HTC Desire 626 ќе продре како нискобуџетник

Објавено на 25.09.2015 13:15 во Рецензија


HTC Desire 626 ќе продре како нискобуџетник

Оцени

usability
4.0


Перформанси
2.0


Цена
7.0


Камера
3.0


резултат
4.0


Наши забелешки

Positives:

- Солидна батерија;

- Евтина цена;

- Нов оперативен систем;

 

Negatives:

- Слаби перформанси;

- Слаба камера;

- Слаба меморија;



Целата рецензија

Едно од најголемите збиднувања во областа на мобилната технологија оваа година е војната на телефоните што чинат помалку од 200 долари. Имајќи ја во предвид огромната конкуренција помеѓу мобилните гиганти што нудат евтини уреди со голем број на опции за нив, корисниците веќе ќе бараат од компаниите да покажат дека навистина нудат голем број на опции за парите. Иако минатата година беше тешка за HTC, компанијата со седиште во Тајван сепак продолжува со проширување на своето портфолио со HTC Desire 626. Може ли овој телефон од 200 да застане и да се бори против сите со своите можности? Тешко, затоа што нуди многу ниски перформанси, кои се доволни само за извршување на најосновните функции. Ниската цена на смартфонот може да победи во случајов. 

Дизајн

Досега линијата на HTC Desire се креираше со спефицичен дизајнерски јазик, кој немаше драматични промени во последните неколку години. HTC Desire 626 ја следи препознатливата дизајнерска двобојна модна линија со пластична конструкција. Конкретно белата варијанта на телефонот е комбинација на доминантна бела боја со син акцент. Копчињата и сите влезови се наоѓаат на нивните вообичаени места, што е типично за Desire линијата. Тоа значи дека копчињата за вклучување/исклучување и гласовните контроли се наоѓаат на десниот раб од телефонот, 3.5 милиметарскиот џек за слушалки е на врвот, слотовите за SIM и microSD картички се на левата страна и влезот за microUSB е одоздола. На прв поглед изгледа како Desire 626 да има два звучника, но тоа е само мамка кај дизајнот, затоа што само долната решетка е аудио излез, а горната е резервирана само за увото, односно извршување на повици.

Дисплеј

HTC Desire 626 се одликува со 5-инчен 720 x 1280 Super LCD дисплеј, што одговара на барањата за телефон со ваков ценовен ранг. Дисплејот има густина на пиксели од 294 ppi, што значи дека екранот е ефикасен барем за секојдневна употреба. Панелот има топол тон со својата температура на боите од 6300 Келвини, што е блиску до идеалната референтна вредност од 6500K. Тоа значи дека повеќето бои одлично ги пренесува во оригинална состојба - ја намалува зелената, а ја распрскува жолтата боја. Дисплејот несомнено содржи добри квалитети, но недостасува само малку од интонацијата на боите за да бидат сликите поживи за човечкото око.

Интерфејс и софтвер

HTC Desire 626 го симболизира истото Sense чувство, што сите ние го обожаваме. Искуството со овој интерфејс останува исто, односно едно од најдобрите искуства што можете да ги доживеете со вашиот телефон, особено за буџет од ваква категорија. Интерфејсот на Sense 7 претставува мешавина од модерен и привлечен дизајн, со едноставен и јасен пристап. Доказ за практичноста на Sense се HTC BlinkFeed за агрегирање на социјално вмрежување и HTC Sense widget, кој нуди препораки за важни апликации врз основа на нашето користење и локацијата.

Единственото нешто што недостасува тука се Motion Launch гестовите, кои ги има само кај мобилните уреди на HTC со висока цена. Без оглед на тоа, искуството со Sense 7.0 и Android 5.1 Lollipop е супер и имате можност за индивидуално уредување на апликациите, имајќи го предвид тоа што сите корисници имаат различен вкус при управувањето со својот смартфон. Од друга страна, Desire 626 не нуди ништо ново, што не сме го доживеале досега на претходните HTC уреди.

