Samsung Galaxy A40 е моќен, мал и исплатлив смартфон

Објавено на 29.10.2019 07:30 во Рецензија


Samsung Galaxy A40 е моќен, мал и исплатлив смартфон

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Супер перформанси;
- Добра камера;
- Прифатлива цена;
- Добро среден софтвер;

 

Negatives:



Целата рецензија

Samsung Galaxy J серијата веќе е избришана на сметка на Galaxy A серијата, која веќе излегува со нови модели и тотално нов дизајн. Се разбира, Samsung веќе отвара нова ера во технологијата, а Samsung Galaxy A7 (2018) беше моделот кој направи пресврт - ценовно прифатлив смартфон со убав дисплеј, одлична камера, солиден дизајн и нови опции. Galaxy A серијата сега има премиум модели, средна класа и ниска класа.

На пример, Galaxy A10 моделот го имате за цена од 9.500 денари во дилерските продавници, со 2GB RAM меморија и 16GB внатрешна меморија, плус гратис мемориска картичка од 16GB внатрешна меморија. Дефинитивно Samsung сака да ги нападне кинеските евтини смартфони и да земе дел од колачот во ниската класа. Досега ги рецензиравме Galaxy A50, Galaxy A10 и Galaxy A20 моделите. Сега продолжуваме со Samsung Galaxy A40, кој може да се најде за одлична цена од околу 14,500 денари.

Дизајн и дисплеј

Samsung Galaxy A40 има одличен дизајн, со скромни димензии и максимизиран дисплеј. Располага со тенок дизајн, кој има одличен сооднос на телото со дисплејот и по таа ефикасност се рангира веднаш после Galaxy S10 серијата. Се разбира, Galaxy A40 не би бил евтин, доколку не би бил пластичен, но сепак се работи за убава и блескава пластика, што ви остава премиум впечаток (Glasstic). Samsung вградил FullHD SuperAMOLED дисплеј со живи бои и големина од 5.9 инчи, резолуција од 1080 x 2340 пиксели и густина на пиксели 437 ppi. Единствено што нема е Always On дисплеј. 

Хардвер

Има еден главен звучник и се наоѓа од долната страна на телефонот. Под хауба има Exynos 7885 процесор, 4GB RAM и 64GB внатрешна меморија. Меморијата може да се зголеми со microSD картички, посебен слот што користи две SIM картички и microSD картичка истовремено. Располага со батерија од 3100mAh, а благодарение на штедливиот процесор, автономијата и долготрајноста на стендбај на Galaxy A40 е врвна. Два дена без проблем со нормално користење.

Камера

Samsung Galaxy A40 има двојна задна камера од 16MP + 5MP (широкоаголна), при што со овој стандард може да сметате на подеднакво стандардни фотки. Имате солиден квалитет, но сепак не е на ниво на Galaxy A7 2018 моделот, исто како што не е ни далеку од него. Во дневни услови вадите беспрекорни фотки со вештачко осветлени простории исто така добива висока оценка, а во ноќни услови вади пристојни фотографии. 

Ултрашироката камера е многу корисен додаток, а фотографиите имаат доволно детали, што значи дека многу може да ви послужи за објава на слики на социјалните мрежи и слични нешта каде не се гледа баш секој детал. Предната камера има 25MP сензор и се работи за една од најдобрите предни камери во класата. Како и задната камера, одлично може да послужи и предната камера . За снимање на видеа имате електронска стабилизација, која добро си ја гледа својата работа и за време на снимањето видео клипови, е значително послаб динамичкиот распон, отколку кај фотографиите.

Софтвер

Кога станува збор за софтверот, генерално OneUI е визуелно одличен Android базиран интерфејс, кој има многу дополнителни можности. Забележливо е дека Samsung има уште многу малку работа кога станува збор за оптимизацијата на OneUI скинот за телефоните од средна класа. Во повеќето случаи се функционира добро, но има ситуации кога се однесува чудно. Многу е важно тоа што при тестирањето Viber го отворивме веднаш и може без чекање да ги читате пораките. 

Заклучок

Samsung Galaxy A40 е исклучително добра понуда за телефон од средна класа, а покрај него имате да одберете од А10 до А70 моделот, во зависност од вашиот буџет и преференциите. Дефинитивно понудата вреди и телефонот е одлично ремек дело, дел од ефикасната стратегија на производителот Samsung.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.