Една Apple претплата за сите сервиси?

Објавено на 17.11.2019 15:28 во Рецензија


Една Apple претплата за сите сервиси?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Подобра услуга за корисниците

 

Negatives:

 

- Недоволно развиен бизнис план 



Целата рецензија

Apple размислува за промена на стратегијата за иден раст на компанијата кој нема да биде фокусиран само на продажбата на iPhone смартфони која е во опаѓање туку повеќе ќе се фокусира на приходи од стриминг сервисите.

Затоа постои голема можност Apple да создаде една унифицирана месечна претплата во која ќе биде бидат вклучени сите стриминг сервиси како што Apple News Plus, Apple TV Plus и Apple Music.

Во лов на претплатници

Главната цел на Apple во наредниот период ќе биде да го зголеми бројот на претплатници без оглед преку каков вид на платформа доаѓаат. Apple веќе падна на третото место според продадени смартфони и iPhone заостанува зад Samsung и Huawei, па долгорочно поважно ќе биде да генерира приходи од продажба на претплата.

Исто така влијание ќе има и слабиот успех на новиот сервис за читање вести и содржини Apple News кој не генерира огромен интерес кај корисниците бидејќи бизнисот моделот се уште не е усовршен, а отпор има и кај самите медиуми кои не сакаат да даваат голем дел од колачот на гигантот од Купертино.

Новата стратегија би опфаќала една месечна претплата со повисока сума нешто слично како што нуди Amazon Prime кој на располагање на корисниците им дава видеа, серии, филмови, и други мултимедијални содржини. 

Посебно гледано за Apple TV Plus засега се плаќа 4,99 долари месечно за четири оригинални телевизиски шоуа чиј број треба да се зголемува со текот на времето како и со нови филмови.

Apple News Plus се наплаќа 9,99 долари месечно за неограничен пристап до квалитетни медиумски содржини од познати сајтови, весници, магазини и онлајн блогови. Тука проблемот е што издавачите веќе се бунат дека добивале мали средства за возврат од Apple и постои можност дел од нив да се повлечат од платформата.

Од сите три најуспешен секако е Apple Music стриминг сервисот за музика со неограничен пристап до голем број на песни за 9,99 долари месечно. Тука бројот на претплатници веќе изнесува 60 милиони, а постојано се додава нова музика и нови квалитетни артисти.

Доколку дојде до комбинација на сите три стриминг сервиси под една претплата тогаш Apple ќе треба да смисли соодветна цена но, таа да не биде повисока од 15 долари месечно и по можност за таа сума компензацијата да биде поголема за корисникот, односно да добива повеќе песни, вести и филмови.

Заклучок 

Apple допрва ќе го развива бизнис моделот на стриминг услуги со оглед дека се соочува со силна конкуренција од Netflix, Amazon Prime, Hulu, Spotify но и од Disney Plus кој ќе биде вистински конгломерат за содржина со оглед дека ги поседува најпопуларните франшизи. Битката меѓу стриминг сервисите е и добра за самата корисници бидејќи цените ќе се одржат на стабилно ниво а содржините ќе бидат се подобри како и самата услуга.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар