Samsung Galaxy Fold: Флексибилен смартфон што сите го посакуваат

Објавено на 11.12.2019 13:30 во Рецензија


Samsung Galaxy Fold: Флексибилен смартфон што сите го посакуваат

Оцени

usability
9.9


Перформанси
10.0


Цена
9.5


Камера
10.0


резултат
9.8


Наши забелешки

Positives:

- Wireless PowerShare;
- Брзо полнење на батеријата;
- Снимање видео во 4К;
- Супер моќен хардвер;
- Пет камери;
- Мал и голем дисплеј;
- Сосема поинакво искуство на преклоп дизајн;
- Мултитаскинг;

 

Negatives:

- Висока цена;
- Мала батерија;



Целата рецензија

Samsung Galaxy Fold е флексибилниот смартфон што сите го посакуваат, но само неколкумина ќе го имаат. Fold не е класичен смартфон, ова е нешто сосема поинакво. Елегантната кутија во која се наоѓа уредот, ги има полначот и Galaxy Buds безжичните слушалки.

Galaxy Fold во кутијата е спремен во целосно расклопена состојба. Исто како и останатите уреди на Samsung, Fold е прилично цврст и тежок сам по себе, поради металната рамка и неговата големина. Потенок е од просечниот смартфон, но кога се преклопува е дефинитивно дебел. Од моментот кога го претстави Fold, Samsung дефинитивно поработил на зајакнување на целата конструкција, затоа што металот што се наоѓа на бочните страни и самиот преклоп е исклучително цврст. Благодарение на металните рабови, Fold останува затворен кога го преклопувате. Да, погодувате веќе, во металот има скриени магнети, кои не се ниту слаби, ниту многу јаки. 

Мал дисплеј, голем дисплеј

Samsung Galaxy Fold доаѓа со два дисплеја - голем внатрешен Dynamic AMOLED дисплеј од 7,3 инчи и помал надворешен дисплеј од 4,6 инчи. После серијата на смартфоните што имаат дијагонала од 6 инчи, овој од 4,6 ни изгледа како многу мал, особено затоа што предниот екран не ја покрива целата површина на уредот. Кај Fold надворешниот дисплеј побрзо да ги проверите пораките или да се јавите на повик. Без грижи, ниту тој мал екран не е за отфрлање, затоа што сепак се работи за HD+ Super AMOLED дисплеј. Праксата покажа дека, кога имате голем дисплеј, тогаш него го користите примарно за се - читање и одговарање на пораки, мејлови, навигација и слично.

Она што би можело некои да ги загрижи е малата вдлабнатина на средината на големиот екран, каде што се преклопува уредот. Тоа не е грешка, ниту пак екранот е оштетен, туку нормален изглед. Копчето за контрола на јачина на звук и вклучување/исклучување, се наоѓа на десната страна, што за преклопувањето на уредот може да биде малку необично, оти се наоѓа на долната половина. Кога ќе се сетите дека всушност држите два уреда во еден, тогаш нема да ви биде проблем да се снајдете. Треба да се исткане и дека од задната страна има скенер за отпечатоци на прсти, кој е многу едноставен за употреба.

Многу камери

Освен помал екран, на надворешниот дел се наоѓа и селфи камерата од 10MP. Во внатрешниот дел, во горниот десен агол има две камери - 10MP селфи камера и 8MP RGB камера. Изгледа супер кога се фотографираме додека се гледаме на големиот екран, но праксата покажа дека не е убаво да се држи отворен уредот и да се фотографираме истовремено.

Двојната камера може да ја оставите за моментите кога водите видео разговори, кога снимате видео или фотографирате нешто за што ви треба повеќе време за да ги употребите двете раце. Samsung не препушта ништо на случајот, па така на задната страна сместил уште три камери, така што Fold доаѓа со вкупно шест камери. Најголемата е 16MP ултра широка камера, под која се наоѓа 12MP широкоаголната камера, додека последната во низа е со 12MP телефото камерата, која фаќа и оддалечени предмети.

За време на пробувањето на некои од 30 можни сценарија на фотографирања, можеме да кажеме дека Fold благодарение на интелигентните спецификации, прилично добро ги препознава за што се работи и се прилагодува кон опциите за фотографирање во моменталната ситуација. Така без проблеми идентификува куче, личност, текст и сцената од која личност држела претходно предавање. Со снимањето на 4K видеа во HD резолуција, без проблем може да го приближите предметот и до 10 пати, а благодарение на стабилизацијата на сликата, видеата снимани за време на движење, се прилично мазни и делуваат како да се професионално снимани. 

Работник во елегантно издание

Она што најмногу не интересира е како се работи на Fold. Големиот екран е дефинитивно предност за читање и уредување на различни документи, пишување мејлови, прегледување на интернет. Посебно ни се допаѓаат двата расклопени екрана, па така типкањето станува многу удобно. Уште една голема предност на големиот екран е мултитаскингот, односно користење до три различни програми истовремено.

Така може да пишувате текст, да следите што се случува на веб страницата на Telefoni.mk и на Facebook. Ова е реализирање на соништата за оние што имаат голема потреба од мултитаскинг. Galaxy Fold доаѓа и со DeX, системот на Samsung за поврзување со компјутер, што овозможува да го користите телефонот како дел од компјутерот. Доволно е со кабел да го поврзате Fold и компјутерот и да инсталирате додаток за Windows, односно дисплеј или телевизор и може едноставно да прикажете презентација или да одговарате на пораки и мејлови. 

Со сите екрани што ги има Fold, логично се наметнува прашањето за издржливост на батеријата. Капацитетот на батеријата изнесува 4380mAh, која се полни за два часа и може без проблем да издржи цел ден активност. Ако играте видео игри што бараат јака графика, на пример Fortnite, или гледате видеа на YouTube, батеријата може да трае и пократко, но не треба да ве остави на цедило во текот на денот. Ако го заборавите полначот, секогаш може да ставите малку струја преку Wireless PowerShare или безжичен полнач.

Samsung Galaxy Fold доаѓа со Android 9 оперативен систем, а во зависност од тоа кога го вклучувате, ќе ве пречекаат и дополнителни безбедносни ажурирања. Опремен е со Samsung апликациите како што е Knox, Samsung Health и слично, има 12GB RAM меморија и 512GB внатрешна меморија.

Поинаков од другите

Samsung Galaxy Fold е нов тип на преклопен смартфон, на кого мора прво да се навикнеме, затоа што е драстично различен од нашите класични смартфони што ги поседуваме. Ова е нов вид на мултитаскинг машина, што нуди многу добро искуство, кое мора прво да го научиме со сите свои благодети. Тој е смислен и како ефикасна алатка за работа, која нема што нема. Покрај него, нема да имате потреба од лаптоп или друг смартфон. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.