Дали вреди да се купи Google Stadia?

Објавено на 29.11.2019 во Рецензија


Дали вреди да се купи Google Stadia?

Оцени

usability
7.5


Перформанси
7.5


Цена
8.0


Камера
10.0


резултат
8.2


Наши забелешки

Positives:

 

- Не ви е потребен моќен хардвер

- Не купувате игри, туку само месечна претплата

 

Negatives:

 

- Големи почетни проблеми со кочење

- Мал избор на квалитетни ексклузивни игри



Целата рецензија

Google амбициозно влезе во светот на гејмингот со идеја да го претвори во нудење на сервис, наместо како продажба на хардвер и игри за корисниците. Новата Google Stadia беше претставена како иновативна платформа за стриминг на видео игри, без притоа да имате потреба истите да ги инсталирате на вашиот уред, без оглед дали е смартфон, таблет или компјутер. Сепак, лансирањето на Google Stadia поминува со голем број на предизвици и сервисот се уште е далеку од почетната замисла на технолошкиот гигант. 

Најпрво Google се изнамачи да обезбеди нови или веќе постоечки видео игри кои ќе бидат достапни од првиот ден на активирање на Google Stadia платформата што ги фрли и првите сомнежи. Google на крајот успеа да понуди 22 видео игри кои ќе може без никакви ограничувања да ги играте веднаш само со месечната претплата.

Тоа што е поголема грижа засега е квалитетот на игрите, особено на носечкиот наслов Gylt кој треба да биде ексклузивен само за платформата на Google Stadia. Играта според првичните оценки е многу просечна и нема да ги воодушеви гејмерите да побрзаат и веднаш да се претплатат на Google Stadia.

Секако ова е само почетниот избор на содржини на Google Stadia кој со текот на времето се повеќе ќе се зголемува, но за привлекување на ААА гејминг студијата мора да постои и интерес од страна на гејмерите, инаку девелоперите не би трошеле ресурси во нови наслови кои нема да имаат соодветна бројка на активни корисници, односно не би им се исплатела самата инвестиција. 

Предноста пак, на веќе достапната архива на игри на Google Stadia е тоа што може да играте многу напредни веќе лансирани игри како Metro Exodus без оглед на хардверските спецификации на вашиот уред. Меѓу нив се и Wolfenstein: Youngblood, Red Dead Redemption 2, Rage 2, Mortal Kombat 11, NBA2K20 и други, па така ќе се потпирате само на вашата интернет конекција.

И тука, доаѓаме до главниот проблем со кој засега се соочува Google Stadia, а тоа е доцнењето во стримингот, кочењето и прескокнувањето на сегменти. „Легот“ може да предизвика огромни фрустрации за гејмерите бидејќи го нарушува текот на самата игра, при што доаѓа до грешки, залудно потрошено време и проблеми особено при мултиплеер каде дел од секунда може да биде пресуден дали ќе бидете успешни или.

Концептот Stadia секако е многу ветувачки, но потребно е многу да се работи на стабилизирање на cloud серверите и да се обезбеди стабилен гејмплеј без оглед на видот на интернет конекцијата на корисникот. Со стримингот на видео игри серверите треба да бидат многу помоќни и поквалитетни бидејќи содржината не се „лоадира“ туку треба да се „ренда“ во реално време.

Затоа Google Stadia како стриминг платформа за видео игри не би ја дисквалификувале веднаш, на гејмерите би им препорачале да почекаат со купување на почетниот пакет од 130 долари за специјалниот контролер и да почекаат со уплати на месечна претплата се додека сервисот не се стабилизира и не го зголеми бројот на квалитетни игри кои ќе ви бидат на располагање.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар



 
Најнови телефони