Samsung Galaxy Note 10: Моќност на лаптоп, а го држиме во дланка

Објавено на 25.09.2019 07:30 во Рецензија


Samsung Galaxy Note 10: Моќност на лаптоп, а го држиме во дланка

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.8


Камера
10.0


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Samsung во Њујорк одржа светска премиера со Galaxy Note 10, новата серија на смартфони, што телефони.мк ја следеше во живо. Телефонот на Samsung многумина го пречекаа со голема возбуда, (после Fold),  затоа што се одликува со елегантен дизајн со моќни перформанси и продуктивност. Новиот модел им овозможува на корисниците максимално да го искористат секој момент. 

„Од самиот почеток, Note е синоним за најдобра технологија и спецификации, а модерните корисници тоа го препознаа и го користат за да ја зголемат својата продуктивност и креативност. Без оглед на тоа дали решаваат голем проект за работа, снимаат или уредуваат видео записи или играат омилени игри, секој елемент на смартфонот Galaxy Note 10 е дизајниран за да овозможи повеќе, побрзо и подобро“, истакна ДЏ Коу, претседателот и извршен директор на Одделот за ИТ и мобилна комуникација на Samsung Electronics.

Дизајн и дисплеј

Galaxy Note уште на прв поглед е многу привлечен. Од Samsung се потрудиле да одберат боја што ќе го направи уредот елегантен за бизнис корисници, но и доволно добар за креативните корисници. Galaxy Note е за прв пат достапен во две големини, па корисниците може да ја одберат која боја им одговара најмногу. Galaxy Note 10 доаѓа со S Pen стилус и има 6,3-инчен Cinematic Infinity Display, додека Galaxy Note 10+ и Galaxy Note 10+ 5G имаат најголем Note екран досега – 6,8-инчен дисплеј - Cinematic Infinity.

Dynamic AMOLED екранот со HDR10+ сертификат и динамичкото пресликување на тонови овозможува посветли фотографии и видеа, отколку кај останатите уреди на Note. За поудобно гледање на спецификациите, Eye Comfort ја намалува сината светлост без влијание на квалитетот на боите.

Волшебното стапче се вика S Pen

Една од најпознатите спецификации на Galaxy Note серијата е сигурно смарт стилусот S Pen. Со тоа што на корисниците им овозможува полесно користење на смартфонот, новиот стилус S Pen прпеознава и гестови со раката, со цел да може корисниците да го користат и за далечинско управување, на пример во текот на снимањето на видеа. Освен тоа, може да ги претвори белешките од хартија во дигитален текст, да ја прилагоди нивната големина и да го промени форматот на документите, на пример во Microsoft Word. Но, тоа не е се. Корисниците на S Pen Air може да играат видео игри или да ги користат омилените апликации без допир на смартфонот.

Компјутер на дланка

Samsung DeX е веќе добро познат за корисниците на Samsung, но во случајот на Galaxy Note 10, доволно е да се поврзе смартфонот со екранот со помош на USB кабел и корисниците да може да управуваат со датотеки и да ги користат мобилните апликации со помош на глувче и тастатура, при што податоците на уредот се чуваат од дигиталната платформа Samsung Knox. Само еден клик е доволен за директно поврзување со компјутер со Windows 10. Така може непречено да ја прегледаат историјата, да ги примаат и испраќаат пораките, како и да ги прегледуваат фотографиите без употреба на смартфонот. Samsung договори партнерство со Microsoft, што на корисниците ќе им овозможи да одговараат на телефонски повици преку компјутерот, на кој е поврзан Galaxy Note 10.

Професионални фотографии

Сите што сакаат да фотографираат и снимаат видеа со новиот Galaxy Note 10 ќе им се направи меракот. Samsung поработил на камерите и додадел нови опции што ја овозможуваат обработката на фотографиите и видеата директно на телефонот. Со опцијата Video Live Focus корисниците може да го фокусираат објектот што го снимаат и така да го избегнат несаканиот губиток на фокусот. Истовремено спецификацијата Zoom-in Mic ги зајакнува и изолура саканите звуци, па така може добро да го слушнете лицето што зборува, дури и во гужва. Новата подобрена опција Super Steady го стабилизира и олеснува снимањето, па снимките изгледаат како да се направени со помош на професионални камери.

После креирањето на фотографиите и видеата, со помош на S Pen може да ги доработуваат на уредот Adobe Rush. Совршено за гејмери и влогери, кои сакаат да додадат персонализација на стриминг, да ги подобрат своите туторијали и да креираат забавни и привлечни видеа, со што Screen Recorder едноставно ќе снима се што се прикажува на екранот и ќе ги додаде посакуваните реакции.

Galaxy Note 10 ги интегрирал 3D можностите како за професионален апарат и спецификации за вештачката интелигенција. Со ултраширокиот објектив, тука е 3D скенерот за Galaxy Note 10+ и фотоапаратот DepthVision, кој може да го скенира било кој предмет и веднаш да го претвори во движешко 3D уредување. Ноќниот режим на работа сега е достапен и на предната камера, што на корисниците им овозможува врвни селфи фотки и во мрачни услови, без оглед на тоа дали станува збор за фотографирање во текот на ноќта, концерт или залез на сонцето.

Не смееме да го заборавиме хардверот

За да може да работите подобро и побрзо, Galaxy Note 10 е дизајниран со врвен хардвер и напредни спецификации. Galaxy Note 10 доаѓа со 6,3-инчен Dynamic AMOLED Infinity-O дисплеј. На задната страна има три камери – ултраширока од 16MP + широкоаголна од 12MP + телефото камера од 12MP. Предната селфи камера има 10 мегапиксели.

Note 10 доаѓа со 8GB RAM меморија и 256GB ROM меморија, додека 5G верзијата доаѓа со 12GB RAM и 256GB ROM меморија. Батеријата на Note 10 има капацитет од 3500mAh. Опцијата Game Booster се базира на вештачка интелигенција и ги оптимизира перформансите и потрошувачката на енергија во зависност од играта, а со услугата на стриминг PlayGalaxy Link P2P корисниците може да продолжат да играат каде што застанале на било која компјутерска игра, дури и кога не се наоѓаат на едно место. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.