Samsung Galaxy A50 е еден од најдобрите во средната класа

Објавено на 20.10.2019 19:02 во Рецензија


Samsung Galaxy A50 е еден од најдобрите во средната класа

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Голем Super Amoled дисплеј;
- Одличен дизајн;
- Тројна задна камера;
- Голема батерија;
- Always-on Display;
- Технологија за препознавање на лице;
- Одлични перформанси;
- Предна камера со bokeh ефект;

 

Negatives:



Целата рецензија

Samsung Galaxy A50 е многу добра варијанта од А серијата на Samsung, затоа што има моќни перформанси и прифатлива цена. Смартфонот ги исполни барањата на просечните корисници на смартфони, кој располага со атрактивен изглед, фантастичен екран, солидна батерија и камера што нема да ве разочара. Се разбира, овој телефон има и свои недостатоци, но сепак се занемарливи. 

Атрактивен, премиум дизајн

На прв поглед изгледа како куќиштето да е изработено од стакло, но станува збор за пластично куќиште. Визуелно изгледа како одличен дизајн, од задната страна во горниот лев агол се наоѓаат три вертикално поставени камери, под кои има и блиц, а под нив е логото на Samsung. Телефонот е достапен во црна, сина, розева и бела боја. Одлично лежи во рака, и има USB-C влез за полнење и поврзување.Има Super AMOLED дисплеј од 6,4 инчи и резолуција од 2340x1080 пиксели, додека сликата на екранот е одлична за гледање филмови и видеа на YouTube. Опцијата на која навикнавме кај телефоните на Samsung е Always-on Display, при што заклучениот телефон константно покажува дали имате известувања, колку е часот, и дата.

Биометрија

За повисока безбедност и отклучување на уредот, Samsung понуди неколку решенија – PIN код, при што Galaxy A50 може да се отклучи и преку препознавање на лице, што може да се случи само ако имате добро осветлување со предната камера. Телефонот брзо го скенира вашето лице и прилично сме задоволни со овој начин на отклучување. Уште еден начин за отклучување на телефонот е преку сензорот за отпечатоци на прсти, при што сензорот е имплементиран во самиот дисплеј.

Кај повеќето телефони сензорот е поставен под екранот или од задната или страничната страна на куќиштето, но 50-та е еден од оние смартфони што може да го отклучите со допир на прстот на самиот екран. Кога го вклучувате телефонот, на долниот дел од екранот се појавува симбол од отпечатоци со прсти на кои е потребно да го поставите прстот за отклучување, а во пракса овој начин на отклучување сепак е побавен во споредба со класичните сензори на кои сме навикнати.

Хардвер

Хардверот обезбедува брза и флуидна работа на телефонот и користењето на неговите функции. Во секојдневната работа нема да дојдете до никакви проблеми. Galaxy A50 располага со Samsung Exynos 9610 процесор, 4GB RAM меморија и 128GB внатрешна меморија, која може со microSD картичка да стигне до екстра 512GB. Батеријата има капацитет од 4000mAh и со просечно користење може да трае 2 дена.

Три задни камери

Како што веќе напишавме погоре, од задната страна имаме три камери од 25MP + 8MP + 5MP сензод за длабочина, кои ќе помогнат при снимањето на уште поатрактивни фотографии со замаглена позадина. Главната камера носи се што можеме да очекуваме од телефоните од оваа категорија – одлични фотографии снимени во добри светлосни услови, а во мрачни услови квалитетот не опаѓа во голема мера. Опцијата за фокус во живо, односно снимањето на фотографии со замаглена позадина е возможна и со предната камера за селфи, чија резолуција изнесува 25MP. 

Палците горе

Навистина е тешко да се откријат недостатоци за овој телефон. На пазарот имаме телефони со подобри камери, но за нив мора да платите многу повеќе, додека цената од на 50-та е околу 20.000 денари без претплатнички договор. Во средната категорија Galaxy A50 може да се бори за титулата како еден од најдобрите уреди со добар ценовен ранг и одлични перформанси. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.