Има ли спас за iPhone ако внесете погрешна лозинка

Објавено на 02.09.2019 07:30 во Рецензија


Има ли спас за iPhone ако внесете погрешна лозинка

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

На секој може да му се случи да внесе погрешна лозинка на телефон, но дали овој „грев“ може да ни се прости? 

Apple има спас за вас, односно, компанијата на своите iPhone и iPad вградил опција за после неколку погрешно внесени PIN-ови или лозинки, да го блокира пристапот и да вклучи одложување на следниот обид. Секој нов погрешен обид го продолжува тоа одложување.

Пред да сфатите што се случува, погрешниот PIN веќе го заклучил вашиот смартфон на неколку часа или можеби и неколку дена. Што сега? Можеби не изгледа така, но се уште може да го вратите својот iPhone или iPad во живот. Ако редовно ги меморирате своите фотографии и видеа на iCloud или iTunes, нема страшно. Но, ако ги игнорирате пораките или меморијата ви е полна, би можело да ви се случи да останете без нив. Во секој случај, iPhone ви е блокиран поради внесување на погрешна лозинка, па така може да почекате да истече времето и да се обидете повторно со друга, се надеваме со точната лозинка. Ако ниту тоа не ви успее, тогаш не можете да направите ништо, освен да се надевате на најдоброто.

Како да го отклучите iPhone?

Влезете во "recovery mode" така што ќе го поврзете својот iPhone со компјутерот и ќе го отворите iTunes. Потоа рестартирајте го својот iPhone. За iPhone 8 или поновите притиснете ја типката за појачување на звукот, отпуштете, притиснете ја типката за намалување на гласноста и потоа притиснете и држете ја типката за вклучување. На екранот би требало да се појави "recovery mode".

Кај iPhone 7 е потребно истовремено да ја задржите типката за стишување и за вклучување, додека кај постарите модели е потребно да притиснете на "home" и типката за вклучување, додека не се појави "recovery mode". На екранот потоа ќе се појави пораката "There is a problem with the iPhone that requires it to be updated or restored" (Се појави проблем со iPhone поради што е потребно да го ажурирате или обновите). Тука одберете "restore".

Следните неколку минути целата работа ја извршува компјутерот, односно iTunes. Ако процесот потрае над 15 минути, iTunes ќе го прекине и ќе мора да почне од почеток. Никако немојте да го исклучите својот iPhone од компјутерот, додека цел процес не заврши, за да не направите дополнителна штета.

Кога процесот на обнова на уредот завршува, може повторно да ги внесете своите поставки во уредот и да почнете со користење. Ако пред заклучувањето направите безбедносна копија од своите податоци, може едноставно да ги повратите користејќи го својот Apple ID.

Поврат на податоци

Спојте се на интернет и на телефонот во Setting и пронајдете ги Apps & Data. Одберете Restore from iCloud Backup. Логирајте се на својот iCloud профил со помош на Apple ID и одберете ја последната верзија на безбедносна копија. Логирајте се на својот Apple ID профил и вратете ги своите апликации.

Зависно од тоа колку податоци имате меморирано на iCloud и инсталирани апликации, овој дел може да потрае. На екранот на телефонот ќе ви напише колку време ќе му треба за целосно повраќање. Кога процесот ќе заврши, може повторно да почнете да го користите својот iPhone. Се разбира, внимавајте да не ви се повтори истата приказна.

Што ако и понатаму ви е заклучен?

Ако го поминавте "recovery" и се уште не можете да влезете и да го користите својот iPhone, за жал, немаме добри вести за вас. Ќе мора да се обратите на овластен сервис, во кој ќе се обидат да ви помогнат да ја вратите функционалноста на iPhone.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.