iPhone 6s - 3D моќта на Apple

Објавено на 08.10.2015 12:46 во Рецензија


iPhone 6s - 3D моќта на Apple

Оцени

usability
9.5


Перформанси
8.0


Цена
5.0


Камера
7.0


резултат
7.4


Наши забелешки

Positives:

- Добра енергетска ефикасност;
- 3D Touch технологија;
- Цврст алуминиумски и убав дизајн;
- 4К снимање;
- Брзи перформанси;

 

Negatives:

- Слаба батерија;
- Слаба камера;



Целата рецензија

S генерациите на iPhone телефоните досега не нудеа ништо возбудливо, но гледајќи ги подобрувањата на овогодинешниот модел Apple iPhone 6s, искрено кажано, компанијата од Купертин пријатно не изненади. iPhone 6s и 6s Plus целосно ги изменува досегашното корисничко искуство во мобилната технологија. Технологијата 3D Touch е голема работа за новиот модел на Apple, уште повеќе што ова е пример за голема иновација, што ретко може да се најде. Освен 3D Touch технологијата, iPhone 6s носи прилично долг список на подобрувања, како што се: побрз процесор, подобра камера, повеќе RAM меморија, Siri и Touch ID надградбите, подобрено алуминиумско тело со поиздржлив стаклен екран, поефикасно безжичен модем, итн. Со добрата хардверска основа и иновациите ан iOS 9, iPhone 6s изгледа како да е создаден за главен владетел на пазарот на мобилна телефонија. 

Дизајн

Како што очекувавме, iPhone 6s го задржува истиот стајлинг како својот претходник, што не е лошо, затоа што дизајнот е атрактивен и практичен. Се состои од алуминиумско тело, LCD дисплеј, заштитен со уште посилен стаклен капак од претходниот - оној што се произведува со користење на "двоен процес на јонска размена". Дисплејот има заштита со Gorilla Glass 4, кој не го заштитува екранот од гребнатинки, туку е добар за да го заштити од кршење. Мора да кажеме дека Apple го изработи новиот модел со посилен алуминиум (7000 Series), значително подобар од оној кај iPhone 6 и 6 Plus. Ако 6S случајно го заборавите во задниот џеб, нема потреба да се грижите дека ќе се свитка под притисок, затоа што со тестирањето е докажано дека е доволно цврст за да ја задржи својата оригинална геометрија. iPhone 6s има испакната камера исто како неговиот претходник. Физички, телефонот е 7,1 мм тенок и тежи 143 грами, што значи дека е малку потежок од шеската. Сите физички копчиња на iPhone 6s - копчето за глас, копчето за вклучување, мутирање и почетниот екран, се лоцирани на нивните вообичаени места, и добро е тоа што кај новиот модел копчињата се помеки кога ги притискате. 

Дисплеј

Големината на екранот на iPhone 6s останува иста - 4,7 инчи, а резолуцијата е исто така непроменета - 750 x 1334 пиксели. Ова не изгледа многу во споредба со онаа на Android телефоните од високата класа - 1080 x 1920 и 1440 x 2560 пиксели. Но, густината на пиксели изнесува 326 ppi, што е многу висока цифра и воспоставува високи стандарди кај денешните компјутери. Дисплејот на iPhone 6s овозможува фини визуелни детали, убава и чиста слика, лесен за читање и гледање. Како и да е, веројатно е подобро да се држи до резолуцијата од 750 x 1334 пиксели поради енергетската ефикасност и предноста со брзината на телефонот.

Максималната осветленост на Apple iPhone 6s е малку осиромашена, затоа што минатогодишниот модел имаше 600 нити осветленост, а 6s има само 550 нити. Функциите за автоматската осветленост функционираат совршено во мрак и на сонце, така што се оди во прилог на заштеда на енергија. IPhone 6 има одличен баланс на бојата и температурата на боите е подобрена и намалена од 7150 на 7050 Келвини кај 6s. Забележуваме само дека iPhone 6s се уште покажува тенденција кон благо студени слики, но општо и во целост, тој е меѓу најдобрите од овој аспект. Очекуваме Apple да се ослободи од прекумерната сина боја во следната генерација на производот. 

