Sony полугодишната тактика ќе ја примени и на PlayStation 5?

Објавено на 05.12.2019 18:27 во Рецензија


Sony полугодишната тактика ќе ја примени и на PlayStation 5?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

- Почести надградби на хардверот

 

Negatives:

 

- Се намалува животниот циклус на една конзола



Целата рецензија

Sony откако направи фузија на различните дивизии за смарт телефони, телевизори, камери и забава, почнува да применува посинхронизирани политики во делот на лансирање на нов хардвер.

Токму тоа наскоро би можело да се реализира и во стратегијата за лансирање на гејмерските конзоли за што прв тест беше направен со PlayStation 4 Pro моделот. Оваа идеја за лансирање на нов премиум модел на половина од животниот циклус произлезе од пласирањето на по два премиум смартфони годишно.

Некогаш Sony Mobile на почетокот на годината го лансираше примарниот смартфон од највисоката класа за потоа, во наредните шест месеци да пушти во продажба уште еден многу моќен мобилен уред кој е меѓу чекор до следната генерација на премиум смартфон.



Така Sony ја „роди“ тактиката за лансирање на смартфони во премиум сегментот на секои шест месеци, некогаш со директно пренесување на следната генерација во зависност од тоа колку брзо напредната мобилната технологија во меѓувреме кога постои огромна трка меѓу брендовите во своите смартфони да вметнат што е можно повеќе елементи како клучни точки за подобра продажба и маркетинг пред корисниците.

Некогаш вториот смартфон во втората половина на годината доаѓал со помалку измени, резервирајќи го скокот кон следната генерација на Sony Xperia смартфони за годината што доаѓа.



Како Xperia ќе влијае на PlayStation?

Како што веќе наведовме Sony веќе направи еден тест за должината на животниот циклус на една гејмерска конзола со моделот Sony PlayStation 4 Pro кој беше надградба на првиот лансиран модел, но не и целосно наследник од следната генерација на конзоли. На почетоците еден животен циклус на конзолите на PlayStation траеше и до 10 години, а потоа со лансирање на „двојката“ и „тројката“ иако овој распон се намалуваше, сепак постарите конзоли и во следните неколку години добиваа по неколку нови видео игри и разумна поддршка.

Сега, со уште побрзиот скок во технологијата, со рапидниот раст на интернет конекцијата, како и на графичките потенцијали на смартфоните и преносните гејмерски конзоли, Sony е свесен дека хардверот без оглед колку и да биде моќен кога ќе биде лансиран PlayStation 5 неговиот животен циклус ќе биде многу пократок. Затоа, за да нема PlayStation 6 за неколку години од пласманот само поради подобра графичка карта или подобра конекција, Sony ќе лансира еден „измеѓу“ модел на две до три години, а можеби и нешто порано во зависност од динамиката на иновации, притисокот од конкурентите и задоволството на гејмерите.


Секако, нов PlayStation 5 Pro не би дошол веднаш, за шест месеци како кај Xperia смартфоните, но јапонскиот гигант ќе треба да биде многу внимателен за да ги задоволи апетитите на новите генерации на гејмери кои имаат помал степен на лојалност кон само еден бренд или само еден производ и често се „шалтаа“ од една на друга платформа.

Доволен показател за тоа е успехот на играта Fortnite која направи канибилизација на арена шутерите за преживување, но потоа следеа и многу нови клонови кои „откорнаа“ дел од основното јадро на гејмери.

Заклучок

Засега се уште е рано да се прават прогнози за животниот циклус на PlayStation 5 бидејќи официјално нема на располагање со какви технички спецификации ќе располага, а со тоа и какви ќе бидат перформансите.

Знаеме само дека Sony за новиот PlayStation планира употреба на подобар SSD диск со што работната експлозивност ќе биде многу побрз и повеќе оперативни, знаеме дека ќе има поголема интеграција со виртуелна реалност и дека се подготвуваат измени во мултимедијалната понуда како дел од PlayStation Network.



Sony веќе ја активираше веб страната на која сите корисници може да остават контакт за навреме и редовно да добиваат известувања за напредокот на PlayStation 5. Оваа конзола во продажба ќе влезе кон крајот на следната година, па за време на Е3 во февруари ќе ги добиеме и трејлерите за првите видео игри специјализирани за PlayStation 5.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар