Со Google Assistant веќе не ви треба преведувач

Објавено на 14.12.2019 16:31 во Рецензија


Со Google Assistant веќе не ви треба преведувач

Оцени

usability
8.0


Перформанси
8.5


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
9.1


Наши забелешки

Positives:

 

- Превод во реално време на 44 јазици

 

Negatives:

 

- Нема можност за активирање без интернет конекција



Целата рецензија

Вештачката интелигенција на Google секој ден се повеќе воодушевува особено во делот на преведување користејќи ја „невралната мрежа“ која дава одлични резултати. Најдобар новитет е опцијата за превод на тоа што го зборува соговорникот преку Interpeter mode на Google Assistant во реално време, без притоа да има потреба да ја инсталирате Google Translate апликацијата на вашиот смартфон.

Не ви треба апликација, но ви треба интернет

Се што треба да направите е да ја внесете гласовната команда OK Google, be my translator и да го одберете посакуваниот јазик кој сакате да се преведува во реално време додека разговарате. За користење на оваа опција засега неопходна ви е само интернет конекција бидејќи функцијата за превод на Google Assistant е базирана на Cloud сервер. Тоа значи дека додека сте на пример во странство ќе треба да внимавате дали имате доволно мобилен интернет или пак ако сте во можност да користите бесплатна Wi-Fi интернет мрежа. 

Google исто така има визија гласовниот асистент да го употребува и на секаков вид на помошни уреди покрај смартфоните. На пример со смарт звучниците може вработените на рецепција во хотел да го користат Google Assistant за разговор со нивните гости кои притоа би немале потреба од интернет конекција, па ниту воопшто од Android смартфон. Таков вид на уреди се Google Home смарт звучникот и Nest Hub Max уредот за паметни домови или канцеларии.

Кои јазици се на листата?

Засега Google Translate обезбедува поддршка за 44 јазици меѓу кои секако најупотребуваните и најраспространетите како англиски, германски, шпански, француски, италијански, кинески и други. 

Од регионот има поддршка за грчки и шпански јазик, во Југоисточна и Централна Европа на руски, украински, унгарски, чешки, романски, полски и словачки. Засега нема поддршка за јазиците на земјите од поранешна Југославија, но затоа пак во комбинација со англиски јазик ќе може да се снајдете на многу места во светот. 

Заклучок

Преведувачот на Google Assistant со Interpeter mode ќе биде одличен за сите кои патуваат како туристи во странство или имаат бизнис патувања за полесна комуникација. Со поголемата употреба на Google Assistant така и преведот ќе биде многу попрецизен иако ќе ви бидат потребни еден до два обиди за погодување на вистинската фраза или поспецифичен дијалект, но вештачката интелигенција на Google е подготвена за овој предизвик.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар