Huawei Mate 30 Pro: Кинески адут со врвни перформанси

Објавено на 19.12.2019 07:30 во Рецензија


Huawei Mate 30 Pro: Кинески адут со врвни перформанси

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.5


Камера
9.8


резултат
9.8


Наши забелешки

Positives:

- Алуминиумско-стаклен дизајн;
- Моќни перформанси;
- Супер функционира и без Android апликации;
- Голема меморија;
- Најновиот процесор;
- Најнов софтвер;
- SuperCharge технологија;
- Голема батерија;

 

Negatives:

- Лизгав дизајн;
- Висока цена;



Целата рецензија

Huawei Mate 30 Pro е врвен уред, кој со своите перформанси навистина на остава без здив. И покрај тоа што САД го стави Huawei на црната листа со компании, кинескиот бренд не заостанува со иновациите и не планира да стагнира. Mate 30 Pro пред некое време беше претставено во Минхен и мора да кажеме дека се работи за навистина импресивен уред.

Минималистички дизајн со добар впечаток

На прв поглед е јасно дека Huawei овде става акцент на минималистичкиот дизајн. Од предната страна на уредот е сместен 6,53-инчен екран со благо заоблени агли. Се работи за добро познатиот OLED Huawei Horizon, кој прикажува 16,7 милиони бои во FHD+ резолуција.

На врвот на екранот е забележан мал заб, кој ја сокрива двојната селфи камера од 32MP + 3D TOF камерата, со опција за снимање во HDR, но и во панорама режим, па така за снимање на групни селфи слики, веќе не мора да барате кој во групата има најдолги раце.

Huawei одлучил да ги отстрани типките за контрола на звук и на бочната страна да ја остави само типката за вклучување/исклучување. Тоа не значи дека не може да ја контролирате гласноста, туку дека мора да научите како да ги употребувате бочните делови.

После малку вежбање сфативме дека тоа и не е толку лошо решение. Задната страна, како и предната е преслечена со Gorilla Glass 6 стакло, поврзано со алуминиумска рамка. Комбинацијата од стакло, алуминиум и самиот дизајн го прави уредот лизгав, што нема да ви биде никаков проблем ако си земете силиконска футрола.

На задниот дел на Mate 30 Pro се наоѓа четворната камера сместена во кружен модул, кој во Huawei сакаа да симулираат изглед од леќи на фотоапарат. Во „фотокругот“ се наоѓа филмската камера од 40MP, плус 40MP „супер-осетлива“ широко-аголна камера, 8MP телефото камера и 3D камера за креирање на впечаток со длабочина на фотографиите. Камерите функционираат посебно или во комбинација.

Имате режим за портрет, ноќен режим, автоматски режим и мануелен режим. Huawei Mate 30 Pro доаѓа и со некои интересни начини како што е двојното снимање, кое истовремено на екранот ја покажува перспективата на двете камери и на пример, овозможува да го снимате говорникот и презентацијата што се прикажуваат на платното или екранот.

Можноста за мерење на големината на објектите или личноста со помош на проширената реалност е особено интересна. Мерките дефинитивно не се со точност од 100%, но ако немате метро при рака, оваа опција може да ви биде дефинитивно добредојдена.

Под хауба

Надворешноста е многу важна кај смартфоните, но уште поважно е што кријат во себе. Huawei Mate 30 Pro доаѓа со последната верзија на процесор од Huawei - Kirin 990, во комбинација со 8 јадрен процесор. Телефонот е многу брз и ги отвара апликациите без никакви проблеми. Гледањето видеа или играњето на моќни мобилни игри е беспрекорно, за што е задолжен 16-јадрениот Mali G-76 чипсет.

Нашата верзија е опремена со дури 8GB работна меморија и 256GB внатрешна меморија за лични податоци, што е можно да се прошири за уште толку, со помош на NM SD картички. Дури и кога животот ви се врти околу фотографиите и видеата, оваа количина на меморија би требало да биде доволна за барем година дена, ако не и подолго.

Huawei Mate 30 Pro работи со Android 10 оперативен систем и корисничкиот интерфејс EMUI 10. Кога еднаш ќе го вклучите и ќе поставите се што системот бара од вас, речиси и ќе нема никакви разлики во користењето во споредба со другите уреди на Huawei. Потоа сфаќате дека сепак нешто ви недостасува - сервисите на Google.

Ова е првиот уред на Huawei што нема сервиси од Google и тоа да не треба да му го пишувате како минус. Ако сте меѓу оние корисници што не користите Google и се обидувате да го избегнувате, ова е телефон што би ве воодушевил.

Во првиот момент ги барате Play Store и Google пребарувачот, а потоа сфаќате дека постои и целиот свет надвор од Google. За оние што не можат без Gmail, едноставно е да го поставите во Huawei апликацијата за пошта или ако сте малку понапреден корисник, треба да го преземете пакетот на Google со апликации од интернет и да го инсталирате на уредот.

Одлучивме за една недела да функционираме без Google и дефинитивно ни успеа. Да, може да се функционира без Google. За пристап кон омилените социјални мрежи користевме интернет прелистувач, иако треба да очекуваме дека тие ќе се појават и во AppGallery на Huawei.

Како што ќе почне да се полни еко системот на Huawei со други апликации, така ќе биде и поедноставно за користење. Без апликациите на Google, уредот функционира побрзо и подобро, а батеријата подолго трае. Батеријата има капацитет од 4500mAh и се полни во рок од еден час, благодарение на SuperCharge технологијата.

Заклучок

Huawei дефинитивно завршил одлична работа со Huawei Mate 30 Pro, затоа што вградил одличен хардвер и софтвер, како и камера што заменува професионален фото апарат. Што мислите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.