7 начини за да го вратите сјајот на стариот телефон

Објавено на 29.11.2019 12:00 во Рецензија


7 начини за да го вратите сјајот на стариот телефон

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Нов сјај на вашиот стар смартфон;

 

Negatives:



Целата рецензија

Ако ви е доста од вашиот стар смартфон, а не ви се купува нов, и кредит не ви е баш најдобра алтернатива, имате седум начини за да го „светнете“ стариот.

1. Променете го изгледот на интерфејсот.

Оваа опција се однесува најмногу за корисниците на android уреди, а со промената на launcher-от, може да внесете нова свежина на интерфејсот, кој веќе ви досадил и со кој веќе не ви е возбудливо. Launcher-от се грижи за позадината на вашиот смартфон, во обликот на иконките и заклучениот екран. 

Само едноставна промена може да ви го задржи интересот за стариот мобилен и да ви заштеди пари. Се што треба е да внесете "launcher" во Google Play Store и да го пронајдете оној што ви изгледа најинтересен. За оние со iPhone, ќе треба малку да барате низ поставките ако сакате да го направите вашиот iOS 11 во "dark mode". Одете во Settings > General > Accessibility > Display Accommodations > Invert Colors > Smart Invert. Ако и тоа не ви помага, тогаш може да направите реорганизација на апликациите и иконките по нови категории.

2. Додадете безжично полнење.

Новите смартфони доаѓаат со вграден безжичен начин на полнење, но тоа не значи дека постарите модели не може да го имаат истото, во зависност од моделот се разбира. За минимална сума може да купите ресивер за безжично полнење, кој функционира како хардверска екстензија на micro USB приклучок на мобилен и вашата желба ќе биде исполнета.

3. Заменете ја старата батерија.

Старите батерии го губат капацитетот, а со тоа го намалуваат и времето на работа на вашиот уред. Распитајте се во овластен сервис колку може да ве чини замена на старата батерија во мобилниот, затоа што можеби не станува збор за големи пари, но мобилниот повторно ќе ви работи исто како кога бил нов.

4. Расчистете го просторот за меморирање податоци.

Меморијата на некои мобилни е едноставно премал и тука нема помош, но моделите од 16GB најмногу со чистењето на меморијата може да му внесете нов живот. Тука помага и надградбата со microSD картичка, но ако повеќето простор ви ги зазема апликациите, а не фотографиите, видеата и другите документи, тогаш едноставно кажете збогум на апликациите кои ретко или воопшто не ги користите и на тој начин ослободете просторо на својот мобилен за нови нешта.

5. Инсталирајте LineageOS.

Оваа опција можеби е најинтересна, оти со нејзиниот избор, се на вашиот уред, освен надворешноста и хардверот, станува подложно кон подесувањата според вашите лични потреби. LineageOS е оперативен систем, кој минимумот ќе го сведат на минимум, затоа што за разликата од апликациите што производителите на апликации што производителите на апликации ги натрупуваат во OS, овде тоа го нема. Прединсталирани се само некои апликации, а останатите сами ги инсталирате, според своите потреби. LineageOS секој месец ги надградува безбедносните карактеристики на OS, кои може да траат до три години.

6. Купете нова футрола.

Додадете некои живи бои на својот уред и ако не користите футрола, купете си нова, затоа што го менува личниот опис.

7. Вратете ги фабричките поставки.

Ако мобилниот ви е премногу бавен, и не можете никако да му помогнете, не очајувајте, едноставно вратете ги фабричките поставки на уредот. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.