Како да се заштитите од опасните напади врз Facebook и Twitter

Објавено на 27.11.2019 14:52 во Рецензија


Како да се заштитите од опасните напади врз Facebook и Twitter

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Нема преземање на профили на корисниците

 

 

Negatives:

 

- Тешки напади кои е невозможно брзо да се детектираат



Целата рецензија

Корисниците на Android повторно се под закана од големи пробиви на личните податоци преку малициозни апликации изработени од трети страни. Според најновите информации апликациите со малвер имале обид да ги преземат податоците на корисниците без нивно знаење.

Главната цел на нападите била да добијат пристап до профилите на корисниците на социјалните мрежи Facebook и особено на Twitter. Иако од компаниите засега тврдат дека профилите не се загрозени сепак, напаѓачите може да добијат многу корисници информации со кои може да направат големи штети за корисниците како на пример пробив на нивните банкарски сметки и финансии.

Twitter ги откри деталите за нападот во блог-пост во понеделникот. Голем број на апликации изработени од трети страни кои содржат малициозен софтвер биле во можност да ги искористат слабостите во уредите со Android оперативен систем за да пристапат до одредени информации за профилите на Twitter и Facebook.

Твитер ги уверува корисниците дека ова не е обид да се преземе контролата над ничиј профил, но сепак апликациите имаа пристап до лични информации како име, па дури и пол, како и кориснички имиња и е-пошта.

Измамничките апликации беа пријавени на Google и Apple,  но се чини дека корисниците на iOS не биле погодени. Корисниците на Android чии информации можеби биле украдени ќе бидат известени наскоро преку Twitter и / или Facebook, па затоа обрнете внимание на вашата е-пошта, доколку сте загрижени за вашите лични податоци.

Дури и ако се испостави дека не сте биле мета на ова последно пробивање на податоците, ова е добар потсетник за да направите увид во апликациите кои сеинсталирани на вашите уреди, ако веќе некое време ги немате ажурирано:

• Движете се низ менито со апликации на вашиот уред и избришете ги сите што не ги користите или препознавате со долго притискање на иконата на апликацијата, а потоа повлечете ја до опцијата „Деинсталирај“ што ќе ви се појави.

• Исто така, треба да проверите кои дозволи сте ги дале на апликациите инсталирани на вашиот уред. Одете во менито Поставки, побарајте „пермиси“ и допрете ја опцијата за да го отворите менито за дозволи за апликации.

• Исклучете ги сите дозволи што се чинат непотребни или прават да се чувстувувате несигурно (ова може да биде малку поразлично во зависност од вашиот уред и верзијата на Android). Имајте во предвид дека некои апликации веќе нема да бидат употребливи доколку се оневозможат одредени дозволи.

• Бидете паметни за тоа што превземате и инсталирате на вашите уреди. Не инсталирајте сомнителни апликации од трети страни, без оглед колку и да е изгледаат интересно. Секогаш превземајте од овластени извори како Google Play Store, Amazon Store или APK Mirror. Детално анализирајте ја секоја апликација што ја инсталирате со читање на коментари, проверка на дозволите пред да инсталирате и проверка на форуми или страници за поддршка за какви било извештаи за злонамерна активност. Дури и апликациите кои навидум изгледаат легитимно од официјални извори можат да бидат малициозни - како што се апликациите кои ги споменавме погоре што украле информации за корисниците од Twitter и Facebook.

Покрај овие чекори на корисниците им препорачуваме и редовно да ги инсталираат месечните безбедносни надградби на софтверот кои ќе ги отстранат последните безбедносни пропусти и грешки во системот.

Препорачуваме и да бидете многу внимателни со начинот на кој инсталирате апликации и работите со нив за да не се доведете во опасност од споделување со сензитивни информации за вас.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар