Samsung Galaxy Watch: Стилски дизајн и напредни функции

Објавено на 27.11.2019 14:00 во Рецензија


Samsung Galaxy Watch: Стилски дизајн и напредни функции

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Find My Phone;
- Вибрирање за известувања;
- Долготрајна батерија;
- Преглед на пораки, известувања и повици;
- Прединсталирани апликации и можност за инсталирање на нови апликации;
- Запчаник за полесно ракување;

 

Negatives:

- Премногу вибрирање ја троши батеријата;



Целата рецензија

Samsung Galaxy Watch уште на прв поглед поседува привлечен изглед, напредни можности и функционален дизајн. Силиконската нараквица што доаѓа со часовникот е исклучително удобна за долготрајно носење.

Дизајн

Самиот часовник е многу лесен и кога ќе му ја најдете правилната позиција на раката, нема ни да го чувствувате на раката. На прв поглед, Samsung Galaxy Watch изгледа и како класичен часовник, особено ако ви е вклучен екранот со приказ на часовник. Класичниот изглед е неговиот главен адут и ги привлекува погледите на луѓето. Особено воодушевува ротирачката круна, кругот или запчаникот, зависи кој како го нарекува. Таа го олеснува значително користењето на апликациите, одговарањето на повици и пораки. Ова е особено корисно за жени со долги нокти.

Samsung Galaxy Watch спаѓа во категоријата на активни часовници, што значи дека е возможно да примате и испраќате податоци од него. Во пракса тоа значи дека може да примате или одбивате повици, што се покажало како исклучиво практичен во комбинација со слушалки и да одговорите со однапред внесени одговори на пораки или да управувате со музика на самиот телефон. 

Вибрирање во секој момент

Часовникот вибрира кога и да ги стигне порака, известување, потсетник, повик, но и кога ќе препознае дека предолго време седите или почнувате да се шетате низ град. Сигналот дека е време да станете и да се прошетате е еден од најдобрите, со цел да го регулирате своето здравје.

Samsung Galaxy Watch може и да ја испразни батеријата со премногу вибрирање, што моежеби и не е неговата предност во таква ситуација. Кога немате премногу известувања или повици, батеријата издржува и до три дена со едно полнење. Кога имате многу повици и известувања, може да издржи до 2 дена. Имате и посебен полнач за него. Во случај кога останувате со 10% батерија до крај, може со само прекривање на раката врз екранот, да го исклучите екранот. Ова е голем плус за заштеда на батеријата. 

Часовникот доаѓа со низа прединсталирани апликации и можности за додавање на нови. Како да го пронајдете вашиот смартфон кога звукот му е исклучен? Тука е Samsung Galaxy Watch со опцијата Find My Phone, со која испраќа сигнал од часовникот на телефонот и вклучува музика со цел да го пронајдете вашиот смартфон доколку е под перница или во торбата.

Заклучок

Часовникот ќе ви прави друштво во извршувањето на секојдневните обврски, а ќе ве следи и на сите патувања низ светот. Ќе поднесе и големи жештини и студенила без проблем. Корисниците што веќе го користат сфаќаат колку помага во секојдневието, за да не мора да го вадите телефонот од џеб. Особено во моментот кога не смеете да го вадите телефонот, во ситуација кога возите автомобили, на состаноци или кога го шетате кучето на дожд.

Најголемата предност кај овој уред е што помага да престанете постојано да ги проверувате пораките и известувањата на телефонот. Што и да ви стигне на телефонот, не мора специјално да го вадите и да проверувате, Samsung Galaxy Watch ви нуди се. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.