Софтвер за надзор се повеќе се инсталира на смартфони без знаење на сопствениците

Објавено на 30.10.2019 07:30 во Рецензија


Софтвер за надзор се повеќе се инсталира на смартфони без знаење на сопствениците

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Смартфоните и компјутерите сокриваат голем број на тајни за луѓето - со кого комуницираат, за што разговараат, што читаат, гледаат и слушаат, а на нив се меморирани личните и често интимни фотографии. Не е тешко да се замисли колку таквите информации би им значеле на хакерите што би можеле да ги користат за кражба на податоци, уцени и слично. 

Се поголем е бројот на љубоморни луѓе што ги злоупотребуваат таквите податоци за следење, надзор и психолошко злоставување на своите партнери и партнерки. Според истражувањата на Kaspersky Labs, во последно време е во голем пораст софтверот за следење на партнерот. Бројот на луѓе што го откриле на своите уреди се поголеми за најмалку 35% во споредба со минатата година. Оваа година нивниот антивирусен софтвер детектирал stalkerware на повеќе од 37 илјади уреди.

Бројот на корисници што користат антивирусен софтвер на мобилни уреди е прилично низок, затоа пак бројот на загрозени корисници е многу поголем, тврди безбедносниот експерт Дејвид Ем. На негативната листа по број на инсталиран софтвер за шпионирање доминираат Русите, потоа следуваат Индија, Бразил, САД и Германија. 

Мислела дека го губи разумот

Софтверот може да се инсталира без знаење на партнерот, со којшто може да се добие пристап кон сите пораки, локаците на сопственикот на телефонот, сите активности на екранот, па дури и камерите со кои може да се надгледува се што прават сопствениците на уредите. BBC разговарал со две жени, на кои мажите им го направиле животот вистински пекол со таквиот софтвер. Одеднаш почнале да знаат се што тие прават и каде се движат. Тие им кажувале на жените дека самите им ги кажувале тие информации, иако тие се убедени дека никогаш ништо не им спомнале.

Една Британка со месеци мислела дека го губи разумот, се додека не открила дека мажот цело време на шпионира. Поради тоа негативно искуство имала недоверба кон технологијата, на која сега гледа како оружје што потенцијално може да се употреби против неа. Дури и денес кога оди на кафе со пријателките, телефонот го остава во автомобилот.  

Безбедносните експерти ги советуваат корисниците секогаш да проверуваат кои апликации ги користат на своите уреди – „општо правило е да ја избришете секоја апликација што не ја користите“. За да избегнете поставување на таков софтвер на своите уреди, експертите ги советуваат корисниците никогаш да не ги оставаат уредите без надзор (за инсталација на софтвер за надзор во повеќето случаи е потребен физички пристап кон уредот“), предупредуваат и на заштита на отпечатокот на прсти, затоа што прстот може да се стави на сензорот додека лицата спијат, а важно е да користите и безбедносни и антивирусни апликации.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.