Процесор и меморија

Прилично збунувачки е што HTC одлучил да стави quad-core 1.1GHz Qualcomm Snapdragon 210 процесор во Desire 626, затоа што кај досегашните телефони се користеше Snapdragon 400. Исходот од оваа одлука веруваме дека нема да е добар. Сите основни операции смартфонот ќе може добро да ги извршува, но очекувајте одолговлекување ако го оптоварувате со игри или со вклучување на повеќе апликации одеднаш. Значи, ако сте зависник од инсталирање на комплицирани апликации, овој уред не е за вас. Има 1,5 GB RAM меморија и 16 GB меморија за складирање на податоци, но цифрите за меморија се само од реклама, но во реалноста со пакетот ве следуваат даваат 9,74GB. Просторот за податоци е многу мал, но добро е да се знае дека имате можност празнината да ја пополните со microSD картичка.

Интернет, конекција и батерија

За оние што немаат трпение и не сакаат да ги снајде чекање кога се конектираат на интернет, веб сурфањето ќе им биде проблем со Desire 626. Обичните страници се отвараат прилично брзо, но се забележува дека навигациските контроли и рендерирањето на страницата не се на исто ниво на брзина како телефоните од висока класа. Телефонот има CDMA поддршка, aGPS и GLONASS, Bluetooth 4.1 и 802.11 b/g/n Wi-Fi. Извинете луѓе, но нема NFC тука. 

Немојте да ја осудувате пребрзо батеријата со капацитет од 2000 mAh на Desire 626, бидејќи таа постигнува подобри резултати отколку батериите со поголеми цифри. Тестирањето на батеријата открива дека HTC Desire 626 трае 6 часа и 32 минути. Со нормално користење може да трае до еден ден. 

Камера

Љубителите на фотографирањето ќе бидат разочарани од камерата. Гледајќи во хардверот на камерата на Desire 626, тој содржи 8-мегапикселна задна камера и 5-мегапикселна предна камера. Интерфејсот на камерата е ист како кај другите Sense 7.0 телефони. Фото сликањето е многу едноставно и се сведува на само 3 главни начини на фото-шотови - автоматски, HDR и панорамско сликање. Предната камера нема ниту една опција за разубавување на слики.

Перформансите на камерата се претежно на ниско ниво. Се разбира, не очекувавме многу имајќи ги во предвид перформансите на Desire 626, но барем да имаше малку подобар заден фото-шутер. Деталите речиси и не се познаваат, а сликите се малку магливи и зашеметени, што е уште полошо кога има ниско ниво на светлост. Преголем недостаток се острите детали на сликите во услови на недоволна осветленост, а квалитетот на јасност е лош и тоа го лишува смартфонот од неговата моќност. Ни се допаѓа тоа што има HDR и во одредени сцени на сликите им дава силен контраст со фокусирањето на сенките, давајќи им зголемена изложеност. Проблемот не е во тоа што телефонот има максимална резолуција од 720p, туку тоа што детектира малку детали кога слика и снима.

Заклучок

Во моментот бенчмаркот на телефонот Мото G 2015 ќе биде голем репер за споредба со другите смартфони во рамките на својот делокруг. Навистина, Desire 626 на HTC има добра цена од 185 долари, што е разумно барање за оваа понуда. Сепак овој пакет е многу послаб одошто Мото G го нуди во однос на функционалноста. Прилично загрижува тоа што за истите пари може да добиете подобар смартфон, што можеби не е толку медиумски експониран, но ете, корисниците го наоѓаат патот за да дадат помалку пари и да добијат подобро искуство, освен ако не се големи обожаватели на HTC линијата. Како и да е, нема да бидете многу во загуба ако го купите HTC. Desire 626 има задоволителен дизајн и нема да ви прави проблеми за обичните функции, освен ако не сакате нешто повеќе. 

Автор: Александар Младеновски

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.