е што не поседува фолдер за апликации - сите икони од апликациите се наоѓаат на почетниот екран. 

M2 Note има голем број на интересни гестови поддржани од Flyme 4,5 - двојно тапкање на дисплејот за будење на екранот, движење од дното нагоре за да преминете директно на почетниот екран (a la HTC Sense), лизгање од врвот надолу за да дојдете до известувањата од социјалните мрежи или апдејтувањата и своите гестови - на пример со V буквата латиница може да ја активирате камерата, или да си направите друга форма за активирање на функција по краток пат. Кога ќе повлечете нагоре при заклучен дисплеј ќе дојдете до почетниот екран, ако лизгате со прстот кон лево се отвора камерата или кон десно за да ги отворите апликациите што може сами да ги моделирате. Имате интересна алатка „Vault“, со која може да заштитите некој фолдер со лозинка, што значи дека сте безбедни и може да запишувате лични податоци без да се грижите дека некој ќе ви ѕирка во тајните содржини. Можете и да блокирате користење на одредени апликации со лозинка, само што тоа би било многу поедноставно ако телефонот би имал скенер за отисоци.

Процесор и меморија

Ако го споредите m2 Note со неговиот претходник, М1 Note, ќе сфатите дека Meizu намалува одредени елементи со цел направи ценовно прифатлив телефон од Meizu m2 Note. Meizu m2 Note работи со MT675 MediaTek - 64-битен 8-јадрен процесор A53 Cortex со брзина од 1.3GHz, 2GB RAM меморија, Mali T720 графички процесор. Имате овде една интересна опција, во зависност од тоа што сакате најмногу да искористите кај телефонот: Settings -> Battery -> веднаш под модулот за заштеда на енергија - Power Mode, може да изберете три режими - Battery Saver(штедење на батеријата), Balanced(умерено користење) и Performance mode(ефикасно функционирање). Првиот модул е за максимално штедење на батеријата, со што се намалуваат многу нешта при функционирањето, вториот го препорачуваме за секојдневна употреба доколку не барате многу од телефонот и третиот е за подобрено искуство на корисниците - брз одговор за вашите барања. Имате на располагање 16GB внатрешна меморија за складирање на податоци, а телефонот за среќа поддржува и можност за проширување на меморијата преку microSD картички до 128GB. 

Интернет, конекција и батерија 

Meizu m2 Note доаѓа со сопствен интернет пребарувач, опремен со убав интерфејс и подобро оптимизиран е со допирот, во споредба со многу други современи мобилни прелистувачи. Уредот има поддршка за 4G/LTE интернет конекција, понатаму има поддршка за стандардна и нано СИМ картичка, имате опција за Wi-Fi, GPS, Bluetooth 4.0, а NFC нема.

Батеријата со капацитет од 3100mAh на Meizu е произведена од Sony/ATL. Тестирањето на батеријата покажува временски рок на траење од 9 и пол часа, што го прави еден од најдолготрајните телефони. Потребни се 2 часа и 9 минути за да се наполни телефонот целосно и не се работи за технологија со брзо полнење QuickCharge 2, но сепак е прилично брзо како за батерија со ваква големина.

Камера

Meizu m2 Note има 13-мегапикселна задна камера со двоен LED блиц и преден стрелец од 5 мегапиксели. Високата бројка на мегапиксели не кажува многу сама за себе, односно не е пресудна за квалитет на сликата, но сепак е голем напредок за кинеските смартфони годинава. Апликацијата за камерата на Meizu не е лоша, имате автоматски стандарден режим за сликање во сооднос 4:3 и покажува 100% од реалната слика, што е убаво и ви се овозможува посебно да ги изберете точката при фокусирањето и точката на експонираност на објектот. Имате професионален режим кој нуди добра брзина при отварање на блендата, модул за забавени снимки, модул за скенирање на QR кодови, опција за разубавување на сликите, панорама и режим за осветлување на одредени мрачни полиња.

Снимањето со Meizu m2 Note генерално е брзо и фокусирањето се случува импресивно брзо и сликите изгледаат остро, детални се и со убави бои. Тие не се совршени и се инфериорни во споредба со сликите од премиум телефоните. Со помала светлина сликите би можеле да излезат матни, но сепак се добри за вакви типови на смартфони. Блицот добро си ја врши работата кога се наоѓате во темна просторија. Мора да кажеме дека автопортретите, односно селфи камерата е суперска - доловува многу детали и успева да добие реални бои.

Заклучок

М2 Note доаѓа со шокантно ниска цена за она што го нуди - 160 долари - за ваков хардвер?! Meizu m2 Note општо има многу да понуди - функционира беспрекорно, има голем и добар дисплеј, квалитетна камера и батерија што трае цел ден. Едноставниот изглед на Flyme има неколку интересни гестови и нема да ве разочара. Искрено, со ваква цена е тешко да се најде мана за овој телефон. Meizu m2 Note е владетел кога станува збор за прифатлива цена од сите свои противници во својата класа - Asus Zenfone 2 и кинеските телефони како што се Lenovo К3 Note и Xiaomi Redmi Note имаат повисока цена, а не овозможуваат којзнае какво искуство со перформансите за разлика од фаблетот на Meizu. Дефинитивно го препорачуваме фаблетот Meizu m2 Note. Два прста?

Автор: Александар Младеновски

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.