Како Facebook ќе профитира од зближување на пријателите?

Објавено на 23.11.2019 17:30 во Рецензија


Како Facebook ќе профитира од зближување на пријателите?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Посебен дел од социјалната мрежа за најблиски контакти

 

Negatives:

 

- Ризик за дополнителни проблеми со приватноста



Целата рецензија

Facebook со години не успева да создаде посебен дел од мрежата каде ќе има интеракција со најблиските пријатели, освен доколку сами не се одлучите да имате затворен профил со мал број на контакти кои ви се многу блиски. Сега, Facebook ја тестира новата опција наречена Favorites која се базира на Close Friends на Instagram која пак во изминатата година постигна голем успех.

Како што Facebook прерасна во доминантна социјална мрежа така и кругот на контакти на профилите се зголемува постојано. Facebook повеќе не е мрежа само за најблиските пријатели и роднини, туку и за голем број на деловни соработници, на контакти за професионални задачи и обврски. Затоа и корисниците се повеќе стануваат конзервативни за објавите, за содржината на нивните статуси и се помалку споделуваат слики или персонални детали.

Идејата зад Favorites е да се создаде помал круг на контакти кој ќе функционира одвоено од главниот фид со информации и објави. Со Favorites ќе може да споделувате стори со круг на луѓе кои сметате дека ви се блиски и со нив може порекласирано да комуницирате.

Исто така преку Favorites ќе може да споделувате слики или кратки видеа направени преку камерата на Facebook Messenger и тоа само до кругот на блиски пријатели кои вие ќе го одберете. Favorites ќе функционира и на тој начин што ќе ви дава предлози кои пријатели и контакти да ги додадете на омилената листа, односно ќе биде базирано на алгоритми за тоа со кого сте најчесто во контакт иако крајниот избор ќе биде оставен на самиот корисник. 

Facebook потврди дека Favorites ќе биде опција за микросподелување, а е развиена од страна на тимот задолжен за Messenger што значи ќе биде поврзана со директни пораки меѓу корисниците и за споделување на стори помеѓу помал круг на пријатели, односно таа содржина нема да може да ја видат сите ваши останатите пријатели и контакти.

Крајната цел на Facebook е секако корисниците да бидат што е можно повеќе активни на социјалната мрежа, активност која во последните години драстично се намалува, а има и појава на луѓе кои пак премногу и пречесто споделуваат се и сешто, па така дел од нивните пријатели ги отследуваат што значи дека се намалува и целокупната интеракција.

Со поинтимното споделување на Favorites корисниците ќе можат да се ослободат од автоцензурата, помалку да се грижат што некој ќе помисли за нив, како ќе коментира или реагира, и да споделуваат и содржини за флертување или пак за секојдневните емоции, знаејќи дека ќе ја добијат потребната поддршка и одобрување од поблиските пријатели или роднини.

Од ваков вид на споделување секако најголем бенефит ќе има самиот Facebook бидејќи со поголем број на споделени детали полесно ќе може да ги таргетира и пласира рекламите, а тоа е една од цените кои корисниците треба да се свесни дека ја плаќаат за „бесплатното“ користење на социјалната мрежа. 

Што мислите вие за идејата за Favorites и дали истата може да постигне успех како Close Friends на Instagram?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар