Amazon Echo Buds – Безжични слушалки со Alexa

Објавено на 29.10.2019 17:02 во Рецензија


Amazon Echo Buds – Безжични слушалки со Alexa

Оцени

usability
8.5


Перформанси
8.5


Цена
8.5


Камера
10.0


резултат
8.9


Наши забелешки

Positives:

 

- Ниска цена и квалитетен звук

 

Negatives:

 

- Нема безжично полнење



Целата рецензија

Amazon ги лансираше своите први безжични слушалки влегувајќи во конкуренција со веќе разиграните Apple, Sony, Samsung, Huawei и Xiaomi кои имаат свои соодветни производи најчесто лансирани заедно со нивните премиум смартфони. Amazon нема смартфони, но затоа пак е веќе етаблиран со смарт звучниците Echo како и со мултимедијалните таблети Fire. Сега како комплементарен продукт доаѓаат безжичните слушалки Amazon Echo Buds кои се меѓу најевтините на пазарот со цена од само 129 долари, поевтини од AirPods, но блиску до понудата на останатите брендови.

Се во знакот на гласовните команди

Amazon Echo Buds се смарт безжични слушалки кои реагираат на гласовни и команди на допир. Првенствено е замислено Amazon Echo Buds да ги користите заедно со гласовниот асистент Alexa кој е еден од главните софтверски производи на Amazon. Со гласовни команди може да контролирате јачина на звук, но и да одговарате на телефонски повици кога ќе ги примите. Доколку сте корисник на Alexa најдобри резултати ќе добиете ако на смартфонот ја инсталирате самата апликација и направите спарување со слушалките Amazon Echo Buds. За активирање на гласовниот асистент најпрво се изговара фраза, а потоа и самата посакувана акција која Alexa треба да ја исполни.

Amazon гарантира дека целосно ќе биде почитувана приватноста на корисниците, односно дека нема да се слуша и снима тоа што се разговара во околината на корисникот, ниту пак преостанатите звуци. Секако, за да ги активирате гласовните команди ќе треба малку погласни да бидете и почисто да говорите. Инаку, доколку не сакате воопшто нема потреба да ја користите апликацијата Alexa, ниту да ги активирате гласовните команди со соодветната синхронизација.

Исто така Amazon Echo Buds може да функционира со останатите гласовни асистенти како што се Siri на Apple за спарување со iPhone смартфон, или пак со Google Assistant за гласовни команди, синхронизација и спарување со Android смартфон.

Висок квалитет на звук

Amazon Echo Buds се изработени со препознатливиот бренд за аудио опрема Bose, па така нудат одличен звук и аудио квалитет. Слушалките располагаат со редукција на бучава која може да ја активирате кога ви е потребна, па така до вас нема да допираат звуците од околината ако сакате да се сконцентрирате и да ја слушате само музиката или тонот кои доаѓаат од Amazon Echo Buds.

Еден од малите недостатоци е тоа што слушалките Amazon Echo Buds иако имаа крукче осетливо на допир не може да се контролира и прилагодува јачината на звукот, па така таа команда ќе мора да ја управувате рачно преку смартфонот.

Дизајн и функционалности

Amazon Echo Buds имаат симпатичен и едноставен изглед со црна боја, а се многу удобни за вметнување во ушите со тоа што надворешната обвивка може да се модулира и прилагодува на вашите потреби. Додека трчате или сте во интензивна физичка активност постои и додаток за подобро зацврстување, па така нема да стравувате дека ќе ви излетаат од увото по што може да се оштетат или изгубат.

Дизајнот го надополнува IPX4 сертификатот за отпорност на вода и влага, па така може да ги користите на отворено и во секакви атмосферски услови без да се плашите дека може да се расипат. Со слушалките доаѓа и куќиште кое служи за нивно полнење за што се користи обичен USB кабел. За жал нема USB Type C конектор па така полнењето на батеријата е нешто подолго, а од друга страна пак немате на располагање безжично полнење како кај останатите конкуренти. Овој недостаток секако не е пресуден за севкупната употребливост и ефикасност на слушалките. Amazon Echo Buds со едно полнење може да издржат 5 часа активно слушање на музика, како и 20 часа од самото куќиште за надополнување при целосна искористеност на капацитетот пред негово следно полнење.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар