Xiaomi Mi 9 SE: Заводник со одлични перформанси и тројна камера

Објавено на 04.12.2019 09:50 во Рецензија


Xiaomi Mi 9 SE: Заводник со одлични перформанси и тројна камера

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.8


Камера
9.9


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

- Елегантен glossy дизајн и цврста изработка;
- Always On Display;
- Одлична камера;
- Моќна машина под хауба;
- Најнов софтвер;
- Добар кориснички интерфејс;
- Квалитетен сензор за отпечатоци;

 

Negatives:

- Премногу испапчена камера;



Целата рецензија

Првата и најистакната спецификација на Xiaomi Mi 9 SE е неговата големина. Во денешно време е тешко да се пронајде смартфон со компактни димензии и да има беспрекорни перформанси истовремено. Самата компанија го промовира со мотото: Pocket size. Big Picture. Компанијата става акцент на тоа што секој може да го стави во џеб со леснотија, а да добие одличен модел.

Xiaomi Mi 9 SE е специјално издание на Mi 9 предводникот, затоа доаѓа со Samsung AMOLED дисплеј, 48MP сензор на камера од Sony, NFC поддршка, подобрен сензор за отпечатоци вграден под дисплејот. 

Дизајн и дисплеј

Xiaomi Mi 9 SE не заостанува во ништо во споредба со останатите топ смартфони на пазарот – по дизајнот и по квалитетот на изработка и со користените материјали. Предниот и задниот панел се стаклени со таканаречениот „glossy“ дизајн, поради кој имате чувство дека држите огледало во рака.

Цврстината на изработка, удобното чувство во рацете и компактните димензии на овој уред му даваат посебна high-end нота и дефинитивно нема ниту да помислите да го сместите во уреди од ниска класа. Една од забелешките за овој модел е што модулот на задната камера е прилично испапчен, што ниту силиконската футрола со која што доаѓа, не може да спречи да не дојде камерата во контакт со површините на кои го оставате телефонот.

Xiaomi одлучил да стави AMOLED (Active Matrix Organic Light Emitting Diode) дисплеј во Mi 9 SE, кој се произведува од Samsung. Станува збор за дисплеј што го има и предводникот Mi 9. Xiaomi Mi 9 SE располага со 5.97-инчен FHD+ дисплеј со резолуција од 2.340 x 1.080 пиксели и густина на пиксели од 432ppi. Максималната осветленост на дисплејот изнесува 600 нити, а контрастот изнесува дури 60000:1. Екранот има HDR приказ и NTSC распон на бои од 103.8%. На многумина ќе им се допадне AOD опцијата (Always On Display), на која се прикажуваат сите нотификации и основни информации за времето и датата. 

Имате и Sunlight mode 2.0, кој ви помага да добиете подобра видливост за содржината на екранот на сончева светлина, и тоа на отворен простор. Sunlight mode 2.0 спецификацијата интелигентно ја подесува светлината на отворени простори и навистина делува тоа. 

Хардвер

Xiaomi Mi 9 SE под хауба има Qualcomm Snapdragon 712 процесор, кој е наменет за одлични перформанси на смартфоните со AI опции, гејминг и перформанси. Snapdragon 712 е изработен со 10нм процес на производство и ќе користи Qualcomm® AI Engine што се состои од осум Kryo 360 јадра, Hexagon 685 DSP и Adreno 616 графика. Осумте јадра работата на повисок такт во споредба со претходникот на Snapdragon 710 . Сега е со 2.3 GHz во споредба со претходникот со 2.2GHz.

Xiaomi Mi 9 SE го има во две варијанти со 6GB RAM + 64GB меморија и 6GB RAM + 128GB меморија. Xiaomi Mi 9 SE содржи и 6GB двоканална (1.866 MHz) LPDDR4x работна меморија и 64B или пак 128GB UFS 2.1 внатрешна меморија. Општо гледано, конфигурацијата на Xiaomi Mi 9 SE е навистина одлична и доволна за исполнување на мобилните потреби на секој корисник, па дури и на оној што бара многу. 

Камера

Xiaomi Mi 9 е првиот предводник на компанијата со тројна задна камера, а тој тренд го следи и Mi 9 SE моделот. Тројната задна камера не е идентично иста како онаа на Mi 9, но сепак има доволно добри фотографии. Xiaomi Mi 9 SE моделот е опремен со Sony IMX586 сензорот што го има и во Mi 9, со 4-во-1 super pixel технологија за спојување на пиксели и доаѓа со 1.6μm големина на пиксел и отвор на бленда од f/1.75, а во него е придружен со 8MP секундарен телефото сензор со отвор на бленда од f/2.4. Третиот сензор во овој модул на камерата вклучува широкоаголен 13MP сензор од 123 степени со отвор на бленда од f/2.4. Оваа тројна камера овозможува 2X оптички и 8X дигитален зум, додека за прецизното фокусирање се грижи различниот фокус.

Под овој троен модул на камерата се сместува двојниот LED блиц. При стандардните поставки на камерата се добиени слики со резолуција од 12MP, додека оние што сакаат слики од 48MP мора да постгнат по рачни поставки што може да одберат 48MP начин на фотографирање или да користат посебен 48MP модул за снимање. Фотографиите добиени за време на користењето на 48MP режим на снимање имаат резолуција од 8.000 x 6.000 пиксели. Тројната камера на Mi 9 SE може да снима 4K видео со 30fps, FHD видео со 30 и 60fps, HD со 30fps, додека забавените снимки во FHD резолуција ги снима со 120fps, а во HD резолуција снима при 120fps, 240fps и 960fps.

Xiaomi ја опремил предната камера со 20MP сензор со отвор на бленда Еод f/2.0 и големина на пиксел од 0.9 микрони. За подобри селфи фотки тука е AI Beautify софтверот, што на корисникот му овозможува многу природни филтри, што го разубавуваат било кое лице. Доколку филтрите не ви се толку интересни, тогаш можеби ќе си поиграте повеќе со опцијата за разубавување на фотографии во распон од 0 до 5. 

Софтвер

Xiaomi Mi 9 SE функционира со стабилен MIUI 10.2 кориснички интерфејс, базиран на Android 9 Pie оперативен систем. MIUI на Xiaomi Mi 9 SE моделот функционира прилично добро, а неговата работа е брза и стабилна. Без отворени позадински апликации останува на располагање и повеќе од доволните 3,6GB RAM меморија. Некој го сака MIUI, а некој не, но факт е дека MIUI 10 овозможува добро корисничко искуство. 

Овој модел располага со добра литиумско-јонска батерија со капацитет од 3.070mAh, која одлично се оптимизира и може да потрае 2-3 дена со нормално користење. Ако цел ден постојано седите на социјалните мрежи на интернет, може да се јави потреба уште истиот ден да го полните телефонот. Со овој телефон имате полнач од 18W. 

Заклучок

Xiaomi Mi 9 SE е повеќе од обичен припадни на високата средна класа, кој го красат многу спецификации резервирани за предводниците, а сето тоа доаѓа во симпатичен мал пакет. Mi 9 SE е пред се уред со компактни димензии, со добри стандарди и добра цена. Нуди елегантен дизајн и премиум квалитет на изработка, достојна за било кој предводник.

Да не оставиме само на убавиот изглед, Xiaomi Mi 9 SE е заводник и со неговиот одличен хадрвер и фантастичен AMOLED дисплеј, кој не воодушевува. Сликите што ги прави се извонредни и дефинитивно нема да ве разочара. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.