ZTE Nubia Z9 - Класа погоре со модерен софтвер

Објавено на 20.09.2015 17:30 во Рецензија


ZTE Nubia Z9 - Класа погоре со модерен софтвер

Оцени

usability
9.0


Перформанси
8.5


Цена
6.0


Камера
8.5


резултат
8.0


Наши забелешки

Positives:

- Иновативен Frame Touch интерфејс

- Ефикасен дизајн со тенка рамка

- Моќни хардверски компоненти

- Квалитетна камера

 

Negatives:

- Батерија која е ограничена на 8 активни часа

- Висока цена во онлајн понудата

- Недостиг на мемориска microSD картичка

- Голема тежина од 192 грама



Целата рецензија

ZTE и покрај тоа што долги години ја гради довербата на европските купувачи не се трудеше премногу за настап во премиум класата и нудеше претежно поевтини смартфони во основните класа со пониски цени во при-пејд понудата. Сега, ZTE ги подигна амбициите и ја издвои новата дивизија Nubia која ќе биде задолжена токму за врвни смартфони со екстра квалитет. Од ова друштво најмногу се истакнува шармантниот и ефикасен ZTE Nubia Z9 кој претендира кон посилните конкуренти како HTC One M9 и Sony Xperia Z3+ со симпатичен и оригинален дизајн, како и понуда на најновите хардверски компоненти. 

Предноста на ZTE Nubia Z9 е во домашната Кина каде има пониски трошоци и цената на продажба секако е многу поевтина, но затоа пак преку онлајн продавниците по одреден период очекуваме да добие поголем попуст за да биде прифатлив и за европските купувачи кои не би потрошиле повеќе од 400 долари.

Дизајн

ZTE вложил многу во дизајнот на Nubia Z9 за да добие ефект на оригиналност и свежина иако веќе е навистина тешко да се пронајде идеална естетика која ќе ги освои купувачите на прв поглед. Nubia Z9 секако, има шанси да го стори тоа со квалитетното метално тело на кое единствена замерка може да му најдеме во дебелината од 8.9 милиметри која е прифатлива и дава поголема сигурност во рака што спречува лизгање, но мислиме дека според денешните стандарди од 7 милиметри, ZTE можел да сработи и подобра шасија. Тоа пак, од друга страна помага во примена на нешто поиздржлива батерија со капацитет од 2900 mAh, која ќе биде доволна за активна работа од 8 часа. 

Околу екранот има поставено неверојатно тенка рамка која е речиси невидилива што допринесува во искористеноста на предната површина од 90 проценти и токму тоа е најголемиот адут на дизајнот. Смартфонот е сместен во сендвич од стакло и метал и горниот и долниот дел се позасилени со што се добива и неговата поголема тежина од 192 грама, но тоа е направено како што споменавме за поголема сигурност при држење во рака, а низ екранот со наведените функции лесно ќе „оперирате“ со прстите, па затоа тука одат сите пофалби.

Дисплеј

Како што споменавме дисплејот е ограден со минимална рамка која освен што дава естетски придобивки носи и неколку додатоци во самиот софтвер наречен Frame Interface за нови команди и контроли во менито. На самиот раб од дисплејот ќе добиете повеќе опции за контрола на апликациите кои ги користите, со активирање на камерата без потреба од досегање на прстот до средината на екранот за притискање на виртуелното копче.
Потоа ќе може да го регулирате звукот при гледање мултимедијални содржини без притисткање на физичкиот левер за звук, промена на апликации со „лизгање“ низ работ на екранот, лесен начин на бележење на скриншот и уште многу други квалитетни додатоци. Nubia Z9 има големина на дисплејот од 5.5 инчи со Full HD резолуција и т.н 2.5D ефект за продлабочување на приказот и командите слично како кај 3D Touch на iPhone 6s. 

Хардвер и перформанси

Со изборот на најмоќните расположливи хардверски компоненти ZTE Nubia Z9 си го обезбедува местото во елитата. Смартфонот работи со осум-јадрениот Qualcomm Snapdragon 810 процесор од најновата генерација, 3 GB RAM за постојан мултитаскинг, како и 32 GB меморија сосема доволни за складирање на сите ваши податоци и содржини. На почетокот споменавме дека ZTE Nubia Z9 има поголема батерија со капацитет од 2900 mAh што обезбедува околу 8 часа активна работа или во реална употреба околу ден ипол со едно полнење што не е најдобро решение, но е во рамките на конкуренција која се уште нема точен одговор за подолготрајна батерија во премиум класата. 

ZTE Nubia Z9 работи совршено брзо при отворање и работа со сите апликации, Adreno 420 e одлична за подршка на новите мобилни 3D игри со напредна графика, а со 4G LTE модемот ќе може да користите брз трансфер на податоци преку интернет. Мал проблем е секако прегревањето на Snapdragon 810 процесорот при гледањето на HD видеа или подолг период на играње, што не е вина на ZTE, а проблемот е надоместен со цврстата маска и нема да имате проблеми со држење на телефонот. Вториот проблем е недостигот на мемориска картичка за тие со еден куп слики, видеа, песни и содржини, па затоа решение ќе треба да барате во Cloud серверите.

Софтвер и интерфејс

Овој смартфон се издвојува од понудата на ZTE и во делот на интерфејсот кој е мешавина на Android Lollipop оперативниот систем и новиот аранжман на Nubia UI со многу елементи кои потсетуваат на iOs како што е исклучување на листата со апликации кои директно се поставени на почетните панели, потоа менито со главните опции е слично како кај iPhone, а новитети има во заклучениот екран, брзите активации на најчесто користените апликации и камерата, и менито за брз пристап на конекциите кое се активира со влечење од врвот надолу. Powersaver е додаток за штедење на батеријата во „кризни“ моменти кога ви е најпотребно и апликацијата ве известува уште колку време ви преостанува за работа. 

Тоа што најмногу ги нервираше сите во Android Lollipop е неможноста наеднаш да се исклучат сите активни апликации во recent менито, па затоа ZTE додава ново копче Accelerate phone со кое ќе ги исклучите сите со еден допир. Niudin апликацијата исто така решава уште едно горливо прашање за безбедноста на Android системот и ви дава пристап до сите инсталирани апликации и нивните сертификати и одобренија кое ќе може да ги исклучите доколку сметате дека ви пречат.

Камера и мултимедија

ZTE Nubia Z9 рапсолага со 16 MP Sony Exmor IMX234 камера со f/2.0 апаратура на леќата која не е најефикасна моментално на пазарот, пример LG G4 доаѓа со многу посконцетрирана леќа од f/1.8 но, затоа пак не заостанува премногу кога е во прашање собирање на светлина за висок квалитет на сликите, како и ефикасен и брз автофокус. Смартфонот во голема мера за потпира на сопствениот софтвер од каде се регулираат сите параметри на камерата и сцената. Камерата располага со оптичка стабилизација на сликата што е секогаш добредојдено за снимање на видеа кои не се „тресат“ и немаат силен шум на звукот. Исто така може да снимате и со максимална резолуција од 4K HD.

HDR режимот може да се користи за повчпечатливи детали кога имате убава позадина, но знае да премногу да ги осветли темните делови со што се добива не баш привлечен ефект, па затоа сликајте при дневна светлина претпладне или попладне кога сонцето не е најсилно. Во Pro сегментот на апликацијата добивате поголем пристап до техничките параметри, како ISO квалитетот, изложеноста и балансот на бело кои секој напреден фотограф може да ги распоредува по свој вкус и потреба.

За користење на мултимедијални содржини како песни и видеа може да го активирате Nubia плеерот кој има одличен и прегледен интерфејс за креирање на плејлисти, избор на песни, информации за изведувачот, како и приказ на текстовите доколку се достапни. Звучниците на ZTE Nubia Z9 не се премногу силни, па ќе треба да го активирате Dolby Digital Plus додатокот за регулирање на звукот.

Заклучок

ZTE Nubia Z9 е смартфон во кој е вложен многу труд и внимателно се дотерани сите детали во дизајнот, искористени се најмоќните хардверски компоненти на располагање, а големи пофалби има за иновациите во интерфејсот, апликациите и софтверот. Недостатоците очигледно се малку на број, но ги наоѓаме во батеријата која нема да ви дозволи премногу да се опуштите во текот на денот, а нема ниту microSD картичка. ZTE Nubia Z9 исто така може да се оцени како еден од најскапите телефони бидејќи преку онлајн продавниците се нуди за 600 долари, па очекуваме таа цена да се намали во наредниот период.

Од друга страна ZTE Nubia Z9 ќе ви помогне да се издвоите од стандардната понуда во Android сегментот на LG, Sony и HTC, а доколку пак сакате кинески брендови тогаш тука силно се наметнува како сериозен конкурент.

Автор
Христијан Станоевиќ

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар