Samsung Galaxy Note 10 Plus - Неприкосновен професионалец

Објавено на 01.10.2019 12:21 во Рецензија


Samsung Galaxy Note 10 Plus - Неприкосновен професионалец

Оцени

usability
9.5


Перформанси
9.5


Цена
9.0


Камера
9.5


резултат
9.4


Наши забелешки

Positives:

 

- Врвна камера

- Нови функции на S Pen

- Напреден дисплеј со поддршка за најмодерните видео стандарди

- Екстра брзо полнење на батеријата

 

Negatives:

 

- Во кутијата има само стандарден полнач, безжичниот се доплаќа



Целата рецензија

Samsung Mobile немаше многу проблеми да претстави смартфон кој ќе донесе доволен број на иновации и ќе се наметне на пазарот како еден од најмоќните уреди за напредните корисниците, особено во бизнис сегментот, како и тие кои сакаат да го имаат најновото парче технологија од познат и признат бренд. Samsung Galaxy Note 10 Plus и оваа година не изостанува да воодушеви со својата моќ, елеганција, иновативност и модерен пристап. Telefoni.mk ја имаше ексклузивната можност прв да направи Unboxing на феноменалниот Samsung Galaxy Note 10 Plus, а сега за нашите читатели следува и подеталната рецензија со сите информации кои би ве интересирале за новиот крал на фаблетите.

Блескав дизајн со прелевање на бои

Samsung Mobile се потруди годинава да го освежи дизајнот на новиот Samsung Galaxy Note 10 Plus кој иако е огромен со 6,8 инчи има многу тенко тело, компактен профил на рамката па така полесно ќе го држите во раката и носите во џебот.

Најсимпатична е белата маска која рефлектира светлина па така боите и нијансите се прелеваат и вмешуваат со околината. Уредот е достапен и во стандардна црна и стандардна бела боја кои се наменети за „посериозните“ корисници, но и овие маски се доволно атрактивни, елегантни и впечатливи.

Дисплеј кој ќе ве натера да гледате вчудоневидено

Новиот дисплеј на Samsung Galaxy Note 10 Plus е од Infinity генерацијата на Super AMOLED дисплеи и поддржува 4K HD резолуција. Рабовите исто така се преклопуваат со екранот како омажи на Edgde смартфоните на Samsung за целосна искористеност на предната површина. На врвот има мала дупка во која е сместена селфи канерата, но истата нема воопшто да ви пречи во видното поле. Одличен додаток е поддршката за HDR 10 стандардот со најпрецизна репродукција на бои, контраст и осветленост на дисплејот. Galaxy Note 10 Plus нуди опција за гледање на видеа со новиот размер од 21:9 кој е веќе прифатен како главен стандард на Netflix. Така сите видео содржини кои ќе ги гледате преку стриминг сервисот на Netflix ќе имаат одличен приказ.

Бидејќи целата рамка е покриена со дисплејот на почетокот треба да внимавате на случајни притискање на екранот. Тоа едноставно може да се реши со дополнителна заштитна маска па така и полесно ќе типкате на виртуелната тастатура без да се одземе простор од активниот дисплеј.

Магијата на S Pen

Примената на функционално пенкалце секогаш била заштитен знак за Note уредите на Samsung Galaxy серијата. Кај десетката новото S пенкалце ќе направи да се чуствувате како магионичар бидејќи нуди голема палета на безконтактни команди. Една од најинтересните е да правите селфи со пенкалцето, да зумирате и да го менувате фокусот, како и да ги менувате сите режими на сликање и снимање на предната селфи и задната главна камера. S Pen заедно со Samsung Notes апликацијата ќе направи многу брзо да ги впишувате вашите белешки, да правите цртежи или да контактирате и споделување информации со вашите соработници или пријатели. Со S Pen може да менувате слајдови на презентација, да ги контролирате командите за звук на мултимедија, да прегледувате слики, да паузирате и гледате видеа.

Ѕвер за перформанси

Годинава Apple тешко дека ќе му се доближи на Galaxy Note 10 Plus со новиот iPhone 11 Pro Max без оглед на големината на екранот, изборот на мулти камери и екстремно брз процесор. Едноставно со 12 GB RAM новиот iPhone 11 Pro Max тука нема што да бара бидејќи Samsung Galaxy Note 10 Plus доминира во делот на мултитаскинг, работа со повеќе апликации истовремено, но и нивно повикување од позадина кога ќе ви бидат потребни.

Samsung Galaxy Note 10 Plus го користи софистицираниот Exynos процесор со осум-јадрен како и атрактивни 256 GB основна вградена меморија со можност за активирање и на втора SIM картичка. Со овој хардвер вашиот фаблет практично има ист капацитет и како лаптоп, а може да се користи и како гејминг смартфон со врвни перформанси и за најнапредните видео игри.

Батеријата на Samsung Galaxy Note 10 Plus доаѓа со капацитет од 4000 mAh, има нов режим на заштеда на батеријата за максимално одржување на уредот кога е речиси празен, како и реверзибилно безжично полнење. Во стандардната кутија на Samsung Galaxy Note 10 Plus е вклучен и новиот супер брз полнач со ISB Type C кабел само за полнење. Целиот капацитет ќе се исполни за само еден час приклучен во струја што е имресивно брзо. Со Wireless PowerShare ќе може да полните и надворешни уреди како други Samsung Galaxy смартфони, безжични слушалки и други Qi електронски уреди кои можат безжично да се полнат.

Професионална камера

Samsung Galaxy Note 10 Plus располага со најпрофесионалната камера составена од четири сензори на главната страна. Трите кои се распоредени вертикално имаат 16 мегапиксели за ultra wide агол, 12 мегапиксели за wide агол и 12 telephoto леќа. До нив е поставена DepthVision камерата придружена со две LED светла за блиц. Новитет е што фокусот во реално време може да го прилагодувате и додека снимате видеа, за кинематографски ефекти со длабочината на позадината.

Тие што сакаат да снимаат професионални видеа потребен им е квалитетен звук. Така без употреба на микрофон може да го насочите снимањето на тонот кон соговорникот за почисто аудио. Super Steady режимот овозможува врвна стабилизација на сликата додека снимате видеа без никакво тресење дури и кога сте во движење. Samsung Galaxy Note 10 Plus нуди и професионална алатка за монтажа на видеа па така немате потреба од надворешен софтвер. Night mode ќе ви обезбеди врвен квалитет на сликите и со селфи и со главната камера навечер без оглед на присуството на надворешна светлина за добивање на одлични портрети.

DepthVision оди чекор понапред кон Augmented Reality со можност за дигитализирање на сцената, мерење на далечина и големина, мапирање на предметите пред вас и нивно скенирање во 3D.

Заклучок

Samsung Galaxy Note 10 Plus е дефиниција за последниот крик на технологијата, импресивно издание од смартфон кој располага со сите новите, а нуди и развој во секоја категорија која е значајна за корисниците. Најпрво ќе се соочите со фантастичен дисплеј кој има беспрекорна слика со поддршка за најновите и најквалитетни видео формати. Дизајнот дава впечаток на елеганција, класа и престиж, а со маската која ги прелева боите сигурни сме дека ќе освои симпатии на поширока публика во премиум класата, и не само кај етаблираните бизнис и напредни корисници кои секогаш го барале најмоќниот уред да биде во нивни посед.

Samsung Galaxy Note 10 Plus прераснува во преносен лаптоп, уред со голема меморија и ѕверски хардвер за забава, употреба на мултимедијални апликации, дизајн, сликање и непречена комуникација. За бизнис корисниците овозможува лесно справување со модерните предизвици бидејќи нуди голема количина на енергија за непречено работење во текот на денот. Новото S пенкалце ќе ве изненади со својот капацитет и навистина ќе ви го олесни животот при мултитаскинг. Што мислите вие за Samsung Galaxy Note 10 Plus?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар