Samsung Galaxy A20 е со мал дисплеј, одличен дизајн и добри перформанси

Објавено на 31.10.2019 во Рецензија


Samsung Galaxy A20 е со мал дисплеј, одличен дизајн и добри перформанси

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.8


Цена
10.0


Камера
9.7


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

- Super AMOLED дисплеј;
- 3D Glasstic дизајн;
- Прифатлива цена;
- Добри перформанси;
- Двојна задна камера;

 

Negatives:

- Мал дисплеј;



Целата рецензија

Samsung го претстави GALAXY A20 со Infinity V дисплеј и голема батерија. Кога почнаа гласините дека Samsung планира да го врати изгубениот пазар во low-end и mid-range сегментот, не можевме ниту да претпоставиме дека тоа ќе значи голема навала на евтини модели. Браво. Samsung сака да го земе и колачот на брендовите што лансираат само евтини модели на смартфони. 

Samsung така неодамна ја претстави и Galaxy M серијата: Galaxy M10, Galaxy M20, Galaxy M30 и Galaxy A серијата: Galaxy A10, Samsung Galaxy A20, Galaxy A30, Samsung Galaxy A40, Galaxy A50 и Samsung Galaxy A70.

Дисплеј

Galaxy A20 е многу сличен со поевтиниот Galaxy A10 модел, отколку со напредниот Galaxy A30. Ако ништо друго, дизајнот секаде е ист, но овде имаме предна страна со минимални рамки околу екранот. Овде имаме 6.4 инчен Super AMOLED дисплеј со HD+ резолуција.

Од горната страна има мал засек во облик на капка солза, која практично се претвори во стандард кај сите евтини Galaxy модели. Кај речиси сите нови модели од Galaxy A серијата имаат пластичен дизајн, што визуелно изгледа како стакло. Samsung го нарекува ова 3D Glasstic дизајн. 

Хардвер

Под хауба го имаме Samsung Exynos 7884 процесорот, 3GB RAM меморија и 32GB внатрешна меморија со можност за microSD картичка, двојна задна камера од 13MP + 5MP со f/1.9 отвор на блендата, 8MP предна камера и скенер за отпечатоци на прсти.

Можеби најважен детал е големата 4000mAh батерија, која во комбинација со процесор што не троши енергија, ќе ви понуди долготрајност.

Заклучок

Цената на уредот изнесува околу 200 евра и веќе го има во некои дилерски компании. Што мислите вие за Samsung Galaxy A20 и новите обиди за Samsung да го врати изгубениот пазар?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони