Како да ослободиме меморија на Android

Објавено на 01.12.2019 во Рецензија


Како да ослободиме меморија на Android

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Едноставно ослободување на меморија на Android;

 

Negatives:



Целата рецензија

Освен траењето на батеријата, за повеќето корисници на мобилни уреди, еден од најголемите проблеми е недоволната количина на меморија. Корисниците најчесто купуваат уреди со 64 и 128GB меморија, а за повеќето корисници во денешно време во кое секојдневно снимаме куп фотографии и видеа, сепак не доволно. 

Сопствениците на голем број Android уреди, имаат можност за користење на дополнителни мемориски картички, додека оние со уреди без мемориско проширување, се осудени на постојано префрлување на фотографии на компјутерот или во облак. 

Неодамнешното истражување на Avast, спроведено со помош на над 6 милиони уреди, на кои е инсталирана апликацијата Avast Cleanup за Android, со над три милијарди меморирани фотографии, покажало дека корисниците може да бидат ослободени со дел од меморијата на своите телефони - од 600MB, па се до 2GB простор.

Покажано е дека на телефоните се меморирани над една петина фотографии, кои корисниците без проблем може да ги избришаат, затоа што станува збор за дупликати, т.е. исти или слични фотографии, најчесто снимани во burst mode, или фотографии со лош квалитет. Дупликатите се околу 16%, додека лошите фотографии се околу 6%. Значи, околу 22% од фотографиите што се наоѓаат на вашите уреди, би можеле да се избришаат и да ослободат драгоцен простор. 

Корисниците просечно имаат над 950 фотографии на телефоните, од што 154 се дупликати и 58 се неквалитетни фотографии, па со оглед на тоа што просечно една слика зафаќа околу 3MB, тоа значи дека со бришењето на тие фотографии се ослободува простор над 630MB. За новите телефони со моќни камери, кои може да снимаат HDR фотографии со висока резолуција, заземаат многу повеќе меморија. Со бришењето така може да се ослободат над 2GB простор.

Што се однесува до најголемите потрошувачи на простор, покрај лошите или повторувачките фотографии, од Avast особено го издвојуваат WhatsApp, чии поставки се подесени така што автоматски на телефонот се меморираат сите фотографии примени преку оваа апликација. Во просек, корисниците имаат речиси 300 фотографии меморирано од WhatsApp на своите уреди. Интересно, големиот потрошувач на меморија се и сликите од екранот, односно на телефоните просечно се меморирани по 86 скриншотови, а најчесто станува збор за слики што корисниците ги снимале и заборавиле да ги избришаат.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.



 
Најнови телефони