10 Технолошки трендови што ќе го променат светот до 2025

Објавено на 28.08.2019 08:00 во Рецензија


10 Технолошки трендови што ќе го променат светот до 2025

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Не е лесно да се процени и да се предвиди што ќе биде актуелно во иднина или што ќе го промени светот. Затоа е интересно да се прочита што некои од предводниците во поединечната индустрија ќе го види како технологија на иднината. Така Huawei во својот извештај за глобалната визија на индустријата, Global Industry Vision (GIV), ги сложи своите предвидувања за развојот на технологијата и клучните индустриски трендови до 2025 година.

1. Соживот со роботи.

Ќе имаме голем чекор напред во науката за материјалите, перцепцијата за вештачката интелигенција, мрежните технологии - сето тоа е плодно поле за воведување на роботиката во домашната и личната употреба. GIV очекува домашната роботска асистентција да се зголеми до 14%.

2. Супер вид.

Поврзување со 5G технологијата, виртуелната и проширената стварност, машинското учење и останатите нови технологии, ќе ни овозможат да погледнеме подалеку од површината и историјата. Луѓето, бизнисот и културата ќе добијат нови прозорци, а процентот на компаниите што користат технологија за виртуелна реалност ќе се зголеми за 10%.

3. Без пребарување.

Кога уредот опремен со сензори, почнува да ги предвидува нашите потреби, информациите ќе почнат да не бараат нас. Идните пребарувања нема да ги користат типките, личните социјални мрежи ќе ги креираме без проблем, а индустриите ќе имаат корист од „пребарување без резултати“. GIV предвидува дека 90% од корисниците на смарт уреди ќе ги користат интелигентните лични асистенти.

4. Улици по мерка.

Интелигентните превозни систмеи ќе ги поврзаат луѓето, возилата и инфраструктурата, ќе ги елиминираат гужвите, ќе ги забрзаат итните служби и ќе овозможат низа услуги што ќе ни го олеснат животот. GIV предвидува дека 15% од сите возила ќе располагаат со безжична технологија, која ќе ги вмрежува возилата со останатите уреди.

5. Работа со роботите.

Паметната автоматизација веќе преобрази многу индустриски гранки, а во иднина ќе се преземе извршувањето на опасните, репетитивните и многу прецизните работи, во корист на сигурноста и продуктивноста. GIV предвидува дека во индустријата на секои 10 илјади вработени во употреба ќе иам по 103 роботи.

6. Проширена креативност. 

Вештачката интелигенција во облак ќе ги намали трошоците и пречките за воведување на научни експерименти, иновации и уметност, и на сите ќе им стават на располагање голем креативен потенцијал. GIV предвидува дека 97% од големите компании ќе користат вештачка интелигенција.

7. Комуникација без пречки.

Вештачката интелигенција и анализата на големи количини на податоци ќе воспостават непречена комуникација меѓу компаниите и за корисниците ќе се елиминираат јазичните бариери. Прецизноста, довербата и разбирањето ќе биде подлога за комуникација во иднината. GIV предвидува дека компаниите ќе користат потполно 86% од податоците што ги создаваат.

8. Симбиотска економија.

Компаниите од цел свет воведуваат дигитални технологии и паметни решенија на обединетите платформи – тоа значи поголема соработка, споделување на ресурси, здрави глобални еко системи и поголема продуктивност. GIV предвидува дека сите компании ќе користат облак технологија, и дека 85% од сите работни апликации ќе бидат во облак.

9. Брзо воведување на 5G технологијата.

5G технологијата пристигна на пазарот и влегува во примена многу побрзо од претходните генерации на безжична технологија - потенцијалот што се нуди со ова на сите страни е огромен. GIV предвидува дека 58% од светската популација има пристап кон 5G технологијата.

10. Глобалното дигитално управување.

Поместувањата во дигиталната технологија ќе мора да бидат во рамнотежа со стандардните споделувања на податоци и начела за користење на податоците. GIV предвидува дека глобалниот годишен проток ќе достигне до 180 ZB (1 ZB = 1 билион GB).

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.