3D Touch (хардвер и софтвер)

Постојат два аспекта кај новата технологија - 3D Touch технологијата со сензор чувствителен на притисок, која сега е вградена во дисплејот. Од хардверска гледна точка, 3D Touch нема допирни точки со визуелните карактеристики на екранот. Допирот содржи 96 сензори за притисок вградени во задниот панел за да го детектира притисокот со кој го притискате копчето на дисплејот. Овие сензори детектираат микроскопски промени во растојанието од капакот на дисплејот и осветлувањето и работи заедно со сензорот за допир и акцелерометарот, со цел да ја утврди точната точка и нивото на примена на сила. iPhone 6s препознава две нивоа на сила кај едноставните допири.

Со цел корисникот да почувствува кога точно се применува доволно сила овде, Apple морал да спроведе подобрена верзија кај моторот за вибрации - Taptic Engine. Apple вели дека типичниот вибрационен мотор кај модерниот смартфон трае околу 10 осцилации за да постигне максималната моќ, а Taptic Engine го прави тоа само со 1 осцилација, овозможувајќи побрз одговор на барањата од корисникот. Овој одговор се реализира во две различни форми на повратни информации: „мини допир“ (во траење од 10 милисекунди) и „целосен или силен допир“ (во траење од 15 милисекунди). Мини допирот е полесен и се употребува при одбирање на одредена апликација(Peek gesture), додека целосниот допир е за Pop gesture. Реално, разликата меѓу слабиот и силниот допир не е голема.

Одличен пример за корисноста на 3D Touch е почетниот екран, кој со силно притискање на иконата на апликацијата, ви излегува мало мени со кратенки, директно поврзани со некои од најважните функции на апликацијата. Со силно притискање на иконата за камерата, ве води кон функциите: „Take Selfie”, “Record Video”, “Record Slow-mo” и “Take Picture”. Ако притиснете на иконата Mail app, ќе ви излезат кратенките: “Inbox”, “VIP”, “Search”, and “New Message”. Замислете колку време ви заштедува иновативната можност на долг рок кај корисничкиот интерфејс.

Интерфејс и софтвер

iPhone 6s доаѓа со најновиот iOS 9, кој не менува ништо кај корисничкиот интерфејс. Почетниот екран е со часовникот и календарот, и се друго е исто. Паѓачките функции за известување се достапни преку лизгање на горниот раб надолу, кадешто може да додадете различни графички контроли, или било што друго. Пребарувачот е очигледно областа каде Apple сака да се подобри. iOS 9 го враќа Spotlight Search на homescreen, кој беше отстранет кај iOS 7. Предноста со лизгањето надолу е очигледна, со тоа што ви дава брз пристап за пребарување, без оглед каде сте влезени или што имате отворено. Siri сега е попаметна и проактивна - ви ги предложува соодветните апликации врз основа на местото и времето од денот, а извршува и комплексни функции, како што е потсетувањето за нешто на одредено место или одредено време. На пример, ако побарате да ве потсети да ги измиете садовите кога ќе се вратите дома, тогаш сметајте дека работата е завршена, и тоа со ефикасен и пријателски пристап. 

Процесор и меморија

Како и сите понови процесори, iPhone има А9 со dual-core, 64-битен Twister процесор, кој може да достигне фреквенција од 1840 MHz. Овогодинешното ветување на Apple е остварено - моќта на процесорот е поголема за 70%, со што перформансите на процесорот се далеку подобрени, во споредба со А8 процесорот на iPhone 6. Новиот PowerVR GT7600 графички процесор испорачува перформанси за 90% поголеми во споредба со претходната генерација. Apple ја зголемува RAM меморијата од 1GB(iPhone 6) на 2GB(iPhone 6s). iPhone 6s е најбрзиот телефон што сме го виделе. Барањата на корисниците се задоволени во овој случај и нема да имаат проблеми при брзиот пристап до податоци. За жал, неодамнешното лансирање на iOS 9 доведе до одредени нестабилности, но тие обично се решаваат навремено и преку софтверски закрпи.

Бенчмарк поените на iPhone 6S укажуваат дека станува збор за сериозен телефон, кој дефинитивно ја надминува конкуренцијата. Обработката на графички податоци е импресивна, со што ги уништува своите ривали, а тоа делумно се должи на високата резолуција на дисплејот. iPhone 6s покажа импресивни поени од 59 fps за време на тестирањето. За жал, Apple не ја променил опцијата за складирање на податоци, повторно има 16GB меморија, што е прилично лошо, имајќи во предвид дека снима со 4K видео и брзо ги решава задачите. Ви препорачуваме да ги земете веерзиите со 64GB или 128GB, ако имате намера да снимате 4K видеа или 1080p снимки, доколку планирате да инсталирате голем број на апликации и игри, или снимате многу песни, фотографии и видеа. 

Интернет, конекција и батерија

Mobile Safari продолжува да се надградува со цел да овозможи подобро корисничко искуство при сурфање на интернет. Имате брзо отворање на страници и смарт навигациски контроли, како што е на пример високата сензитивност при зумирање. 3D Touch технологијата помага значително и овде да се подобри искуството. Користејќи ја светлината со 3D Touch на линк, функцијата за одбирање (Peek gesture) се активира за да ни покаже мал преглед на она што сме го таргетирале. 

Освен LTE поддршка, iPhone 6s има поврзување со aGPS со Glonass, Bluetooth 4.2, dual-band Wi-Fi 802.11 a/b/g/n со MIMO и NFC за Apple Pay. LTE е обезбеден со LTE-А Cat 6, со 6 брзини до 300 Mbit/s и 50 Mbit/s. Кога видовме дека iPhone 6s има послаба батерија од неговиот претходник, односно ја намали од 1810 mAh(iPhone 6) на 1715 mAh(iPhone 6S), бевме разочарани. Но, со тестирањето сите наши стравови исчезнаа, бидејќи батеријата покажа резултати со времетраење од 8 часа и 15 минути, што е голем напредок во споредба со претходникот - 5 часа и 22 минути.

Камера

Apple испорачува 12 мегапиксели задна камера, со 1.22μ пиксели и великодушна 5-мегапикселна предна камера. Задната камера има двоен LED блиц, леќа со решетка од f/2.2, автофокус со т.н. Фокус на пиксели, хибриден IR филтер, BSI и сафирски објектив. Подобрување на квалитетот на фотографијата е значително со 4K (3840 x 2160) видео-снимките, но за жал, iPhone 6S нема оптички стабилизатор на сликата, затоа уредот ќе може да се потпира само врз софтверските техники за ги стабилизира и разубавува сликите. 

Од изборот на режими за сликање имате панорама, HDR и Live Photos. Блендата на камерата се забавува 1,5 секунди пред да слика и 1.5 секунди после фотографирањето. Со силно притискање на избраната слика, Live Photo започнува со емитување веднаш и тоа со звук. Во суштина, оваа опција овозможува поинаков вид на прикажување на вашите фотографии, со кој тие се појавуваат и оживуваат. Некои луѓе го поврзуваат тоа со GIF анимација, но не е баш исто, делумно поради тоа што Live Photos имаат звук. Оваа нова функција е дефинитивно интересна и има потенцијал да ги размрда работите во вашите фото галерии. Општо, искуството со камерата на iPhone 6S е незаборавно. 

Заклучок

iPhone 6s оваа година е центар на технолошкиот напредок во мобилната технологија, што впрочем го знаевме уште кога новите два модела беа промовирани. Тоа не значи дека Apple iPhone 6s е најдобар во буквално секој сегмент, но општо земено, софтверот и сите компоненти се внимателно подесени. Тоа со мобилниот телефон овозможува одлично корисничко искуство. Кој пробал, знае. Цената е она што би можело да биде горчливо за корисниците што не можат да му одолеат и не можат да си го дозволат, а сакаат да го купат, бидејќи чини 1.000 евра на македонскиот пазар без договори. Но, она што го нуди, дефинитивно вреди за цената.

Ѕвездата на шоуто е несомнено 3D Touch технологијата, која активира различни функции во однос на тоа како го притискате дисплејот. iPhone 6s е мудрецот што не паѓа во стапица со цифрите, туку внимателно го изработува својот дизајн и елементите под хаубата. Перформансите се моќни, камерата снима со 4К резолуција, имате шанса да одбирате три верзии на телефонот со различна внатрешна меморија, интуитивен софтвер, супер тенок алуминиумски дизајн - што повеќе би посакале како корисници? 

Автор: Александар Младеновски

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.