Huawei Watch GT2: Изненадува со својата издржливост

Објавено на 27.10.2019 14:00 во Рецензија


Huawei Watch GT2: Изненадува со својата издржливост

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Високо ниво на автономија на батеријата;
- Можност за директно слушање на музика или конекција преку телефонот;
- Можност за бирање на поголеми и помали димензии;
- Спортски и елегантен дизајн;
- Прецизен GPS;

 

Negatives:



Целата рецензија

Huawei кон средината на септември ја претстави новата верзија на смартчасовник - Huawei Watch GT2, кој доаѓа во неколку верзии, во зависност од желбите и стилот на купувачите: 46мм за оние што сакаат поголеми часовници и 42мм за оние што сакаат помали часовници. Има спортски и елегантен дизајн исто така.

Спортската верзија на Huawei Watch GT2 од 46мм е смислена за мажи првенствено, но може да го носат и жени. Има две верзии на ремечиња, кои корисникот сам може да ги стави и промени, во зависност од сопствените желби и стилот. Црниот, силиконски ремен е наменет за оние што често се занимаваат со спорт и сакаат часовникот да им лежи цврсто на раката. Тие што сакаат доза на спортска елеганција, може да одберат кафеав ремен од вистинска кожа. За време на тестирањето одбравме кожен ремен, затоа што е поудобен за секојдневно носење.

Она што прво паѓа во очи е самиот дизајн на смарт часовник. Неговата површина е направена со 3D стаклен екран, па остава впечаток на модерен и добро промислен дизајн. Металното куќиште додава елеганција, а двете копчиња за навигација и управување се доволно широко разместени за удобно користење, дури и кај лицата што имаат поголеми прсти. Дизајнот е детално смислен и привлекува погледи, а дури остава и впечаток дека се работи за класичен часовник. 

Издржливоста и автономијата се големи предности при употребата на часовникот. За разлика од другите смарт часовници на пазарот, кои треба да ги полните секој ден, Huawei Watch GT2 располага со навистина издржлива батерија. Штом го извадивме од кутијата, батеријата беше на 60%. Со секојдневното користење, примањето на повици и пораки, слушањето музика, вежбањето и сето останато за активен живот, првото полнење може да ви се случи дури за 6 дена. Навистина импресивно.

Huawei тврди дека во зависност од користењето, батеријата на оваа верзија може да издржи и до 2 недели. Полнењето е едноставно и брзо.

Смарт часовник со независност во музиката

Huawei Watch GT2 има опција за директно примање на повици, со максимална оддалеченост од телефонот до 5-6 метри. Квалитетот на звукот е многу добар, микрофонот исто така, затоа што одлично се слуша додека водите телефонски разговори и додека разцете ви се во свежо тесто или зафатени со друга работа.

Слушањето музика кај GT2 може да се случи на два начина: директно од часовникот, ако не сакате да го носите телефонот кога трчате или едноставно ја префрлате музиката од телефонот на смарт часовникот. Звучникот на часовникот е сепак доволно моќен за да не мора да ја појачувате гласноста до максимум. Кога ќе ги споите Bluetooth слушалките со часовникот, може да уживате во музиката или подкастите без вознемирување на околината. Другиот начин е да пуштите музика од смартфонот, но со неа да ракувате преку часовникот. 

Тренирање со прецизен GPS

GT2 има добро разработен спортски софтвер со 15 различни начини на вежбање: трчање, одење, пливање, тренирање триатлон и веслање. Нормално, со тоа ќе може да ги прегледате досегашните успеси и да поставувате нови цели. Автоматски се вклучува и GPS за да ве следи што правите, па така на крај може да проверите во Huawei Health апликацијата со колкаво темпо сте трчале и каде сте биле. GPS лоцирањето е многу прецизно.

Ако премногу сте седеле во текот на денот, уредот ќе се вклучи со известување за да ве потсети дека предолго сте седеле. Може да ја следи и вашата изложеност на стрес, ги следи отчукувањата на срцето, па кога ќе заклучи дека сте под стрес, реагира и ве потсетува дека треба да се опуштите. Дури ви нуди и вежби за дишење до 3 степени. Смартчасовникот е издржлив и може да преживее неколку удари на стаклото без никакви гребаници дури и да го удрите намерно. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.