Како најлесно да го рутирате телефонот - чекор по чекор

Објавено на 21.10.2019 07:30 во Рецензија


Како најлесно да го рутирате телефонот - чекор по чекор

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Додека самиот концепт на рутирање (root) на вашиот Android телефон е малку комплициран, самата процедура воопшто не е. Се работи за процес што секому му дозволува да пристапи кон своите подесувања на телефонот, па дури и кај оние скриените и поради тоа може да инсталирате и да деинсталирате што и да сакате.

Рутирањето е како давање на администраторски права над Android телефонот, сличен на администраторските привилегии на компјутерот. Тоа со себе носи многу награди, но и одредени ризици за кои треба да се размисли. Погледнете како безбедно треба да го рутирате својот телефон:

1. Дајте му бекап на телефонот.

Редовниот бекап е можеби една од најважните работи што би можеле да ги направите, а од посебна важност е кога ќе го рутирате телефонот во случај нешто да тргне на лошо, или пак ќе се предомислите. 

2. Изберете APK, или ROM.

Следниот потег е бирањето на APK (Android пакет на апликации) или ROM (алтернативна верзија на Android). Со оглед на тоа што Android е отворена платформа, девелоперите може да прават модифицирани верзии, кои навистина ги има многу. APK се користи за да го преземете и инсталирате софтверот на вашиот телефон. Програмите за рутирање ги вклучуваат Towelroot и Kingo Root - само проверете кој е компатибилен со вашиот телефон.

Кога го рутирате својот уред, тука може да застанете или да одберете и да инсталирате ROM, кој може да ви пружа и уште можности. Најпопуларен ROM е LineageOS (поранешниот Cyanogen Mod), кој е вграден во OnePlus One Android телефонот.

3. Рутирање на телефонот.

Во зависност од вашите APK или ROM, процесот на рутирање може да се разликува, иако основите главно остануваат исти. 

Отклучете го Bootloader

Bootloader контролира кои апликации се активни кога ќе во вклучите својот телефон, а со неговото отклучување ја добивате можност сами да го бирате тоа.

Инсталирајте APK или ROM

Ова е само по себе доволно објаснување, преземете го APK што го сакате и инсталирајте го на својот телефон. Истото важи и за ROM.

Преземете го Root Checker

Ако користите APK, можеби ќе сакате да ја преземете апликацијата што ќе потврди дека успешно го рутиравте својот телефон. 

Инсталирајте апликација за ракување со Root

Ваквите апликации ќе го заштитат рутираниот телефон од безбедносна ранливост и ќе ги спречат апликациите да пристапат кон вашите лични податоци.

Предности и ризици

Генерално, постојат повеќе добри, отколку лоши работи, кога го рутирате својот телефон. Рутирањето ви дава комплетна контрола над вашиот телефон, така што може да ги гледате и промените сите подесувања и да им пристапите на апликациите што се дизајнирани само за рутираните телефони. Исто така, може да го персонализирате и својот телефон со посебни теми и бои, па дури и да ја менувате конфигурацијата на копчињата, во зависност од рутираната OS верзија за која што се одлучивте.

Ризиците се минимални, но вклучуваате и поништување на гаранциите, губењето на пристап кон поединечни апликации, а во ретки случаи може и да го уништите својот телефон. Многу важно е да ги процените овие ризици најспроти се што ќе добиете со рутирањето. Доколку ги почитувате сите безбедносни аспекти, не би требало да имате никакви проблеми.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.