iPad Pro - профи и премиум дизајн!

Објавено на 27.11.2015 13:15 во Рецензија


iPad Pro - профи и премиум дизајн!

Оцени

usability
9.9


Перформанси
9.7


Цена
9.0


Камера
9.5


резултат
9.5


Наши забелешки

Positives:

- Моќни перформанси;
- Apple Pencil;
- Голем и квалитетен дисплеј;
- Добра графика;
- Напредни мултитаскинг алатки;
- Подобрен iOS9 софтвер; 
- Неодолив дизајн;

 

Negatives:

- Слаба камера;
- Слаба батерија;
- Висока цена;



Целата рецензија

iPad е сè уште на врвот во светот на таблетите, незаменлив уште од денот на неговото креирање, без достоен ривал што би можел да ја преземе неговата доминација на пазарот. Кога има таков влијателен производ, се поставува прашањето што уште може да се иновира, со цел да се привлечат дополнителни потрошувачи. iPad Pro е најдобриот и најмоќен таблет на Apple, кој ви нуди најдобри решенија во областа на мобилните компјутери со нова димензија, супер практичен кога го држите во раце и лесна преносливост, кој може да биде многу креативен и уметнички инструмент. Има моќен хардвер, но не го гледаме како ривал на лаптоп или хибриден компјутер, затоа што функционира со iOS 9. 

Дизајн

iPad Про нуди голем простор за работа, за неверојатни 78% повеќе екран отколку iPad Air 2. Кога станува збор за големината на iPad Pro, тој растура кај уредите од сличен калибар - Samsung Galaxy NotePRO 12.2 и Microsoft Surface Pro 4. Apple од овој аспект нуди потенок и полесен таблет, и покрај тоа што има поголем екран. iPad се одликува со премиум дизајн и цврста квалитетна градба, креиран по препознатливата заводлива линија на iPad. Таблетот има грациозно и тенко алуминиумско тело од 6.9мм, кој од предната страна на панелот има стакло на рабовите. Покрај исклучително добрата градба, неодоливиот уред на Apple е екстра лесен со само 712 грама. Кога го држите iPad Pro во рака, сфаќате дека е сосема удобен поради неговата распределена тежина, и покрај огромната големина. Има доволно празен простор на рамката за да не мора да ги лепите вашите раце на дисплејот кога сакате да го држите удобно.

Големиот дизајн на таблетот не е оригинален како за неговата категорија, кој се обидува да биде нешто помеѓу таблет и мини компјутер, со што неговата предност би била портабилноста. Копчињата и контролите на iPad Pro и iPad Air 2 се наоѓаат на истите места - копчето за вклучување/исклучување, 3.5 милиметарскиот џек за слушалки на горниот раб, копчето за звук на должината на десниот раб, и Lightning connection на дното на уредот. Имате четири звучници со него, поставени на должината на рабовите на таблетот - два над екранот и два под него и Smart Connector кој се користи за да се поврзете со iPad Pro на опционалната Смарт тастатура. Овој iPad на Apple не би бил модерен без Touch ID сензор, интегриран во копчето Home. Како што се очекуваше, сензорот функционира прилично точно и одговара достојно кога станува збор за отклучување на таблетот со скенирање на прстот.

Дисплеј

Огромниот екран на iPad Pro е благословен со 12,9 инчен IPS дисплеј, со резолуција од 2048 x 2732 пиксели, за кој Apple вели дека е "најнапреден" Retina Display досега. Дисплејот има густина на пиксели 265 ppi - идентична како онаа на екранот на iPad Air 2. Чудно е тоа што цифрите se slabi, а во реалноста дисплејот изгледа прилично детално, особено кога го држиме на нормална дистанца. Текстот на веб прелистувачот е лесно читлив и свеж, не заморувајќи ги очите. Retina дисплејот е прекрасен со својата бистрина, блескав е и има широк агол за гледање. Боите изгледаат многу природно и живописни се. Температурата на бојата е прилично ладна - изнесува 7400 Kелвини и гама вредноста е 1,87. Дисплејот е лесен за вашите очи, но не е токму таков како што го опишуваат бројките. Освен тоа, кога се обидувате да гледате во дисплејот на отворено, ќе се соочите со предизвик, затоа што екранот не е многу светол, неговата максимална светлина изнесува 379 нити.

Интерфејс и софтвер

Apple е сериозен во своите заложби да испорача iPad што ќе биде ефикасен за работа и да биде подобар од било кој таблет за играње игри. Важно е да се забележи дека iOS 9 не е замена за десктоп оперативен систем, затоа не е достојно да го третираме iPad Pro како ривал на лаптоп или хибриден компјутер. Тој не може да го испорача истото ниво на продуктивност и достапност на професионален софтвер. iOS е едноставен за користење, јасен и доаѓа со неколку изненадувања. iOS 9 не е многу различен кај iPad Pro, кој настрана од очигледниот факт што имаме дадено поголем простор за да работиме, користењето на новиот таблет е слично како да користите најнова ажурирана iOS 9 верзија на iPad Air 2.

Иконите се според нивната типична форма како и досега на почетниот екран, но дополнителниот "мртов" простор на корисничкиот интерфејс прави да изгледа како да има низок потенцијал. На пример, популарни апликации како што е Twitter, имаат многу празен простор. Од друга страна пак други некои корисници што ги користат Flipboard и Microsoft Word, ги користат предностите на дополнителниот простор понуден од iPad Pro. Apple направил неколку значајни подобрувања кај iOS 9 во одделот на мултитаскинг. Овде има неколку корисни мултитаскинг гестови, што беа понудени кај iPad уште претходно, како што е гестот со 5 прсти, за да влезете во активирачот на апликации или префрлувањето на апликации кон лево или десно. Освен тоа, Apple воведел нови карактеристики кај таблетот, што му даваат шмек на десктоп оперативен систем: Slide Over, Split View, Picture in Picture, Messaging и Apple Pencil.

Slide Over - додека сте влезени во една апликација, Slide Over ви овозможува овозможува да отворите втора апликација во секое време, со тоа што со прстот треба да повлечете од десната кон левата страна. Досега не сме го виделе ова во iOS. 

Split View - со оваа функција можете да отворите две апликации одеднаш, кои ќе се распределат на дисплејот на две подеднакви страни. Со овој режим сме поблиску до идеалите на мултитаскингот. Двете апликации се активни и може да се користат истовремено. Сепак, ограничувањето тука е што не е оптимизирана секоја апликација за оваа функција, исто како што е случајот и со Slide Over.

Picture in Picture - последниот елемент во подобрување на мултитаскинг портфолиото на iOS 9 е Слика во слика. Како што самото име имплицира, можеме да гледаме видео во посебен и намален прозорец од долната страна на дисплејот. 

Messaging - пишувањето на iPad Pro е подобрено, не само поради поголемиот дисплеј, туку и поради подобрувањата на тастатурата. Овде се вметнати гестикулации со два прста, кои овозможуваат да го поставите курсорот онаму каде што сакате да означите некој текст. Имате дури и нов бар за кратенки над тастатурата, кој обезбедува брз пристап до функциите за здебелување на буквите, италик стил на букви, линиско подвлекување на зборовите, и многу други. Може да поврзете Bluetooth тастатура или опционо да си купите Смарт Тастатура за 169 долари, специјално изработена за iPad Pro. 

Apple Pencil - моливот на Apple е опција плус ако сакате полесно да ракувате со iPad Pro. Моливот е направен со цел да можете да цртате и пишувате со повеќе природни линии на дисплејот, со различен притисок врз истиот. Apple Pencil е во предност за разлика од Microsoft Surface Pen и Samsung S Pen, затоа што е попрецизен, има можност за цртање со различни притисоци и агли од кои се држи алатката. 

Перформанси

iPad Pro под хауба има Apple A9X процесор, третата генерација од 64-битните чипови на компанијата, со двојно повеќе меморија, 2 пати побрзо функционирање и 1.8 пати побрз од A8X. Според Apple, овој процесор е побрз за 80% од другите преносни компјутери, додека графичкиот процесор е за 90% побрз отколку повеќето преносни компјутери. Со неговата 4GB RAM меморија за iOS уред, значи дека апликациите брзо се активираат и нема чекање. Во практична смисла, iPad Pro функционира одлично со своите перформанси, за што Apple очигледно се потрудил. iPad Pro нема да им создава на гејмерите што сакаат да се релаксираат, не само за нивното одлично искуство при ракувањето со најсложените игри, туку и за неговиот дарежлив дисплеј, кој го прави вистински мелем за очи и уживање.

Камера

Apple ги израдува луѓето со надградбата на камерите на нови iPhone телефони, но во iPad Pro ја ставил истата камера што се наоѓа моментално во iPad Air 2 - 8-мегапикселна iSight камера од задната страна и 1,2-мегапикселна предна iSight камера. Задната камера е опремена со f/2.4 отвор на блендата со 5-елементи, хибриден IR филтер и BSI. Сликањето со iPad Pro е потполно исто како со iPad Air 2, за што претходно споменавме дека имаат иста камера. Апликацијата за камерата е едноставна и ги нуди истите контроли што досега ги знаевме: панорама, square shots, HDR режим и дотерување на експозицијата. Како за таблет со Pro додавка, има очајно ограничување со 4K видео снимањето, поради недоволната резолуција на камерата.

Како за таблет постигнува солидни резултати од својата 8-мегапикселна iSight камера, што е добра алтернатива во случај да имате потреба да си направите спомени со старите пријатели или да фотографирате убав пејзаж. IPad има доволно детали кога слика, но боите имаат студен тон во одредени моменти, зависно од кадрите. HDR режимот овозможува неутрална експозиција за прилагодување на претераната светлина и мракот - без да ги прави сликите премногу вештачки. Во услови на недоволна осветленост, тука имаме помек тон на продукција, но во најголем дел е многу подобар во споредба со другите таблети. Неговото 4K видео снимање е очајно, затоа што нема видео стабилизација. Деталите се доволно јасни за наши потреби, но има недостаток од авто-фокус и микрофонот не може да се фокусира на нашиот глас кога зборуваме. И покрај тоа, врши одлична работа како за таблет.

Интернет и батерија

Кога имате голем дисплеј, тогаш значи дека ќе имате одлично веб искуство при сурфањето на страниците. Сите опции ќе ви бидат лесно достапни, читливоста на зборовите, а квалитетниот дисплеј се погрижува да немате проблем при читањето, затоа што линиите на буквите се прилично остри и пријатни за гледање. Напредните мултитаскинг алатки во овој случај ќе ви овозможат уште подобро искуство. Без сомнение, iPad Pro е инженеринско чудо, инженерите на Apple успеале да вградат батерија со капацитет од 10.307 mAh. Тоа е еден од најголемите батериски капацитети, овозможувајќи ви нормално целодневно користење на таблетот. Бенчмарк резултатите потврдуваат дека батеријата не е достојна за бројките, затоа што трае само 8 часа и 8 минути, за која се потребни 297 минути полнење до 100% капацитет.

Заклучок

Apple досега уживаше неколку години во најдобрата продажба на својата iPad линија, а нејзините iPad Air и iPad mini останаа најдобрата понуда на пазарот. За да го прошири своето присуство, Apple сега го направи iPad Pro - таблет наменет за работа, лесно пренослив и моќен, креативен и уметнички настроен за оние што сакаат да цртаат. iPad сето тоа знае и да го наплати, со тоа што неговата почетна цена изнесува 799 долари за верзијата со 32GB Wi-Fi модел, додека 128GB моделот чини 949 долари. Тоа значи дека е за 200 долари поскап од iPad Air 2 со 32GB, што е голема разлика во цената. Apple сепак не се плаши од ризик, тоа е всушност филозофијата на Стив Џобс. 

Автор: Александар Младеновски

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.