Facebook може да предизвика стрес и несоница од користењето

Објавено на 29.09.2019 14:50 во Рецензија


Facebook може да предизвика стрес и несоница од користењето

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Тоа со Cambridge Analyticа веќе е лошо минато што сепак не ги поколеба корисниците да заминат од Facebook, но за ова дефинитивно мора да размислите. Се работи за вашето здравје. Истражувањата покажуваат дека деактивирањето на профилот на социјалните мрежи кај поединецот го намалуваат количеството на кортизол, хормонот за стрес, кои водат кон несоница и анксиозност, слабеење на функциите на имунитетот, но и развојот на зголемен крвен притисок, болести на срцето и развој на карцином на подолга фаза.

Cambridge Analytica, компанијата за анализирање на податоци, која соработувала со членовите од изборната кампања на Доналд Трамп и кампањата за Brexit, во една од најголемите податочни упади на Facebook собрала податоци за милиони американски избирачи и ги злоупотребила за изработка на софтвер, кој ги предвидува изборите и влијае врз нив за време на гласањето. Скандалот ја чинеше компанијата милион корисници од Америка и Канада само.

Значи, ако сте оние што го напуштија Facebook, можеби таквата одлука ќе влијае врз резултатите од истражувањето, кое го извршиле научниците од австралискиот Универзитет Queensland во Бризбејн. Резултатите се објавени дури и во стручното медицинско списание Journal of Social Psychology.

Последици од напуштањето на Facebook

Лидерот на истражувањето Ерик Ванмен, професор од австралискиот универзитет, со колегите ги испитувал последиците од напуштањето на Facebook и нивното влијание врз количеството на стрес, како и на севкупната здравствена состојба. Вели дека и самиот со текот на годините бил нејзин активен корисник. 

„Корисник на Facebook бев десетина години. Со колегите разговарав за тоа дека привремено треба да се откажеме од таа мрежа, но не ми успеваше затоа што уживав во се поголемиот број на пријатели. Кога конечно ми успеа, почувствував олеснување што траеше со денови. Сепак, после некое време почнав да чувствувам дека интеракцијата со ФБ пријателите ми недостасува и мора да и се вратам“, вели проф. Ванмен. 

Тоа го поттикнало професорот да направи експеримент со 138 активни корисници на оваа социјална мрежа. 60-на од одбраните учесници морале целосно да се откажат од Facebook на пет дена, а останатите 78 продолжиле да го користат. Ванмен и колегите направиле анкета кај испитаниците за тоа во колкава мера се задоволни од животните околности, од количеството на стрес, расположението и чувството на осаменост пред и после експериментот. Истовремено им го мереле количеството на кортизол преку плунката за физиолошки мерки на стрес. Кортизолот е хормон што се лачи од надбубрежната жлезда, чија најважна задача е да обезбеди доволно енергија во моменти на интензивен стрес - својство што е корисно во извонредни ситуации кога треба да се реагира со „борба или бегство“. Кога заканувачката ситуација ќе помине, кортизолот би требало да се врати во нормално количество. Во денешното време кога присутноста на стресот е речиси трајна и количеството на кортизол е долготрајно зголемено. Тоа значи дека постојано сме во состојба на напнатост и внимаваме.

Позитивно и негативно влијание

Утврдено е дека и во краток период на користење на Facebook врз неговите корисници има позитивно и негативно влијание. Велат дека излегувањето од Facebook во првите неколку денови кај корисниците го намалува стресот, но кортизолот повторно се зголемил кога Facebook почнал да им недостасува. Поранешните истражувања покажуваат дека поради секојдневното користење на Facebook, многу корисници се чувствуваат лошо. Поради тоа многумина трајно го деактивираат својот кориснички профил, а други само земаат „одмор од Facebook“, кој подразбира апстиненција од социјалната мрежа на неколку дена, недели или месеци, вели Ванмен.

„Нашето истражување покажа дека „апстинирањето“ од Facebook на само пет дена, беше доволно за да се намали кај нив нивото на кортизол. Кај контролната заедница, која и понатаму ја користеше социјалната мрежа, нивото на кортизол беше зголемено. Забележивме уште нешто: лицата што беа советувани за да се откажат од Facebook на пет дена, кажаа дека се помалку задоволни од животот. Повеќето од нив беа среќни кога заврши истражувањето, затоа што можеа да и се вратат на старата навика“, објаснува Ванмен.

Позитивното влијание со ослободувањето од социјалната мрежа е фактот што повеќето испитаници од групата што го напуштија Facebook, цело време биле во контакт со пријателите.

Заклучок

На сите ни е познато колку време е потребно за количеството на кортизол да се намали после напуштањето на Facebook и кога повторно ќе почне да се зголемува, после повторното приклучување на социјалната мрежа. Ванмен додава дека тој и колегите претпоставуваат дека сличната ситуација е присутна и кај корисниците на другите социјални мрежи како што се Twitter или SnapChat.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.