Како да се заштитиме од синото светло на телефонот

Објавено на 11.11.2019 во Рецензија


Како да се заштитиме од синото светло на телефонот

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Секојдневно и со часови седиме на нашите смартфони, поради што очите ни се уморни, имаме претерана будност, замаглен вид, главоболка и друго. Луѓето што работат во канцеларија постојано гледаат во некој вид на дисплеј и така користат и монитор и телефон, а навечер таблет или со часови гледаат во телевизорот. 

Што да направиме против штетното дејство од синото светло?

Високоенергетската, штетна виолетова светлина ни минува преку очите речиси нефилтрирано и допира до мрежата. Сината светлост што ја емитираат нашите електронски уреди и извори на LED светлина, може да се поврзаат со бројни здравствени проблеми: може да предизвикаат проблеми со концентрација, умор и главоболка, но долгорочно може да го вознемират нашиот цел биоритам. Затоа е важно да се обрне внимание на тоа и да преземеме мерки на безбедност.

Мобилен

Синото светло го намалува количеството на мелатонин, хормон за чувство на поспаност, па така за да би имале мирен сон, мора да престанеме да го користиме нашиот телефон, час, два, пред одење во кревет. Бројните мобилни телефони имаат опција за филтрирање на синото светло: night shift или comfort view. Има и посебна апликација за таа цел.

Таблет

Ист е случајот и со таблетите, кои најчесто ја имаат опцијата night shift. За очите е подобро ако го користите таблетот со светло од ламба за читање, а не во целосен мрак.

Монитор

Мобилните, таблетите и телевизорите обично се користат со пократки или подолги прекини, но во мониторот гледаме континуирано, и тоа со часови. Затоа е важно да ја прилагодите светлината и контрастот, затоа што премногу мрачниот дисплеј може да биде подеднакво напорен за окото, како и оној што премногу свети. Бесплатните апликации за филтрирање на синото светло се достапни и за компјутерите и за лаптопите. 

Телевизор

Во случајот на телевизорот, најважен фактор е способноста за дисплејот да произведува остри и квалитетни слики, но и колку сино светло емитира. OLED панелите на LG, после ригорозното тестирање ја добиваат ознаката "eye-friendly display" оти емитираат помалку сино светло во споредба со LCD телевизорите. Истражувањата покажуваат дека 65-инчените OLED панели на LG емитираат 34% сина светлост, што е значително под границата од 50%, означено како нештетно за здравјето. Колку за споредба, некои премиум LCD екрани емитираат дури 64% сино светло.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони