Call of Duty: Modern Warfare нема да ги фрустрира гејмерите

Објавено на 18.10.2019 15:00 во Рецензија


Call of Duty: Modern Warfare нема да ги фрустрира гејмерите

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Повеќе нема loot box систем

 

Negatives:



Целата рецензија

Call of Duty како една од најпродаваните акциони франшизи во изминатите неколку години се претвори во машина за цедење на пари од страна на гејмерите со внатрешниот систем на економија преку кутии со подароци кои отворено водеа кон коцкање, вложување на многу средства за добивање ексклузивни предмети и потоа нелегална трговија со скинови и додатоци.

Затоа сега, Activision, студиото кое ќе ја издаде новата верзија на Call of Duty: Modern Warfare ветува дека loot box системот целосно ќе биде напуштен, а ќе се воведе сезонска карта за учество во глобалните настани, но сите играчи ќе бидат еднакви, односно ќе се гарантира баланс на гејмплејот.

Цената на сезонската карта засега не е откриена, но се претпоставува дека би се движела околу 10 долари. Гејмерите ќе имаат еднакви оружја, односно како што ќе ја играат Call of Duty: Modern Warfare така и ќе напредуваат, а сите бонуси со сезонската карта кои доаѓаат ќе бидат козметички и нема да влијаат врз силите на играта. Со новиот Battle Pass системот како што пренесува Activision гејмерите ќе имаат увид во предметите кои ги заработуваат или купуваат. Секоја сезона ќе има уникатни содржини, а исто така ќе се заработуваат COD поени со кои ќе може да отклучуваат нови додатоци.

Battle Pass системот ќе биде активиран подоцна во кон крајот на годината за да може сите гејмери од старт да изградат доволно напредок, со освоени додатоци и предмети, наместо некој од почеток да купи се што му е потребно и на тој начин да изгради колекција која некој се трудел бесплатно и само со играње да ја создаде.

Нема повеќе „арач“ со DLC

Од Activision исто така ветуваат дека доставуваат постојано бесплатни додатоци и по лансирање на играта. Тоа значи дека со сите наредни DLC пакети ќе има бесплатни мапи и модови за гејмерите кои веќе еднаш платите пари за да ја купат Call of Duty: Modern Warfare. Во самата игра ќе има и продавница за стикери и слични украси, но и корисниците кои немаат сезонска карта ќе може да отклучуваат предмети, не само тие со премиум претплата.

Поврзување на гејмерите од сите платформи

Студиото Activision даде одлична вест со најавата дека Call of Duty: Modern Warfare ќе може да се игра од сите платформи, односно од PC, PlayStation и Xbox и гејмерите ќе може да се „пресметуваат“ преку мултиплеер мапите без оглед од каков уред и пристапуваат на играта. Исто така бесплатните додатоци, нови мапи и модови преку DLC надградбите ќе важат симултано за сите платформи на кои ќе биде достапна Call of Duty: Modern Warfare.

Call of Duty: Modern Warfare официјално во продажба ќе биде пуштена на 25 октомври. Што мислите за овие измени на Call of Duty: Modern Warfare и колку истите потсетуваат на системот кој подолго време го применува Fortnite?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар