Huawei P30 Pro ги поместува границите со перископската камера и батеријата

Објавено на 26.12.2019 07:30 во Рецензија


Huawei P30 Pro ги поместува границите со перископската камера и батеријата

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.7


Камера
9.9


резултат
9.9


Наши забелешки

Positives:

- Always ON приказ;
- Голем OLED дисплеј;
- Водоотпорност;
- Професионална четворна задна камера со 10х зум;
- Играње игри без кочење;
- Долготрајна батерија, брзо полнење, безжично полнење и реверзибилно безжично полнење;
- Моќни перформанси;
- Перископска камера;
- Цена пониска од конкуренцијата

 

Negatives:

- Нема снимање видео во 4K 60fps;
- Нема можност за ставање microSD картичка;
- Нема 3.5мм џек за слушалки;



Целата рецензија

Huawei P30 Pro без никаква дилема беше еден од најочекуваните смартфони. Овој модел плени со неодолив дизајн и четворна задна камера со посебна перископска телефото камера со 10x зум, што е досега невидено на смартфон. 

Дизајн и дисплеј

P30 Pro изгледа многу атрактивно, со кул бои на куќиштето, кој малку потсетува и на Mate 20 Pro. Сепак, „ професионалната триесетка“ е уште поубава, со оглед на тоа што има потенок дизајн и мал заб од горната страна на дисплејот.

Намалувањето на засекот придонесува за да ја нема напредната 3D авторизација за препознавање на лицето и нотификациската LED сијаличка. Има метална хромирана рамка, т.е. така изгледа, на горната и долната страна е рамен, а од страните е заоблен. P30 Pro е водоотпорен во споредба со братот близнак P30, и со неговиот IP68 сертификат може да издржи под вода, во одредени услови, се разбира. 

Huawei P30 Pro располага со 6.44-инчен OLED дисплеј со резолуција од 1080+ пиксели. Благодарение на OLED технологијата, овозможува заострени детали и живи бои, кои може да ги подесите и во поставките. Читливоста под агол е брилијантна. Со оглед на пространата дијагонала и силното осветлување, P30 Pro овозможува пријатно искуство кога читате веб содржини, гледате видеа на YouTube, и кога играте игри. Имате Always ON приказ, кој ви ги прикажува буквално сите известувања, а не само системските апликации, како што беше случајот досега. 

Камера

P серијата на Huawei за смартфони има за цел да им овозможи на корисниците вонсериско фотографирање. Така P30 Pro со својата перископска телефото камера навистина ги поместува границите на телефонската фотографија. Има четворна камера од задната камера, која се состои од главната камера од 40MP f/1.6 со RYYB сензор, кој апсорбира повеќе светлост од традиционалните RGB сензори и тоа добро влијае врз снимањето во простори со ограничено осветлување.

Новата pixel binning технологија ги склопува информациите од 4 пиксели во 1, што е дополнителен плус, исто како и оптичката стабилизација, што е имплементирана исто така. P30 Pro во автоматски режим креира слики со 10MP. P30 Pro има 20MP, f/2.2 широкоаголна камера, која фаќа огромна содржина во кадарот, а со оглед на тоа што има и фазен автофокус, може да снима и импресивни макро фотки со големи брзини.

Главната ѕвезда е третата камера, поставена најниско во овој овален модул. Станува збор за перископската телефото камера, која е прва во светот, комерцијално на еден смартфон му нуди 5x оптичко и 10x хибридно зголемување, со кое ништо не е предалеку. Во споредба со неа сите досегашни телефото камери во светот на смартфоните, изгледаат како играчка, затоа што ова е вистински снајпер. Колку ќе ја искористите оваа можност како играчка, реално зависи најмногу од вас. 

Четвртата камера е го содржи 3D ToF сензорот, кој прв пат го сретнавме кај Honor View 20, а P30 Pro го користи за уште подобро 3D мапирање на метата и боке ефектите. Што се однесува до видеото, Huawei P30 Pro снима 4K видеа со 30fps, 1080p при 60fps и SloMo при 960fps видео со квалитет од 720p. Сепак изостанува снимањето во 4K 60fps. Селфи камерата од 32MP е супер и снима видео во 1080p.

Софтвер

Huawei P30 Pro е со Android 9 и EMUI 9.1 кориснички интерфејс, кој е брз и мазен, лесен за употреба. Имплементацијата на неговите гестови го прават навистина привлечен и прифатлив. Изборникот со апликации не е вклучен, но може да го вклучите, навистина е практичен. Левата страница е за Google Feed, која може да се исклучи, а имате и теми за прилагодување на изгледот.

Одоздола имате навигациска лента, која може да ја исклучите и да ги користите навигациските гестови, и така да добиете поголема екранска површина. Со лизгањето преку навигациската лента, приказот може да го намалите, што може да биде пријатно кога другата рака ви е зафатена, а нешто што ви треба е на врвот на екранот. Мултитаскинг апликациите се прикажуваат хоризонтално, а во Split Screen може да управувате и со гестови. 

EMUI 9.1 е дефинитивно брз интерефејс и има голема моќ. Благодарение на големиот и убав екран, P30 Pro е одличен за сурфање на интернет. Зададениот веб прелистувач е Chrome.

По прашањето на мултимедијата, екранот повторно ќе одигра важна улога, а квалитетот на звукот на P30 Pro не разочарува, но со оглед на предводничкиот статус би можел наместо еден звучник на дното на телефонот, да понуди стерео звучници. P30 Pro нема 3.5мм џек за слушалки, додека P30 го има. 

Хардвер и батерија

Под хауба P30 Pro соодржи 8 јадрен Kirin 980 процесор, изработен со 7нанометарски процес, 6/8GB RAM меморија и 128/256GB внатрешна меморија. Немате можност за ставање на microSD картичка, но може да ја купите nanoMemory Card од Huawei, што не е многу практично, оти ја прифаќаат само одредени телефони на Huawei.

Перформансите се до толку моќни, што телефонот нема воопшто да ви направи проблем. Без разлика дали седите на Instagram, веб страници, мулти-таскате или работите во две апликации одеднаш, P30 Pro не се стега и не се прегрева.

При тестирањето се покажа дека Real Racing 3, PUBG и Fortnite игрите нема воопшто да ви кочат со овие перформанси. Освен перископската камера, P30 Pro има голема предност со долготрајната батерија и 40W брзото полнење, кое навистина за половина час ја полни батеријата од 4200mAh до 70%.

Тоа брз проблем овозможува цел ден користење. Теоретски навечер ако заборавите да го ставите на полначот и наутро се разбудите, ставете го на полначот и додека ги измиете забите ќе биде наполнет до толку што ќе издржи до вечерта. Имате опција за реверзибилно безжично полнење и обично безжично полнење.

Заклучок

Huawei P30 Pro може да се најде во дилерските продавници за цена околу 45.000 денари без договор. Камерата на Huawei навистина ги поместува границите на телефонската фотографија. Сликите што излегуваат од оваа четворна и неверојатна камера на професионалната триесетка се брилијантни.

P30 Pro се одликува со одличен екран, атрактивен дизајн, моќни перформанси и издржливост. Што мислите за него?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.